13. 2. 2015.

Тема и идеја во текст

Предмет на обработка во епска творба се вика тема. Во епската творба се обработуваат настани, појави, а ликовите учествуваат во настаните и разрешуваат некакви проблеми. Авторот набљудува, доживува, анализира и ја создава творбата.
Идејата е основната мисла во творбата, пораката која авторот сака да ни ја пренесе.
Во секое литературно дело има тема и идеја.
Тема и идеја

Учиме низ игра
Откриваме тема и идеја на текстот „Нева Невичица“- Ивана Брлиќ Мажураниќ
1. Часот (може и претходно) започнува со преуредување на училницата, учениците седнуваат во полукруг.
Наставникот ги замолува учениците да ги затворат очите и да замислат слика на стара, трошна куќичка, огниште, а покрај огништето стариот дедо или баба (бура на идеи-учениците додаваат свои детали на сликата)
*Што се случува околу огништето?(дедото раскажува приказна...)
2. Наставникот/или некој ученик го чита текстот „Нева Невичица“.

                              Нева Невичица 
                                        -Ивана Брлиќ Мажураниќ
                         (извадок)

      Така си биле еден воденичар и една воденичарка, а и двајцата имале кораво и лошо срце. Кога ќе донесеа царевите слуги жито да го сомеле, воденичарот ќе го сомелеше житото, ништо не ќе земаше за мелењето и уште ќе му пратеше на царот дарови, само да му се умили на силниот цар и неговата ќерка, гордата царевна. Кога ќе дојдеше сиромаштијата да сомеле жито, воденичарот земаше по еден шиник за себе за мелењето, а инаку не сакаше да меле.
  Така еден ден, а беше токму пред Нова година и во студена зима, дојде до воденицата некоја баба, а на бабата крпи и партали. се наоѓаше воденицата во корија на еден јаз и никој не можеше да знае од каде дошла бабата.
  Тоа, пак, не беше баба како што се бабите, туку таа беше Мокош. А, Мокош знаеше во сѐ  да се претвори: и во птица, и во змија, и во баба и во девојка. Мокош живееше зад тињата покрај мочуриштата каде што во есен сонцето заоѓаше. кај неа сите зими ги ноќуваше.
  - Добар и ден, - им рече, бабата Мокош на воденичарот и воденичарката, - и да ми ја сомелете оваа торба  жито: ја  стави бабата торбата на земја, а воденичарот рече:
 - Ќе ти ја сомелам: половина торба тебе за погача, а половина мене за мелењето.
-  Немој така, синко! Не ќе ми достаса, бидејќи имам шест сина, а седмото внуче- Сонцето, денес ми се роди.
- Оди, не треси глупости, стара будала!
...
Воденичарот, пак, имаше ќерка, чудесно девојче, и ја викаа Нева Невичица. Штом се беше родила, ѝ претскажаа самовилите дека Сонцето ќе и биде девер кога ќе се мажи. Затоа ја викаа Нева Невичица, а таа беше многу убава и насмеана како ведар ден.
     И се натажи Нева Невичица кога воденичарот онака ја истера бабата. Отиде таа, ја дочека бабата во коријата и рече:
 - Врати се, бабо утре кога ќе бидам сама. Ќе ти  го сомелам житото без пари.
   .....
     Воденичарот, пак, беше ја закочил воденицата, па Нева Невичица мораше да гази до колена во ледениот јаз дури да го отвори затворот.
     Заклепета воденицата, се раздвижија камењата и Нева Невичица ѝ го сомле житото на бабата. ѝ ја наполни торбата со брашно и ништо не ѝ зеде за мелењето.
 - Е, ти благодарам, девојче!- рече бабата Мокош, -ќе ти бидам од помош каде што ќе минеш со нога, бидејќи не ги чуваше ноџињата од ледената водичка, ниту рацете од неплатената мака. И уште ќе му кажам на мојот внук Сонцето, кој го дарува со погача.-Тогаш го зеде брашното и си отиде.
  Од тој ден ништо во воденицата не можеше да биде без Нева Невичица. Дури таа не се фатеше за воденицата, не фаќаа лажиците вода, ако таа не погледнеше во сандакот, во него никогаш брашно. Макар колку во него да паѓаше од камењата, сѐ како во земја да пропаѓаше: сандакот празен дури не наѕре во него Нева Невичица.
  Па така беше со сѐ што се наоѓаше во воденицата.

3. Минута чекање по која се води слободен разговор за содржината на текстот.
-откриваме непознати зборови/ читаме и делови од текстот
4. Учениците добиваат наст. листови- решаваат крстозборот.

                                             Разгледајте го крстозборот и решете го!



Наставникот подготвил картончиња со зборовите: грубост, алчност, дрскост, нечовечност, дарежливост, љубезност, добродушност, човечност, милосливост.
Во средината има сад во кој се наоѓаат овие картончиња. Ученици влечат и определуваат кои од набројаните особини на кои ликови од текстот се однесуваат.
Точните одговори се  закачуваат на ѕидниот весник  на кој се илустрирани ликовите од текстот.
Овој час го заклучуваме се определување на темата: Нева Невичица со својата добродушност ја освои бабата Мокош и ѝ помогна и покрај противењето на родителите.
 
ПОДГОТОВКА ЗА СЛЕДНИОТ ЧАС: поделба по групи и делење задолженија 
Часот започнува со подготвена училница според замислата на децата-се играме сценографи, костимографи, режисери...
                                          
Режисер:Роза Китрозоска

Драматизираме, се играме поделени во групи (подготовка дома-костимографија и сценографија по идеја на учениците ).

1. Група која по улоги го разработува текстот;
2. Група која со помош на пантомима го разработува текстот(темата и идејата);
3. Група која со помош на кукли ја презентира идејата на текстот.
По овие активности се води разговор за успешноста на активностите .

Часот се завршува со откривање  идеја на текстот:

ДОБРОТО СО ДОБРО СЕ ВРАЌА. 

Наставникот подготвил сложувалка  која учениците ја составуваат на компјутерите.





(Забелешка: НАШЕТО ОБРАЗОВНО ВИДЕО,  а оваа содржина е според програмата по македонски јазик за седмо одделение)

Нема коментара:

Постави коментар