6. 3. 2023.

Во пресрет на 8 Март

💬 Секоја година го одбележуваме Денот на жената со пригодни честитки и убави стихови посветени на мајката, на жената.

👉Седмоодделенците беа многу креативни денеска, изработија честитки од остатоците на нивните боици. 

                                         
























 👉 Осмоодделенците пишуваа нежни стихови посветени на мајката

      

Тамара Ставреска

Песна за мајката
Мамо,
ти имаш око
темно и сјајно,
тоа око носи
љубов трајно

Твоите солзи
како езера чисти,
бисерни и сјајни
како мориња бистри

Твојата душа
полна со тага
моето срце
тебе те сака.

Нè штитиш нè браниш, 
на лице со насмевка мила,
ти нè поттикнуваш
да ги рашириме нашите крила.
- Тамара Ставреска

Наши талентирани литературни творци, Златно перо, 2023


 💬 Нашите талентирани литературни творци беа избрани како автори во најновата збирка поезија на Здружението „Златно перо“ од Битола.

🏆Ева Бебекоска
🏆Теона Велковска
🏆Јана Парталоска
🏆Емилија Попеска
🏆Теона Плушкоска
 
👉 Наскоро нова збирка поезија во издание на Здружение „Златно перо“, Битола. 
👉 Задачата беше многу тешка, од пристигнатите ракописи на 160 автори-ученици,стручната жири  комисија ги одбра 92 најдобри песни од 92 автори ученици.
👉Честитки на сите учесници во збирката,  а на останатите повеќе среќа следна прилика.
 👇
 
Прочитајте ги песните на нашите млади авторки 

      

ЗОШТО ДА ПАТУВАТЕ ТОКМУ ВО ЕСЕН ?! – Staff Travel Agency

  Есен

Плодовите веќе узреале,

вредните раце ги собрале,

листовите се тркалаат

златен тепих прават,

за децата по него весело да газат.

 

Гранките празни, ветрот ги вее,

а сеачот со тракторот

есенските посеви ги сее.

 

Од облакот сив дождец се лее

од оревот верверичката плодот го бере,

а до неа една птица тажна песна пее.

 

Планината шарена

ко од сликар насликана,

со неговите четки и бои,

а над неа сонцето со облакот

ко тешка борба да води.

 

Ту сонцето ќе излезе и стопли

потоа за час облакот

со сивата боја ќе го скроти.

 

Есента е таква поплавена

од шарените бои,

со дуњи, круши, јаболка,

а и здрав мед за имунитет.          

 

Ученичка: Јана Парталоска,VII одд.

 

Љубов моја

Штом те видам,

пеперутки триста

околу мене летаат,

а некаде, во мене,

како во пролет,

илјадници цветови цветаат.

 

Во твоите очи,

гледам ѕвезден сјај,

љубовта кон тебе,

никогаш нема крај.

 

Твоето име,

во срцево ми  спие,

сакан, сонуван мој,

љубовта тешко се крие.

 

Ех, колку би сакала,

да можам да викнам јас,

да извикам на цел глас.

Ти си љубов моја,

те сакам, те сакам  јас!

 Ученичка: Емилија Попеска, VII одд.

 

                                    Македонија, наша Татковина.

Најубаво што е

Најубаво на светот што е?

Езерото сино или полето ширно?

Житото златно или грозјето слатко?

Реката бистра или планината чиста?

 

Најубави се сите  убавини

изникнати под сончевината,

тие се срцето трепетно,

на мајката – Татковината.

 

Најмило на светот што е?

Детето насмеано или цветот?

Птицата раскрилена во летот?

Вредни  пчелки – рој?

Или весели песни безброј?

 

Најмили се сите  радости,                             

израснати под синевината,

тие се душата длабока,

на мајката – Татковината.

 Ученичка: Ева Бебекоска VIII одделение

 

                                    moj svet - Free animated GIF - PicMix

Богатствата на целиот свет

 Богатство ли се парите,
или поважни се другарите?
Богатство ли се големите имоти,
или поважни се нашите животи?

 

Богатство се планините,
долините и котлините.
Богатство се и океаните
и сите светски води,
и секое бебе кое ќе се роди.

 

Богатство се прекрасните бои,
знамето жолтоцрвено  што гордо  стои.
Богатство е секој миг, секој цвет,
богатство е целиот волшебен свет.

       Ученичка: Теона Велковска,VII одд.

 

 Character Small Fresh National Day Travel Free Gif Dynamic Element PNG  Images | GIF Free Download - Pikbest

Утехата на росата

И во темната, мрачна ноќ,
додека ветрецот треви косеше,
низ полињата ширни
срцето ја покажа својата моќ
што во вид на солзи, се росеше.

А јас од далеку гледав,
расплакана девојка 

како ноќта ја следи,
како солза по солза
на нејзиното лице се реди.

За што ли плачеше?
!
Дали за сончевиот зрак
или за куќниот праг?!
Дали за птиците што пеат лесна-песна
или за пеперутките што се впуштиле во игра бесна?!
Чекаше ли ноќта да заврши,
та животниот виор да продолжи?
!

И така голташе солзи,
и така ноќта полека замре,
а девојката солзи да рони, запре.

Таа исчезна, тивко, замина.
На тревите ги остави нејзините солзи
исплакани во долгата ноќ,
а росата ми  покажа
колкава е нејзината моќ.

 Ученичка: Теона Плушкоска, IX одд.