28. 1. 2020.

Звучни ефекти во филмот

    Филмот е уметност на сликата во движење. Развојот на филмот започнува кон крајот на 19 век. Првите почетоци на филмот во светот се поврзани со браќата Лимиер. Во Македонија, славата им припаѓа на браќата Манаки.
                 Пронаоѓањето на филмот  ја отворило епохата на електронските медиуми во која спаѓаат и радиото и телевизијата.
                 Филмот популарно е наречен седма уметност. При создавање на еден филм вклучена е голема екипа: сценарист, режисер, актери, сценограф, камерман, монтажер, шминкер и др.
Најзначајни изразни средства на филмот се: говор, глума, музика, звучни ефекти, шминка и др.
                                                 

                                             
                                     Звучни ефекти во филмот


       Звучните ефекти постоеле уште  од појавата на радиото. Првите радио емисии најмногу содржеле драматични музички преработки. За да се пренесе убаво приказната, луѓето морале да се потпираат единствено на слухот. Посебните звучни ефекти биле клучни за карактеристично и впечатливо пренесување на музичка приказна.
         Благодарение на тонските мајстори и звучните инженери, нашите омилени филмови, телевизиски емисии и радио програми, оживуваат звуци на нешта кои не се ни вистинити! Доколку некогаш сакаме да направиме филм за нешта кои повеќе не постојат, мораме да ги создадеме тие звуците кои некогаш постоеле.
            Навистина е тешко да се претстават и реалните звуци. На пример, крцкањето на врата создава мал звук. Во случај, во филмот или емисијата, да е потребно затворањето на вратата да биде позабележливо, тогаш се снима звучен ефект кој ќе го направи крцкањето погласно и поефектно.
              Како се изработуваат звучните ефекти?
 Постојат т.н фоли (foley) артисти кои креираат звучни ефекти за филмовите. Во нивната секојдневна работа потребна е концентрација и способност за да се направи соодветен ефект.
пример: тресок при сообраќајна несреќа, бучење на вода(поплава), воз, завивање на волци, експлозија, веслање на брод во езеро, имитирање звук на водопад и сл. 
             Звуците на ласерските, светлосни мечеви од филмовите „Војна на Ѕвездите“ не се изработени со помош на комјутерски ефекти туку се создадени од тонски мајстор кој удирал со чекан на цврсто и тесно нанижани метални жици.
   За диносаурусите од „Џурасик Парк“, тонските мајстори морале да смислат звуци кои ќе бидат уверливи и веродостојни за луѓето да веруваат дека навистина произлегуваат од тие животни.
 „Гласот” на тираносаурусот Рекс е комбинација од звуци на различни животни, компјутерски обработени. Можат да се искомбинираат гровтања, рикања и цвичења на китови, лавови, алигатори, тигри и слонови, се со цел да се добие гласот на Рекс.
        Звучните ефекти се создаваат од најразлични извори. Многу често немаат ништо блиско со реалното животно, суштество или предмет чиј звук или глас е претставен. За веродостојноста на звучниот ефект потребна е умешност и секако, денес, компјутерски вештини.

Забелешка: При изработката на текстот користени се информации од страницата Никулец
   Погледнете го интересните видеа за   вистинското мајсторство на фоли артистите.
    
ЗВУЧНИ ЕФЕКТИ ВО ФИЛМ