28. 11. 2013.

Вежби за граматички категории кај глаголите

 Прочитај го следниот текст и одговори на барањата под него.

             Самија ја чешлаше својата долга коса. Во собата влезе сестра ѝ:
                     – Побрзај, ќе одиме во Струга!
                     – Доаѓам, го облекувам палтото.
             Автомобилот ги чекаше пред вратата. Тие весело влегоа внатре и  заминаа.
                    – Би  шетале цел ден да имавме време. – рече Самија.
                    – Ќе купиме подарок и ќе се вратиме. Роденденот почнува во 17 часот.
           По половина час пристигнаа во Струга. Сестрите се фатија за рака и тргнаа по подарок. Долго време шетаа што заборавија на времето.
                   – Самија, трчај, ќе задоцниме! – викна  Мирела.
                   – Би сакала овој ден да се повтори. – рече Самија.
          Задоволни и среќни се вратија дома, а потоа отидоа на роденден.

 1. Подвлечи ги глаголите!
 2. Пополни според барањата:
 -Глаголи во прво лице: ______________________________________________
-Глаголи во второ лице: _____________________________________________
-Глаголи во трето лице: ______________________________________________
-Глаголи во еднина: __________________________________________________
-Глаголи во множина: _______________________________________________
-Глаголи во сегашно време:_________________________________________
-Глаголи во минато време:__________________________________________
-Глаголи во идно време:_____________________________________________
3. Препиши ги речениците во кои е употребен:
Исказен начин (две реченици) __________________________

Заповеден начин: _________________________________________

Можен начин: _____________________________________________

4. Од реченицата: Таа пие сок. образувај можен и заповеден начин.
Заповеден начин _____________________________________
Можен начин _________________________________________



Внимателно читај и одговори!

           

20. 11. 2013.

Анимиран филм

Анимиран филм број 3


Анимиран филм број 2 



                                         Анимиран филм број 1

19. 11. 2013.

Вежби за ономатопеја и компарација(седмо одделение)


Вежби за ономатопеја и компарација (седмо одделение)

Ученик________________________________________

1.Во следната песна подвлечи ја ономатопејата со црвена боја, а компарацијата со сина боја  

Песна за училишното ѕвонче

Ѕвони ѕвончето, ѕвони,
на училиштен час  нѐ  вика,
со нас и со септември
заедно да се слика.

Досега тонеше в штама
ко фрлен камен сред јама,
ко лебна корка во грло,
ко молк во најпразно трло!

Ѕвони ѕвончето, ѕвони,
како сребро да рони,
како звуци да лее,
како песна да пее!
- Стојан Тарапуза

2.На линиите под дадените примери напиши која стилска фигура е употребена (ономатопеја или компарација)

Што чекате, ајде, појдете по патот
без двоумење, без уплав, без грижа,
а деновите поминати зад вас
како бисер ќе се нижат...
(Душко Аврамов)

________________________________

Гулабот се наду и гукаше велејќи дека сето тоа е само празен муабет …..

________________________________

Уште спие цветчето...
Пчелка пее в час:
„Зу-зу! Зу-зу!Цветенце,
разбуди се в час!“
(Бистрица Миркуловска)

_____________________________

3.Во следната песна поетот употребил компарација. Подвлечи ја и објасни кој е предметот што се споредува и со кој предмет се споредува.


Ветар

Ветрот без торба и стап
како патник броди
тивко како мачка
нечујно тој оди.

Со приказни ко баба ми
тој преполн е пак-
ми ги шепоти тивко
штом ќе падне мрак.
(Арсен Диклиќ)

Предмет кој се споредува       Предмет со кој се споредува
_____________________ како ________________________
Предмет кој се споредува         Предмет со кој се споредува
_____________________ како ________________________

Предмет кој се споредува        Предмет со кој се споредува
_____________________ како ________________________




4.Поврзи слика со ономатопејски глагол!




 






МЈАУКА

КУКУРИКА

КОКОДАКА

                                                                                                                    ГУКА





5. Поврзи на тој начин што ќе направиш компарација.

Мразулци големи                                                                    ветар

Зајак брз                         како                                                     копје

Снегулки                                                                                бисерни солзи



6. Напиши ономатопеја имитирајќи ги следните звуци :




_________________________________________________________________






__________________________________________________________________

7. Напиши пример за компарација.
__________________________________________________________________

9. 11. 2013.

Расказ

                                          Еден голем ум и едно малечко срце

     Живеел некогаш на светот еден висок сув старец, со остар долг нос и ретка брада. Се викал Ем Икс. Но, и покрај тоа што бил многу несимпатичен, никој никогаш не се осмелувал да му рече право в лице:
     -Вие, господине, сте многу непријатен.
     Луѓето сретнувајќи го на улица, ги наведнувале главите и го поздравувале:
     -Добар ден!
     И сето тоа поради тоа што Икс бил позната личност и важен научник. Ем Икс работел на една необична машина што тој ја викал „Голем ум“. Тој мечтаел со нејзина помош да стане господар на светот. Имал желба неговата машина да има совршен механички мозок и да создаде оружје со страшна  моќ за уништување. Кога Ем Икс би имал такво оружје, тој би станал најсилен и најстрашен човек на земјата. Секое утро Ем Икс одел во својата лабораторија, каде што го чекал помошникот Луиџи. Ем Икс ги заклучувал сите врати и се зафаќал за работа.
Неговиот помошник, малечок и дебел, бил добар и умен човек, многу верен и доверлив.Тој му верувал на Ем Икс кога велел дека прави машина што ќе му биде од полза на сето човештво.Таа ќе им помогне на децата да ги учат своите уроци, ќе им ги решава на научниците тешките задачи. Луиџи од се` срце се залагал и му помагал на Ем Икс, трудејќи се секогаш навреме да си ги свршува работите. Но, Ем Икс бил вечно незадоволен од него и постојано го карал. Ем Икс имал многу лош карактер и воопшто на ги сакал луѓето.
   -Глупак!-му велел тој на Луиџи.
А Луиџи молчел, зашто не му доликувало на еден обичен помошник да се спротиставува на еден познат научник.
   - Ти ништо не умееш да работиш!-му викал Ем Икс.
   Луиџи повторно молчел. Но, во себеси  се смешкал. Научникот се лажел за своите оценки. Луиџи, бил убеден дека исто така умее да создаде нешто и мислел дека Ем Икс ќе го пофали за неговата работа.
    Секое утро Луиџи доаѓал во лабораторијата еден час порано и ја доведувал во ред пред да дојде Ем Икс. А кога ќе ја свршел оваа работа, тој се вовлекувал внатре во машината, меѓу сложените механизми, огромните тркала, меѓу испреплетените електрични кабли и се зафаќал за својата тајна работа.
    Најпосле дојде денот кога Ем Икс објавил дека машината е речиси готова и дека треба само да се испита.Тој се доближил до големиот пулт за управување, притиснал некакви копчиња,повлекол неколку рачки и свечено изјавил:
   -Сега машината го разурнува градот Н.
   -Што, разурнува!?-зачудено извикал Луиџи.
   -До темели, -одговорил Ем Икс.- Јас издадов наредба и „Големиот ум“ нема да остави камен во тој град.
   Потоа, како да направил којзнае какво дело, Ем Икс спокојно почнал да очекува вести. А Луиџи горчливо заплакал.
   По дваесетина минути Ем Икс се доближил до радиото и го вклучил.
   -Внимание, внимание!-се разнел глас од радиото. -Во Н. се случува нешто чудно. Над градот одненадеж се појавија илјадници балони.Секој балон носи врзана голема убава торба. Во целиот град од чешмите наместо вода, тече убаво слатко вино! Овој необичен настан научниците се` уште не се во состојба да го објаснат...
    Потоа Ем Икс не сакал да слуша.Тој потрчал кон „Големиот ум“ и се нафрли кон него со крескав, лут глас:
    -Глупак, ти требаше да го разурнеш Н. Требаше да го избришеш од лицето на Земјата. Ти ништо не разбра! Ти не си голем, туку жален и ништожен ум! Секој мајмун, секоја кокошка, па дури и секој полжав е поумен од тебе.Ти...
   Но „Големиот ум“ се покажал како машина што не може да поднесува такви навреди.Тој  оптегнал една од своите железни раце, го зграпчил научникот и го исфрлил низ прозорецот толку далеку, што од тоа време никој никогаш ниту слушнал, ниту го видел Ем Икс.
   А, Луиџи станал познат научник и „Големиот ум“ го слушал само него. Заслуга на Луиџи било и тоа што градот Н. се спасил од пропаст. Кога Луиџи доаѓал еден час порано од Ем Икс, во утробата на големата машина правел малечко метално срце, метално, но благородно, кое работело како вистинско. Луиџи мислел на добри дела и неговите изуми му служеле на човештвото. Секогаш луѓето, кога ќе виделе, велеле:
   Еве го, иде нашиот добар  научник!
   Тој пронашол уште многу чудесни машини. И никој во негово присуство не смеел да зборува за уривање и убиство. Сите знаеле, ако се појави таков човек, дека со него ќе се случи истото што се случило со Ем Икс.
    Ете, тоа е историјата на „Големиот ум“ и на малечкото метално срце.
                                                                     Елио Репел
  

        
Добриот научник! :-)
               Анализа на расказот
1.Наслов на расказот:______________________
2.Автор на расказот:________________________
3.Тема на расказот:___________________________________________________
4.Ликови:___________________________________________________________
5.Позитивен лик-опис_________________________________________________
6.Негативен лик-опис _________________________________________________
7.Порака:____________________________________________________________
8.Најинтересен дел од расказот:__________________________________________

Задача:Подели го расказот на делови и стави им наслови!
            Опиши ги ликовите!
            Илустрирај!

💬 Учениците од шесто одделение се многу амбициозни, вредни, а задачата успешно ја завршија.
👇 Погледнете!

Теона Велковска

Јана Парталоска





Венера Шутиноска

6. 11. 2013.

Расказ

                                          Под клупата
         Само што се заврте учителот кон таблата, се пикнав под клупата. Штом ќе забележи дека ме нема, сигурно многу ќе се зачуди. Што ли ќе помисли? Ќе ги испрашува ли сите каде сум? Ама ќе има смеење...
        Помина половина час, а јас сè уште бев под клупата. Мислев: кога ли учителот ќе забележи дека ме нема во одделението?! А под клупата беше тешко да се седи. Ме заболеа и плеќите.
        Се накашлав, но никој не ми обрна внимание. Повеќе не можев да издржам, зашто и Серјожа постојано со нозете ме удираше по плеќите.Така не доседов цел час. Излегов од под клупата и реков:
         -Простете учителу!
         - Во што е работата? Да не сакаш да излезеш на таблата?
         - Не, се извинувам што седев под клупата.
         -Па како, удобно ли е седењето под клупа? Денес барем беше мирен и не трчаше. Добро би било кога секогаш ќе бидеш таков и на часот.
                                                                         Виктор Голјавкин
                                                                          (превод од руски)

Некој знае, а некој под клупа трае!

     

Расказ


                      


                                                       Прошетка
        Еден есенски ден со другарите решивме да се искачиме до врвот на блиската планина.Тргнавме по тесната патека. Отпрвин лево и десно се гледаа убаво обработените ниви, но наскоро патчето нè завлече меѓу две планински ливади насадени со овошни дрвја. Потаму здогледавме колиба, пред која седеше еден дедо.
        Добре дојдовте!    нè поздрави. ─ Повелете седнете на трупчињава! Тоа се столчиња за гости.
   Седнавме. Некое време го гледавме старецот како плете кошница со лескови прачки и повит.
        Сами ли живеете тука?   го прашав.
        Не сум сам. Со мене се кравата, магарето, козата, прасето и кокошките. А, околу нас се и дивите животни.
        Зарем има и диви животни?  се зачудив.   Ниедно не видовме.
        Ене, едно на гранките од оревон   покажа старецот со раката.
     Ги кренавме главите и здогледавме малечко рунтаво животинче со голема опашка. И тоа нè гледаше нас. Еден од другарите забележа:
        Ушите му се исправени, влакнести.
         Како се вика?  прашав.
        Катеричка. Гледајте, како се катери.
         Не е катеричка, туку верверичка, и пентеричка, оревокршачка, скокалка  се насмеа старецот.  Се вервери, пентери, крши ореви, скока по цел ден.
  Верверичката почна да скока од гранка на гранка.
        Собира храна. И јас есено време собирам плодови во шумата: ореви, лешници, костени. Од сите животни во шумава, верверичкава е најработна. Го гледате ли оној шуплив даб? Дупката е нејзин дом. Полна е со храна. Но верверичката не собира само храна, таа сади и дрвја. Сум ја гледал како зема орев, го носи на ширинката, со ноктите копа дупка, го става оревот во дупката и ја запретува со земја. Гледате ли колку лески, ореви и костени ги обрабуваат ливадиве? Сите ги посадила таа. Оттаму јас сечам прачки за плетење кошници и фиданки што ги пресадувам во ливадиве.
       Го слушавме старецот и ја гледавме верверичката. Скина еден орев и се изгуби меѓу лисјата на дрвото. Старецот стана и нè послужи со ореви.
         Наполнете си ги џебовите со ореви.
  Не чекавме да ни рече двапати. Си ги наполнивме џебовите и се вративме дома. Искачувањето до врвот на планината го оставивме за другпат.
                                                                                            Илија Китановски