Пред вас се неколку сложувалки што треба да го составите.
Внимателно работете, а внимавајте и на времето!
ГРУПА 1-ДЕЦА
Внимателно работете, а внимавајте и на времето!
ГРУПА 1-ДЕЦА
provided by flash-gear.com
provided by flash-gear.com
ГРУПА 3 и 4-ЛОШИ ДЕЦА
provided by flash-gear.com
ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ
Активности на наставникот
Активности на ученикот
-Наставникот подготвил наставен
лист со цел
примена
на техниките грозд и вртелешка
за учените реченични
членови и за синтаксата како дел од
науката за јазикот;
-Ги дели во групи преку интересна
игра/ кој има црвена блуза или кафеави
очи, или патики или преку броење-поделени
во три/четири групи;
-дава упатства за пополнување
на гроздот: пополнуваат едно поле, па
го предаваат листот на другата група,
па сите три листа се вртат додека не
се пополнат и листовите се вратат кај
групата која започнала со решавање;
(работат 5 минути)
-Анализа на гроздот преку
прашања и одговори, а листовите се
лепат на таблата или во делот кај што
е македонското катче;
_____________________________________
-Наставникот преку пантомима
ја објаснува реченицата :
Детето
јаде јаболко.
-ја
пишува реченицата на табла;
-бара од учениците да направат
анализа-индивидуално (подмет, прирок,
предмет) ;
-пишува повторно на таблата:
Детето
јаде вкусно јаболко.
-поттикнува на објаснување и
откривање на атрибутот како второстепен
член;
-дава дополнителни информации
за различни типови атрибут;
-дава задача еден од групите
на листот со грозд да допише атрибут;
-дава насока за синтеза на
наученото;
_______________________________________
-дава вежби за атрибут;/во парови
*самооценување-семафор(наставникот
им дели картончиња во црвена, жолта и
зелена боја со објаснување дека ако
сметаат дека точно решиле, на крајот
од задачата го подигаат зеленото
картонче, ако не се сигурни-жолтото,
а ако сметаат дека не решиле
точно-црвеното);
-некои од вежбите брзо се
проверуваат;
_______________________________________
-Завршна
активност:
На нашиот блог Роземак што
претходно е отворен на зададената
страница добиваат сложувалка која
треба да ја состават: членовите од
сите групи се до компјутерот, даваат
сугестии, а еден ученик ја составува.
По составената слика составуваат
реченица во која ќе има атрубут-вежбата
има натпреварувачки карактер-кој е
најбрз и точен е победник;
Сликите
се со ЕКО содржина; насилство меѓу
врсниците; и слика со порака за
меѓуетничка толеранција;
_______________________________________
-соопштува следни активности.
Домашна
задача:вежби за атрибут/
www.rozemak-rozemak.blogspot.com
(вежбите се по нивоа: прво,
второ, трето)
прво ниво: петките и четворките
пишуваат текст со употреба на атрибути;
второ ниво: тројките пишуваат
реченици со атрибути,
трето
ниво: двојките пишуваат именки со
атрибути.
|
-Пишуваат
грозд и со примена на техника
вртелешка се утврдува за учените
реченични членови и за синтаксата;
-се
групираат според упатствата на
наставникот;
-работат
во групи, пополнуваат грозд и работат
применувајќи ја техниката вртелешка;
(работат
5 минути)
-анализа
на гроздот преку прашања и одговор;
- се лепат листовите на македонското
катче;
-Внимателно
следат објаснување на наставникот,
обидувајќи се да ја разрешат пантомимата;
-
Анализираат реченица на табла и во
тетратка(индивидуално);
-објаснуваат
подмет, прирок, предмет;
-внимаваат
и активно се вклучуват во објаснувањето
за атрибут разгледувајќи ја реченицата;
-еден
ученик од секоја група допишува на
листовите атрибут
_______________________________________
-решаваат
вежби;/во парови
-добиваат
наставен лист со вежби-дополнуваат,
а потоа го подигнуваат црвеното,
жолтото или зеленото картонче;
-учествуваат
во усно проверување на вежбите;
-прашуваат
во врска со некои проблематични
прашања.
______________________________________
Пноделени
во групи учествуваат во завршната
активност:
*составуваат
сложувалка на Роземак;
*по
добиената слика составуваат реченица
со атрибут;
*внимаваат
на брзината;
*најбрзиот
и најточниот е победник.
ЗАБЕЛЕШКА:
ако има проблеми со интернет врската
или компјутерите вежбата ќе се направи
со печатени сложувалки;
_______________________________________
-Прашуваат во врска со некои нејасни
работи поврзани со содржината, прашуваат
околу домашната.
______________________________________
ЦЕЛ на домашната:
примена на знаење за атрибут
|
Следење ученици:
|
Мислење на наставникот:
|
ДОМАШНА ЗАДАЧА:
Прво ниво/петки и четворки: Напишете текст(најмалку десет реченици) со употреба на атрибути.
Второ ниво/тројките:Напишете пет реченици во кои ќе употребите атрибут.
Трето ниво/ двојките: Напишете именки со атрибути- десет
Нема коментара:
Постави коментар