Кочо Рацин-поет на македонскиот непокор
http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=81&tid=1409
Елегија-лирска песна во која се опеани тажни чувства и расположенија.
Смртта на некој свој,жал за младоста,загубена љубов,посакувана среќа,осаменоста,тажна судбина на татковината,изгубената слобода, се само дел од причините за предизвикување тажни чувства и расположби.
http://www.marxists.org/makedonski/racin/biografija.htm -----Прочитајте уште нешто од Рацин!
ДЕНОВИ
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.
Денови ли се – денови
аргатски маки големи!
Стани си утре порано
Дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –
ај, пусти да е, пуст да би
остана живот кучешки!
Роди се човек – роб биди
роди се човек – скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.
За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!
За себе само р’гај си
за себе маки тргај си –
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен!
http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=81&tid=1409
Елегија-лирска песна во која се опеани тажни чувства и расположенија.
Смртта на некој свој,жал за младоста,загубена љубов,посакувана среќа,осаменоста,тажна судбина на татковината,изгубената слобода, се само дел од причините за предизвикување тажни чувства и расположби.
ЕЛЕГИИ ЗА ТЕБЕ
Кочо Рацин
„Чернеј горо, чернеј сестро..."
Кочо Рацин |
1.
Вчера си појдов, наминав
низ таја гора зелена
под тија буки високи
по ќилим сенки широки.
Одев со глава замаен
наведнат, мртов, зачмаен,
одев со грутка на срце
и каракамен на гради.
Деј гиди горо зелена!
Деј гиди водо студена!
Пилците пеат - ти плачеш,
сонцето грее - ти темнеш.
Ако ги криеш коските
на дели млади јунаци
тука што лежат по тебе
за тија темни дубрави -
зошто ги таеш песните?
Зошто по тебе дрвјата
и на дрвјата гранките
и на гранките лисјата
шумолат скришно таговно?
2.
Таму горе на небото
зора руди, земја буди,
ден морави шири крила
и алова точи свила,
таму зора црвенее -
мое срце ми црнее.
Ископајте длабок бунар
извадете ладна вода
натопете лути рани
да не горат, да не болат.
Зоро златно и румено!
Зоро слатка посестримо!
Ти изгреваш на далеку —
да ли еднаш ќе изгрееш
силно, силно, дури милно
над долови и над гори
над полиња и над реки
над мојата татковина?
3.
Два брега - двата стрмнини.
А од брег на брег танок мост.
Под мостот вода морава -
тече и мие ранава.
Тече од векот вековит
и нова и сè понова,
тече, а тука маките
сè стари и сè постари.
Тече и влече со себе
сичко што стои пред неа,
а на брегови животот
чмае у троскот зараснат!
Течи ми водо студена!
Течи си — рони брегови!
Течи - и нам низ срцето
нели и крвта ни тече?
4.
Скотски е, скотски живот аргатски
у темно заѕидан,
до скот сме сниско попритиснати
на овој свет убав.
Кој ни ги скрши белите крилца
крилца на галаби бели?
Кој ни замати извори бистри
извори на души чисти?
И кој раздвои, и кој раздвои
човек од човек со ѕид?
И кој направи, и кој направи
човек на човека роб!
Та човек од човек
да страда
и тегне
и бега
од лулка до гроб!
5.
Ти да знаеш, паметуваш
и ем да си на ум имаш -
работник си - и работник
ти ќе паѓаш и се дигаш.
Луњи ли ќе пусти дојдат
сонце ли ќе јасно грејне -
патиштата, патиштата
пред тебе се на борбата.
Како смртта вечна што е
така борба долго трае.
Но од смртта е посилна
по патиштата борбата!
6.
Исцедете, ограбете
пот и труд и меса голи,
уста пуста затворете
да не каже оти боли.
Очи црни ископајте
да гледајат не давајте,
раци машки прекршете
срце лудо наранете.
Угаснете и светлини!
Мрак да биде - каракамен.
Има, има - в темнината
нешто живо пак да свети:
има болка на душата
има души наранети.
Болка боли - болка гори
болка тече, душа мори.
А болката кога свети -
тешко, тешко, тешко клети!
Нема коментара:
Постави коментар