24. 11. 2015.

Анимиран филм:изработка стрип, филмски играчки, анимиран филм

Наставна содржина за седмо одделение предвидена со два наставни часа. 
Програмско подрачје: Медиумска култура



На првиот час зборуваме за  филмски почетоци и анимиран филм-видови.
Еве, неколку активности за часот:
- Со пантомима го започнуваме часот објаснувајќи филмска камера;
-Преку техниката Бура на идеи разговараме за омилени цртани филмови;
-Гледаме некој анимиран филм (Том и Џери, Попај...  Маша и Медо)
- Објаснуваме низ раговор што е анимиран филм и видови;



- Филмски играчки-истражуваме на интернет- тауматроп, зоотроп, матноскоп;

ЛИНКОВИ:
ЗООТРОП
МАТНОСКОП / Книга што се врти
ОПТИЧКИ ИГРАЧКИ
- Подготовки за следниот час- средства за работа: хартија, конец, ножици, боици и желба за работа :-) 
Ух, вториот час полн со активности, едвај се стигнува сѐ!
Целата подготовка и организација проследете ја подолу


                                                    ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА ЧАС

Наставник: Роза Китрозоска                                                                        Датум:___________
Наставен предмет: Македонски јазик                                                         Одд.:7(седмо)
Програмско подрачје: Медиумска култура
Наставна содржина: Анимиран филм-изработка стрип, филмски играчки
ЕКО -Уреден и еколошки двор

1.ЦЕЛИ НА ЧАСОТ
а се примени знаење за анимиран филм преку изработка стрип, филмски играчки;
-да се примени еко- стандардoт:Уреден и еколошки двор преку изработка стрип, анимиран филм и филмски играчки;
- да се означат места со изработени и поставени знаци видливи за сите во дворот (место за игра, место за одмор, место каде не треба да се гази).
2.НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ;Техники
фронтална, индивидуална, групна; разговор, самостојна работа, текст-метод, објаснување, илустративно-демонстративен метод
Бура на идеи
3.ПОДГОТОВКА НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА
учебник, табла, креда, изработени филмски играчки од претходната година, листови, блок, боици, лепак, конец, фотоапарат или камера, ИТ(програма за изработка видео филмови)
За додатна :изработка хамер-макета со училишниот двор на која ќе се постават означените места за одмор, игра, движење-може и во училишниот двор со заштита од временските неприлики и од несовесните минувачи
4.ИНСТРУМЕНТИ И ТЕХНИКИ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Преку активностите, УПИ, лист за рефлексија

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ


Активности на наставникот
Активности на учениците
-Наставникот проверува дали учениците се
подготвиле за часот според неговите упатства од претходниот час;
-проверува дали имаат потребни средства за работа;
___________________________________
-објаснува начин на работа:
*работа по нивоа
1.Ученици кои изработуваат
стрип;
2.Ученици кои изработуваат филмски играчки(подготовки од претходниот час и дома);
3.Ученици кои цртаат/или фотографираат слики со помош на кои ќе се направи анимиран филм);
-Примена на техника Бура на идеи-предлог содржини со примена на еко;
_____________________________________
-разговара со учениците за изработките и ја објаснува темата на која ќе работат:
интегрирање на Еко-стандардот:Убав и уреден еколошки двор
-Целта на овие изработки ќе биде да им се покаже на учениците кои места во дворот треба да бидат заштитени од уништување преку обележување на места за одмор, за игра, за движење;
____________________________________
-По започнувањето на активностите ги надгледува, ги советува, помага;
-се рагледуваат изработките и се дискутира;
-дава можност за довршување дома;
-подготвените содржини ќе бидат изложени
со цел учениците да видат како се одржува чист и еколошки двор;
-прави галерија фотографии-или снима со видео-камера;
_____________________________________
Сите активности поврзани со овие содржини се објавуваат на нашата веб-страница www.rozemak.ucoz.com

____________________________________
-објаснува како да се подготват за активностите на следниот час:
Опис на лик

-Го следат наставникот во неговите активности и објаснуваат како се подготвиле за часот;
_____________________________________
-слушаат внимателно објаснувања од наставникот околу начинот и постапката за работа;
-прашуваат во врска со филмските играчки, цртежите, стрипот;

-даваат свои идеи за изработките со примена на еко;

-добиените задачи, самостојно ги изработуваат-се помагаат со учениците кои добиле иста задача;
-прашуваат во врска со нејасни прашања-бараат помош од наставникот или пребаруваат на интернет дадени страници од претходниот час;



____________________________________
-внимателно го следат објаснувањето на наставникот и активно учествуваат во сите сегменти на часот-ја интегрираат темата од еко-стандардот:Уреден и чист еколошки двор;
_____________________________________
-учествуваат во изложување на изработките
-се дискутира за темата и изработките, се објаснува по изложувањето на готовите изработки;
-дел се довршуваат дома;
_____________________________________
-се планира изработката на хамер-плакета со обележување на местата за движење, одмор, игра/додатна настава
-на изложбата се презентира илузијата на слика во движење со пмош на филмските играчки;
-прашуваат во врска со активностите за
следниот час.


Листа за рефлексија


Мислење на наставникот
1.група-индивидуално
Самостојно ја завршија задачата- стрип
2.група-индивидуално
Самостојно ја завршија задачата- филмски играчки
3.група-групно со договор
Поделени задачи и организирана групна работа; ги подготвија цртежите, а наставникот компјутерски ја направи анимацијата( Movie maker – Стоп анимација)



Предлог содржини:
-Ученик кој фрла отпадок во корпа;
-Ученик кој игра на игралиште;
-Ученик кој се движи по асфалтираната патека;
-Знак со кој се означува тревната површина;
-Клупа на која седи ученик.


Забелешки за реализација на часот/следни активности
Час богат со активности. Учениците со интерес и внимание работеа и успешно ја реализираа дадената задача. Поради временските услови не се обележаа местата за движење, одмор, игра во дворот. Се планира тоа да се направи преку макета на додатна настава.

Посетете ја и нашата страница за да ги погледнете активностите од претходните години поврзани со оваа содржина.

17. 11. 2015.

Вежба за глаголски конструкции




Прашања

Одговори

1. Како се образува глаголската конструкција со сум?



2. Напиши две реченици со сум-конструкција.


3.Како се образува има конструкцијата?


4.Напиши две  реченици со има-конструкција.

26. 10. 2015.

Песни-лични творби на учениците (2015/2016 год.)



Есен

Златни лисја во двор паѓаат
тажни птици за југ летаат
Децата низ паркот шетаат
есенска слика гледаат
Фикрија

Еко песна

Природата да се чува
размислувам често
за нас треба да биде
убаво и чисто место

Есен

Есента пристигна
во мојот крај
со плодови зрели
и со жолт сјај.

Есенски ветрови
почнуваат да свират
птиците во гранките
вешто се кријат.

Жолти лисја во есен
ко знаме се веат
Дождовни крупни капки
насекаде силно се леат.
Ајше

Есен

Дождот прска силно,
ние, во домовите
се грееме милно.

Облаци, втемнети мрачно,
жуборот на реките
се слуша гласно.


Еко песна

Во училишниот двор
отпадоци има
Ученици безгрижни, најадени
Лименки насекаде по паркот
опасност за борчиња насадени.
                Амина

Природа
Природата е бесценето богатство
кое Бог ни го дава,
а ние луѓето
ја уништуваме
со несвесна глава.

Природата ни дава дарови
секакви убавини
реки, планини и полиња.
Здивот ми се одзема
од таа магија.
       Един Цаноски
              

Еко

Во училишниот двор
слушам еден глас
една птица плаче
и моли за спас.

Крикот го слушнав и јас
Дожду, заврни силно
природата те моли милно.

Капка по капка роси
отпадот го носи
Учениците кренаа врева
природата на бунт се крева.

   Џениса и Ниса

Есен

Есенско сонце убаво грее
славејот најубаво пее
крушата од дрво паѓа
повторно нова се раѓа.
         Семир

Дрво

Во дворот дрвја има
сонцето убаво ги грее
Најголемо дрво  е борот
птицата на него пее.
     Недим

Еко песна
Дворот убаво ќе свети
аџо Рамче отпадот го мети
Птицата убаво пее
Сонцето дворот го грее.
         Семир и Недим

Есенски слики
Есента ја има
доаѓа по лето, 
а  е пред зима
Ветерчо силно дува
сите лисја ги рони 
Небото се смуртило
со сивкаста боја,
а лисјата и сонцето
тажат и пеат
песничка по есенски ноти.

Есен
Капка по капка
роси
Лист по лист паѓа
Ветришта веат
виулици по патот
Златни лисја сеат 
Есента е кралица златна
Додека не дојде
сребрена зима.
 Ниса Авмедоска

ЕСЕН
Есен е
птичји звук нема
последното ливче
од дрвото го снема.

Есен е
дожд врне
не ни требаат гумените црева
 дождот ја наводенил сувата трева.

Ветер дува- сонце нема
над езерото дожд се спрема,
но рибарот уште се мачи
и во есен  риба да фати.
 Ибраим Мавмудоски

Со седмо одд. пишувавме за есента и екологијата, а со деветто пишувавме за татковината.
Употребивме аудитивни и визуелни елементи во песните, а со деветто, песните ни беа преполни со паралелна и вкрстена рима.

                                     


Убава си татковино

Татковино убава мила
луѓето чекорат, по тебе одат
посјајна си од блескава свила
твоите моќни сили нѐ водат.

Во нашиот прекрасен крај
сѐ е како во рај
обоена во жолто-црвена боја
ти си, Татковино моја.
    Фарук Арифоски

        Татковина
Татковината мила моја,
обоена со златно-жолта боја,
за мене ти си рај,
облеана со сончев сјај.

Планини и реки те красат,
полиња со шарена свила,
стада овци по ледини пасат,
ти си ми многу мила. 

   8-1 одд.   

         Татковина

 Татковино наша мила 
 облечена во црвено-жолта свила.
 Јас се гордеам со тебе знај 
ти си мојот волшебен рај.

 Планини,реки,езера си скрила 
 ливади-шаренило од бои. 
 Топло гнездо за мене си свила
 за дедо,татко и децата мои.
             8-2 одд.

21. 10. 2015.

„Утрото над нас“- Кочо Рацин



                                      Кочо Рацин(1908-1943)
 Ја напишал стихозбирката „Бели мугри“.
 Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни) напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми.
                 
УТРОТО НАД НАС

  ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

           Активности на наставникот         Активности на учениците
Вовед:
-Поставува прашања(кратки-брзи) за рима и видови рима(паралелна и вкрстена).
Техника: Бура на идеи
Кочо Рацин-живот и дело, значење
На таблата како шема може да се забележат најважните работи.
-ги поттикнува да одговорат за ликот и делото на К.Рацин(социјални песни);-домашна работа на претходни часови
Учениците се подготвиле за    денешниот час,
одговараат на поставените прашања.
Кратко даваат свои информации за К. Рацин, за животот и делото
*Кога е роден и каде?
*Животен пат.
*Литературо дело
*Бели мугри-песните од збирката

Наставникот ја посочува песната,,Утрото над нас“ и дава дигресија за нејзиното настанување;

__________________________________

-бара од учениците да ја прочитаат во себе, а потоа искажуваат впечатоци;

-ги дели во групи(принцип на броење 1,2, 3...)
-На уч.компј. отворен е Роземак блогот со инструкциите за работа;
-ги надгледува групите и советува;
______________________________________
Во овој дел од часот се прави усна анализа на песната(групите презентираат): поетски слики,
мотив,строфи и стихови,
се пронаоѓаат стилските фигури и видот на римата(според местото на акцентот и местото во стиховите).

Дава објаснување за анализата на песната
Внимателно  го  следат објаснувањето на наставникот .

Часот тече динамично со брзо одговарање на
поставените прашања.
______________________________________
Учениците самостојно ја читаат и доживуваат
песната, слушајќи ги насоките од наставникот.
_____________________________________
Подготвуваат анализа на песната по насоки на наставникот-поделени во групи;
Илустрираат мал симбол-слика по песната.
______________________________________
Усно презентираат/избираат член

Да ги стават на лист и во своите портфолија.
Се дискутира по презентациите.
Учениците избираат група која најдобро сработила, а и самите групи на листот ги искажуваат своите впечатоци за работата.
Наставникот внимателно следи,помага, а потоа си запишува во листот за следење
Даваат свои коментари за часот,за начинот
на повторување.
Сублимира и дава домашна :да се подготват за лична творба на тема:Убава татковино Прашуваат околу домашната
ЦЕЛ: Да се примени знаење за рима при творење лирска творба


Предлог за планот:

1.Зошто Кочо Рацин го нарекуваат ,,поет на обесправените“,поет на „тутуноберачите“,поет на„копачите“?
2.Определи го мотивот во песната.(За чие утро пее поетот и кои се тие„над нас“ ?).
3.Што опишува поетот во првата слика?(првата и втората строфа)
4. Кои се тие „робја“ и зошто селата и градовите се„гробја“(третата строфа)
5.Чија е таа „мака пуста“?(четврта строфа)
6. Чија „снага крвави и нема радост никогаш“?
7.Каква „бура“ се подготвува ?(Кој ја предизвикува бурата?)
8. Видот на строфите, стиховите, римите и видот на песната.
9.Стилски фигури во песната



                   Утрото над нас 
Од далечнините модри се веат
на сонцето златните далги,
од далечнините модри се леат
на утринта росните влаги.
Под долги, меки ширини рамни
магла се танка крева
и по селата мали - заспали
шумоли скришно врева.
Шумоли - в срце тага налева
за црноземните робjа,
шумоли скришно за мртви поља
за села и градови - гробjа.
Ех, тија долги ширини рамни!
Ех, тaja мака пуста!
Мртви и темни сурови гламњи
скршена гранка маслинка!
По тиja пот се човечка дими
и снага крвава цвили,
по тијa радост никого нема
а сонце радосно има!
Но тиja росни утрини пресни
копнат во гради и тлеат.
Копнат и како бура пеат
и како огин палат.

11. 10. 2015.

Тема: Белези на авторската и народната поезија; Варијанти на старословенскиот јазик; Македонска варијанта; Македонски народни говори

Да се провериме!

I Белези на авторска и народна поезија
1.Дополни го одговорот!
Поезијата според создавачот е поделена на ___________и _____________ .      2/
2.Заокружи ја буквата пред точниот одговор!
Каква е следната  песна според создавачот?
                               Болен Дојчин
                     ...Двори мете лична Анѓелина,
                        двори мете,ситни солзи рони,
                        ја догледа брат и Болен Дојчин:
                        -Зошто,сестро,мила Анѓелино,
                        двори метеш,ситни солзи рониш?
а)народна песна                               б)уметничка песна                                           1/
3.Одговори на празната линија!
Кои се белезите на песната ,,Болен Дојчин“(според создавачот)?
 _____________________________ ,___________________________
 _____________________________, ___________________________                    4/
4.Со стрелки поврзи ги белезите со соодветната песна!

анонимен автор                                              
непроменлива содржина                                    народна песна
се создава писмено
колективна творба
променлива содржина
се создава усно                                                   уметничка песна
индивидуална творба
авторот е познат                                                                                                         8/
                                                                                                                    Вкупно:15/
II Варијанти на старословенскиот јазик; Македонска варијанта
1.Дополни!
Најстар литературен јазик на Словените е_______________________.               1/
2.Како се вика првата словенска азбука?Колку букви имала ?
___________________________________________________________                2/
3.На празнaтa линија напиши кој ја создал кирилицата?

          
____________________________________                                                               1/
 Одговори!Колку букви имала?
___________________________________________________________                 1/

3.Наброј  ги особеностите на македонската варијанта!
________________________, _______________________________,
_________________________________________________________ .                   3/

4.Во кои гласови преминал големиот  ер?
__________________________________________________________ .                 2/   
                                                                                                                      Вкупно:10/

III Македонски народни говори
1.Дополни!
Говорот со кој се служат луѓето од едно подрачје
се нарекува_______________________________.                                                1/
2.Кои се двете македонски наречја?
_____________________________,___________________________ .                2/
3.Поврзи со стрелка!Дијалект со наречје!

велешки                                   кумановски

 западно наречје
                                         источно наречје                                    струмички                           охридски                                                                   4/

4.Трансформирај гo текстот од дијалект на литературен јазик!

а)                            Гускарот и ламјата
     Си биле тројца брајча и си тргнале по к’смет,по работа.Одет ,одет,наождет на едно место една ламја к’ј што си го работет лојзето.Брајчата појдвет к’де неја и е опитвет али  е требет измечари,а таа им велит:
-Ми требет,ами како,ми требет,ево лојзево да се работат требит.
                                                                      -Народна приказна
____________________________________________________________
____________________________________________________________
____________________________________________________________
____________________________________________________________
____________________________________________________________
____________________________________________________________
                                                                                                                                    15/
б)За кое наречје станува збор во извадокот?
______________________________________________                                           1/
в)За кој дијалект станува збор во извадокот?
______________________________________________                                           1/
5.Заокружи кои дијалекти ја даваат основата на литературниот македонски јазик?
а)велешки, прилепски, битолски      б)скопски,тетовски                                        1/
                                                                                                                      Вкупно:25/
Скала на поени:
0-15-недоволен (1) ;16-25-доволен(2); 26-35-добар (3)
36-45-многу добар(4) ; 46-50-одличен (5)

                                                                                              Оценка:

29. 9. 2015.

Крале Марко во народното творештво

           
            Крале Марко е најголемиот јунак во народното творештво на Јужните Словени: за него, постојат голем број легенди и преданија, а тој е и најопеаниот јунак во народната епска поезија. Притоа, во народните песни, Крале Марко е опишан како јунак  со необични особини и со огромна, неверојатна сила, која ја стекнал уште од раѓањето. 

Марко купува сабја
Личба личат три млади телали;
личба личат низ виша Стамбола;
продаваат една остра сабја.
Скапа цена за сабја сакаат, 
ми сакаат девет стотин дукати
за телали уште деведесет.
Ми дочула Ѓурѓа самовила
и си зела сурега елена
си го зела за коња брзега
узенгии до две лути змии
жолта смока за камџија.
Негде-годе елен удираше,
три саати пред ветар бегаше,
тук да втаса во града Прилепа.
Да му каже Марку Кралевиќе.
Станал Марко на нозе јуначки
и си земал своја брза коња
и си земал жолтите дукати
си ја зеде Ѓурѓа самовила.
Дури ми се зора обзорила
ми дојдоа во града Стамбола,
ми купија таа остра сабја
што се дипли дванаесет дипли,
што се носи во бела пазува,
што ми сече дрво и камења.
И за ручек назад се вратиле,
вратиле се во града Прилепа.
Уште толку крчма ми испиле
пријатели, верни побратими.


Силата на Крале Марко
Шедба шетат Марко Прилепчанец,
шедба шетат замја по краина.
Ми пријавнал коња шаренаго;
дебелаго коња, кршигоро!

Ми наложил самура калпака,
на калпака до три огледала,
а под ними перја паунови;

Ми засукал мрка мустакина
-еден мустак до три руна црни;
ми намуртил очи соколови
и над ними вежди пијавици,
како црни крилја ластовички.
Ми опашал сабја дипленица,
што се диплит дванаесет пати,
што се носит коњу во гривата,
и ми сечит дрвја и камење.
А на седло богме ми приврзал,
што приврзал тешко боздугана,
што е тешка шестотини ока;
в рака држи оно бојно копје,
ко јасика тенко извишено;
се наметнал с гуња кабаница
ми црнеет како темен облак!
Си разиграл коња пеливана; 
се затресла кутра црна земја.