9. 2. 2023.

Бојан - Глигор Поповски

                                       

 

За луѓето од Малешевијата: ГЛИГОР ПОПОВСКИ
ГЛИГОР ПОПОВСКИ 

(1928-2007)

 

Поет, раскажувач, романсиер, писател за деца, преведувач. Роден е на 1 април 1928 година во с. Будинарци, Беровско.

Завршил Учителска школа во Скопје. Работел како новинар во „Пионерски весник“, потоа во книгоиздателството Детска радост, ги уредувал списанијата Титов пионер, Другарче, Развигор и Росица. Бил главен уредник на издавачката дејност во Детска радост. Член на ДПМ од 1954 година.

Автор е на книгите: Бајка за детето Вилен (1952), Цвет (поезија за деца, 1953), Дрварче (раскази за деца, 1954), Росица (поезија за деца, 1956), Далечен свет (раскази за деца, 1957), Со тротинет по цел свет (поезија за деца, 1958), Било едно дете (раскази за деца, 1959), Мостот (роман за деца, 1959), Црвената рака (роман за деца, 1961), Парада за цвеќињата (поезија за деца, 1964), Чудо во гората (поезија и раскази за деца, 1965), Сказни за Возовија (1967), Сказна за најјунакот (поезија за деца, 1969), Што има зад тополите (раскази за деца, 1969), Морнарот Неп (сказни за деца, 1971), Билјана (раскази за деца, 1972), Испит (роман за деца (1972), Бојан (роман за деца, 1973), Кога тато вози (1977), За поубав свет (поезија за деца, 1978), Планино, убавино (роман за деца, 1979), Разговори за сообраќајот (раскази за деца, 1980), Најтемната ноќ (повест, 1981), Човек со човек (поезија за деца, 1982), Добри мои, добар ден (песни и раскази за деца, 1983), Учителката (роман за деца, 1984), Елен Камен (сказни, 1988), Другата страна (роман за деца, 1991), Шеп, шеп, шеп (гатанки, 1991).

Добитник е на наградите: „Партизански курир“ (Марибор), „Младо поколење“ (Белград), „13 Ноември“, „РТВ-Скопје“ на СВП (1969 и 1973), „Курирче“.
Глигор Поповски почина на 14.05.2007 год. во Скопје.
 
                                     Бојан - Македонски кај Лозаноска

 Тема: Доживувањата на момчето Бојан на планината, неговата храброст, истрајност како и неговата љубов кон природата.

Книгата содржи 27 глави, распоредени во два дела:

 Јужен ветер

  • I Обичен ден
  • II Дедо Иван
  • III Снегот не запира
  • IV Волци
  • V Кротка
  • VI Страшна ноќ
  • VII Пушка
  • VIII Пламен над Гола Глава
  • IX Болест
  • X Јужен ветар
  • XI Најубавиот пролетен ден

Орелска Чука

  • I Што бара шумарот
  • II Луѓе од градот
  • III Денко
  • IV Кај дедо Иван
  • V Малата Ирена
  • VI Побратимство
  • VII Елена
  • VIII Ајдучки гроб
  • IX Одење по кучето
  • X Невреме
  • XI Збогување со дедо Иван
  • XII Орелска Чука
  • XIII Еднаш во годината е Илинден
  • XIV Телеграма
  • XV На Орелска Чука - по вторпат
  • XVI Жолтеат нежните јасики

        Во романот се опишани доживувањата на детето Бојан за време на неговиот престој во планинската колиба на дедо му Димо. За време на зимскиот распуст,  дедо Димо  заминал во селото за да набави намирници, а Бојан останал сам во колибата грижејќи се за стоката. Заврнало многу снег и дедото не можел да се врати во колибата. Бојан останал сам соочен со голем број предизвици и опасности. Бојан го посетил дедо Иван кој живеел сам во неговата планинска колиба. Кога зафатило големото невреме, Бојан не се исплашил туку сторил сè за да преживее заедно со животните во плевната како и неговите две кучиња Караман и Стрела. Тој спасил една повредена срна, а се грижел и за јагнето чија мајка во меѓувреме умрела. Набргу, колибата ја нападнале волците, кои го растргнале кучето Караман, но Бојан ја пронашол  пушката на дедо му и така ги растерал. Пушката ја користел и како сигнал за да комуницира со дедо Иван. Колибата на дедо Иван се запалила, а Бојан бил многу загрижен. Потоа, тој се разболел, но по неколку дена, во колибата пристигнале дедо му и татко му кои го пронашле веќе исцрпениот Бојан.

        Во селото дошле докторот Коста и инженерот Александар  од Скопје, а Бојан се пријателил со детето Денко. Еднаш, тие го спасиле девојчето Иринка, кое за малку ќе се удавело. По некое време во селото пристигнало и девојчето Елена во кое се вљубил Бојан. Набргу се случиле немили настани: од удар на гром загинале две овчарчиња, а потоа Бојан морал да се раздели со дедо Иван, кој се разболел и го однеле во градот. Еден ден, Бојан и Денко се искачиле на карпестиот врв Орелска Чука, а Елена му се налутила на Бојан зашто не ја зеле со неа. Поради некои итни работи, Коста и Александар морале да се вратат во градот, така што Бојан не стигнал да се поздрави со Елена. Сепак, таа му оставила писменце во кое жалела за лошиот однос кон него. Од жал за неа, Бојан по вторпат, овојпат сам, се искачил на Орелска Чука. Кон крајот на летото, тој добил писмо и фотографија од Елена, а потоа, со тешко срце морал да ја напушти планината и да се врати на училиште.

                                        Бојан - kupikniga.mk

 Главен лик во романот е момчето Бојан

        Бојан живее во селото под планината Грамада. Уште од мали нозе често престојува во колибата на неговиот дедо Димо сместена во планинските стрмнини. Таму тој му помага на својот дедо и учи како да се грижи за стоката, за колибата, едноствано ги учи животните вештини. Но авторот ни го прикажува Бојан во една друга светлина. Останувајќи сам во колибата, Бојан се бори со своите стравови, се бори со болеста, се бори со осаменоста. Неговата истрајност и решеност да преживее, и тој и стоката, ни го прикажуваат Бојан како едно одговорно, совесно, жилаво момче, кое на својот грб ја носи својата судбина и судбината на стоката која му е оставена да ја чува. Борејќи се со осаменоста, тој целиот свој бес го истура врз дебелиот дабов трупец-Јурукот. Тука авторот ни ја прикажува психичката борба на Бојан, таа постојана борба со мислите што му надоѓаат, што го тиштат. Борејќи се со трупецот Бојан како да бори со сите свои стравови. Во вториот дел од романот, авторот ни ја прикажува и нежната страна на Бојан, неговите чувства што се раѓаат кон Елена како и неговото другарство со Денко и Елена.

 Прочитај! Една извонредна обработка на „Бојан“👇

                                                         МОЈАТА УЧИЛНИЦА-БОЈАН

 👉Креативни активности поврзани со лектирното дело: изработувавме мотивациски плакат со цел да ги поттикнеме другите ученици да го прочитаат ова извонредно дело.

8-а

8-а


8-б

8-б





















 

Забелешка: при разработката на содржината користени извори од интернет