18. 5. 2020.

Дневникот на Ана Франк

Дневникот е творба во која точно и вистинито се забележуваат, по хронолошки ред (ден, месец и година)  најважните настани што му се случуваат на авторот. Тој ги предава своите чувства и мисли во врска со настанот или појавите во животот и природата.




Белешки за авторот

   Анели Мари „Ана“ Франк (12 јуни 1929 - почетокот на март 1945) била германско девојче од еврејско семејство од градот Франкфурт којашто стекнала слава благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна.  Со своето семејство се преселила во Амстердам во 1933 година, откако нацистите дошле на власт во Нацистичка Германија и се стремеле за окупација на Холандија која започнала во 1940. Откако убивањето на Евреите почнало да се зголемува од ден на ден, Ото Франк, таткото на Ана Франк во јули 1942 година, со семејството се криел во собите од неговата работна зграда. По две години групата којашто ја сочинувале и тие била пронајдена и испратена во концентрационите логори.  Седум месеци по нејзиното апсење, Ана починала од тифус во концентрациониот логор Берген - Белзен во деновите кога умрела и нејзината сестра Маргот Франк.  Нејзиниот татко Ото останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во 1947 година. Дневниците во својот оригинал се објавени на холандски јазик.
   Дневникот што и бил даден на 13. роденден претставува хронологија на настаните од тој ден, па се до 1 август 1944 година. Дневникот е преведен на многу јазици, а станал и многу популарен меѓу читателите. Стилот на којшто е напишан е добар, а темата на дневникот претставувала инспирација за повеќе филмови. Со својата слава, Ана Франк станала една од најчесто споменуваните личности од жртвите на Холокаустот. Пред околу 60 години биле објавени невините мисли на една млада тинејџерка. Меѓутоа, тие мисли не биле секојдневни - припаѓале на младата Ана Франк, 13-годишно девојче кое опишало како е да се криеш за да го спасиш својот живот од режимот на Нацистите. Од тогаш, нејзиниот дневник е продаден во повеќе од 30 милиони копии и е преведен на 67 јазици. 
                                                                           (од Википедија)


  • Прочитајте и погледнете за животот на Ана Франк ТУКА

  • Виртуелна прошетка низ семејната куќа на Ана Франк ТУКА

  • Извадоци од дневникот ТУКА

  • Ана Франк е симбол на невина и чиста  детска душа насреде тој пекол и зло коешто се случувало за време на Втората светска војна. И покрај тагата и страдањето, таа поседувала искра на добрина и чистота која ниедно зло не може да ја изгасне.
  • Подолу имате извадоци од Дневникот на Ана Франк (од учебникот):



  • Прочитајте го последниот запис од нејзиниот дневник!

Последниот запис во дневникот на Ана Франк

  • ЗАДАЧА!
Напиши  дневник за она што го доживуваш или ти остава силен впечаток во текот на денот, во ова време-невреме на коронавирус. Забележувај ги настаните точно и често!

Нема коментара:

Постави коментар