Глаголска л-форма
Л-формата има промени само по род(во еднина) и по број.Се образува од глаголот и наставките:-л,-ла,-ло;-ле.
Пр.читал,читала,читало;читале
носел,носела,носело;носеле
плетел,плетела,плетело;плетеле
Забелешка:
стане-станал/станел;падне-паднал/паднел;
Со л-формата се градат неколку сложени глаголски форми:минато неопределено време,предминато време,идно прекажано време и можен начин.
Глаголска придавка
Глаголската придавка има особености и на глаголот и на придавката.Има форми за трите рода,за двата броја и се членува(како придавка).Според значењето и службата е поблиску до глаголот,а некогаш и до придавката.
Пр.Јас бев поканет на роденден.(глаголско значење)
Таа беше поканета гостинка на роденденот.(придавско значење)
Глаголската придавка се образува од глаголот и наставките:-н,-на,-но,-ни и -т,-та,-то,-ти.
Пр.:читан,читана,читано;читани;гледан,гледана,гледано;гледани;
Со наставката-т се образуваат глаголски придавки од глаголите со општ дел на н(викне-викнат,викната,викнато,викнати).
Глаголски прилог
Глаголскиот прилог се образува од несвршени глаголи со наставката -јќи.
Пр.читајќи,плетејќи,пеејќи,играјќи,скокајќи.
Глаголскиот прилог искажува паралелно дејство со дејството на глаголот во лична форма.
Читајќи ја комедијата ,,Чорбаџи Теодос“,се потсетив на драматизацијата во училиште.
Играјќи игри на компјутер ми заѕвони мобилниот телефон.
Глаголска именка
Глаголската именка се образува од несвршени глаголи со наставката -ње.
Пр.:гледање,одење,пиење,слушање,скокање,носење,читање,плетење и др.
Глаголската именка е во среден род ,а има еднина и множина,се членува(како именката).
Се изведува од глаголска основа и искажува дејство во траење.

Не е тешко!:)) |
Нема коментара:
Постави коментар