20. 8. 2013.

Годишно и тематски планирања за осмо(осумгодишно)

Годишно и тематски планирања за осмо/осумгодишно








Од народната ризница-Е,Ж,З

1.Евтините круши се многу поскапи.
2.Евтино месо и кучињата не јадат.
3.Еден човек плаче,а друг се радува.
4.Една овца што се дели од булукот,ќе ја изеде волкот.
5.Еднаш проговори,двапати слушни.
6.Еќим душа не дава,ама болниот со полесно го оздравува.
7.Ем гол,ем зол.
8.Ем шут,ем боде.
9.Жеден коњ,матна вода не пробира.
10.Железото дури е топло се чука.
11.Жените се облекле по модата,а мажите ги однесла водата.
12.Занаетот човека ниту го умира,ниту го оживува.
13.За пари арџење колај е мошне,ама за вадење помачно е.
14.Зошто му брада,кога нема глава.
15.Зборливиот човек е како писмо без муур.
16.Зборовите се како цреши:една фати,сите ќе се кренат.
17.Здрав болен носи.

        
Зборовите се како цреши:една фати,сите ќе се кренат.

12. 8. 2013.

Од народната ризница-Д

1.Да се чува човек од лошо,дури не му дошло.
2.Дај со раце,барај со нозе.
3.Далеку оди,ама и за дома мисли.
4.Два лешника еден орев кршат.
5.Два лути камења брашно не мелат.
6.Две лубеници под една мишка не се носат.
7.Две раце за една глава.
8.Дете повеќе да милуваш со раце,одошто со лице.
9.Детето и милуј го,и негде накажуј го.
10.Детето додека не паѓа,не може да научи да оди.
11.Децата повеќе ја милуваат играчката од јадачката.
12.Децата се како роса:сега ги има,сега ги нема.
13.Дните си летаат како со крилја.
14.Добрата реч оди далеку,а лошата уште подалеку.
15.Добри пријатели и од браќа се помили.
16.Добрината бргу се заборава,а лошотијата не се заборава.
17.Друго кројат глувците,а друго мачорот.
18.Дури е младо дрвото,се вие.
19.Дури е човекот жив,барем да е здрав,та ако е троа сиромав.
20.Дури не му дојде времето,не пукнува грнето.
21.Дури не посееш,нема да жниеш.

                      
Да се чува човек од лошо,дури не му дошло.





Од народната ризница-Г

1.Главата прави,главата трга.
2.Гладна кокошка просо сонува.
3.Гледај го коњот,не гледај му го огламникот.
4.Гледај го пијаницата и пожалај ми ги децата.
5.Голем залак голтни,голема реч не речи.
6.Голема снага чуму ти е кога имаш шупливо срце.
7.Голо здравје,готова треска.
8.Гора со гора не се среќава,а човек со човека се среќава.
9.Горе високо,долу тврдо.
10.Гори ли на комшијата куќата,трчај да ја гаснеш твојата.
11.Господ да те чува од гол фодул.
12.Господ да те чува од лоши пријатели,да за од душмани сам ќе се чуваш.
13.Грми,врни ,патот си врви.


Грми,врни,патот си врви.