9. 5. 2020.

Скратеници

Правопис (ортографија) е општоусвоен систем на правила и графички знаци за пишување на зборовите на еден јазик. 

  • Прочитај го следниов текст:
     Јас учам во ООУ „Страшо Пинџур“, с. Вевчани. Имам 11 год. Секојдневно пешачам по 800 м  до моето училиште. 
Моите родители имаат градина во која одгледуваат сливи, јаболка, круши и др
    Едно лето изедов 1 кг цреши. Ме заболе стомакот и мајка ми ме однесе кај д-р Венко. Тој ме прегледа, се насмевна и ми даде чајче. 
Многу сакам да пијам млеко. Секој ден пијам по 2 дл млеко, наутро и 2 дл навечер. Мајка ми, на шега,  ми вели: „Немој толку да пиеш млеко, г-це иста си како мачката на нашиот сосед!“


  • Зборовите обележани со црвена боја ги викаме скратеници.
  • Во македонскиот јазик под скратеници се подразбираат акронимите – изведени зборови кои се добиваат со скратување на зборовите кои влегуваат во состав на повеќекомпонентни имиња, наслови и називи.
Пример: ЕУ ー Европска Унија; ЈСП ー  Јавно сообраќајно претпријатие;
                види Правопис

  • Како такви, тие треба да се разликуваат од скратувањата на зборовите, т. е. абревијациите – кратења на одделни зборови кои често се употребуваат заради заштеда на време и на простор.
Пример: в. ー век; види; весник; 
                л. ー лице;
                г. ー година; господин;
                ж. ー женски 
              види Правопис
  • Погледни ја сликата и откри за кои зборови се однесуваат следниве скратеници

  • На празните места во следниве реченици наместо скратениците напиши ги целите зборови:                               
  1. До целта има уште 40 (м)____________. 
  2. Мама купи еден (кг)__________ јаболка.
  3. Јас испив два (дл) ___________ млеко.
  4. Еден (т) ________ јаглен донесоа во интернатот.
  • Препиши ги скратениците и објасни ги!
ул.             гимн.           км            инж.                м-р           и сл.           бр.         дкг  
хл              г-ца              д-р           на пр.              итн.         проф.           с.          о.г. 
  • Напиши скратеници од зборовите: година, машки род, член, тон, множина, хектолитар, сантиметар, Обединети нации, Република Македонија.

Нема коментара:

Постави коментар