Гинеа илјадници знајни и незнајни борци, за нов живот, за
земјата своја. Гинеа, со зборовите дека за она за што умреле, би сакале да
умрат пак.
Страхил
Пинџуров/ Страшо Пинџур како што го викале неговите соборци, не бил од имотно
семејство кога се родил, во сред војна, 1915 година. Го одгледала бабата Наца,
во Ваташа. Се образувал во Ваташа и Кавадарци, а подоцна во Крагуевац. Таму, со неговите сонародници се обединува околу
идеите за слобода, права, еднаквост. Страшо, Питу, Мирче Ацев пристапуваат кон
комунистичкото движење водени од овие идеи.
Интелигентен,
борбен, не мирува, оди на Правниот факултет и во Белград учествува во
формирањето на друштвото „Вардар“. Бил еден од основачите
на македонското народно движење МАНАПО. Во текот на 1937 година МАНАПО, под
раководство на Страшо Пинџур развило широка активност. Во Кавадарци активно
учествува во обновувањето на Комунистичката партија.
Во
периодот на Втората светска војна, за време на НОБ, Страшо Пинџур, заедно со
Мирче Ацев дејствуваат низ Македонија за
формирање отпор кон фашистичката власт.
Опасен за фашистичката власт, ќе биде уапсен на 19 декември 1942 година и
со Мирче Ацев ќе бидат однесени во Скопскиот истражен затвор. Испитуван, тепан
и ѕверски мачен, на 4 јануари 1943 година умира, а гробот не му се знае ни до
ден денешен.
Оваа
кратка животна приказна, можеби сте ја слушнале многупати. Но, за само 28
години, да направиш толку многу, вреди да се слуша. Страшо Пинџур не оставил фамилија позади себе, но останува
вечен паметник за сите нас како негови чеда.
ВЕЧНА
ТИ СЛАВА, ХЕРОЈУ!
Нема коментара:
Постави коментар