18. 7. 2012.

Прости глаголски форми

Сегашно време,минато определено несвршено време,минато определено свршено време(временски),заповеден начин(начинска),глаголска л-форма,глаголска придавка,глаголска именка и глаголски прилог(нелични).
Сегашно време
Сегашно време се образува кога се додаваат наставки на основниот вокал на глаголот.
Наставки за сегашно време се:
еднина      множина
1л.-м         1л.-ме
2л.-ш         2л.-те
3л. /           3л.-ат


а-група
чита
еднина             множина
1л.читам          1л.читаме
2л.читаш          2л.читате
3л.чита             3л.читаат


и-група
оди
еднина           множина
1л.одам         1л.одиме
2л.одиш        2л.одите
3л.оди           3л.одат


е-група
плете
 еднина          множина
1л.плетам       1л.плетеме
2л.плетеш       2л.плетете
3л.плете          3л.плетат


Значење:Сегашното време означува дејство што се случува во моментот на зборувањето-сега(играм,гледам).Се образува од несвршени глаголи.Може да се образува и од свршени глаголи ,но тие се употребуваат со некои сврзници и честички и не означуваат вистинска сегашност.(ако,да,дури да/не,додека да/не,ќе):Ако најдам школка...
Со сегашното време може да се означува и минатост,идност,општовременост,
повторливост,готовност,истовременост со друго дејство.

Минато определено несвршено време
Минатото определено несвршено време искажува дејство кое се вршело во минатото во присуство на лицето кое зборува  и е во траење.Се образува од несвршени глаголи.Минатото определено несвршено време се образува кога наставките се додаваат на основниот вокал.
Наставки се:
еднина           множина
1л.-в               1л.-вме
2л.-ше             2л.-вте
3л.-ше              3л.-а

а-група
чита
еднина            множина
1л.читав        1л.читавме
2л.читаше      2л.читавте
3л.читаше      3л.читаа

и-група
оди
еднина             множина
1л.одев            1л.одевме
2л.одеше          2л.одевте
3л.одеше          3л.одеа
Забелешка:Основниот вокал и преминал во е.
е-група
плете
еднина            множина
1л.плетев             1л плетевме
2л.плетеше           2л.плетевте
3л.плетеше           3л. плетеа   

Наставката -ја се јавува во трето лице множина  кај глаголите од е и и-група на кои општиот глаголски дел им завршува на самогласка(мие-миеја,пее-пееја).

Минато определено свршено време
Минатото определено  свршено време искажува дејство кое се вршело во минатото во присуство на лицето кое зборува  и дејството е заокружено.Се образува од свршени глаголи.Минатото определено свршено време се образува кога наставките се додаваат на основниот вокал.
Наставки се:
еднина       множина
1л.-в           1л.-вме
2л. /             2л.-вте
3л. /             3л.-а/-ја

а-група
прочита
еднина                множина
1л.прочитав          1л.прочитавме
2л.прочита            2л.прочитавте
3л.прочита            3л.прочитаа

и-група
оздрави
еднина                     множина
1л.оздравев            1л.оздравевме
2л.оздраве              2л.оздравевте
3л.оздраве              3л оздравеа

е-група
дојде
еднина                     множина
1л.дојдов                1л.дојдовме
2л.дојде                  2л.дојдовте
3л.дојде                  3л.дојдоа

Забелешка:Дадени се примери по избор,а не од сите групи и сите раздели.

Нема коментара:

Постави коментар