Драмска секција


       ДРАМСКА СЕКЦИЈА-ПРОГРАМА ЗА РАБОТА


      


                     Учебна 2012/2013 год.
Драмската секција вредно ја започна и учебната 2012/2013 година.По избраното раководство и  новите  членови на секцијата,започнаа подготовките за Патронатот на нашето училиште.Во договор со учениците,беа драматизирани приказната „Продавач на семки“(Ахмет и Алден) ,а Селма и Викторија учествуваа во  БОН ТОН при телефонирање.
Видеото од настапот можете да го видите на нашата Роземак страна.Кликнете на сликата!
Роземак-Патронат
                                    
                               НАЈНОВО!!
БИДЕТЕ ТУКА!!
                                       Учебна 2011/2012 год.                
На ден 30.09.2011г.Драмската секција активно се вклучи во прославата на Патрониот празник на нашето училиште.Честит празник училиште!
Драматизација на приказната,,Итар Пејо и селаните рибари“


                                                                                        





Во рамките на Драмската секција беше изготвен краток реферат за Војдан Чернодрински  од ученичката Станкоска Викторија.

-->
Реферат за Војдан Чернодрински

Војдан Чернодрински е роден на 15-ти јануари 1875 година во с. Селци во близина на Дебар.Војдан Поп Георгиев, кој уште во младоста го зел псевдонимот Чернодрински како
своевидно оддолжување конродниот крај(Црн Дрим).
Војдан Чернодрински бил основоположник на македонската драма и театар,раволуционер и
визионер кој не само што целото свое творештво туку и целиот свој живот и го посветил на поробената татковина.Чернодрински како е истакнат драматург кој прв успеал да ја конструира и афирмира нашата драма како самостоен литературен род.Тој имал несреќа да ја почувствува суровата реалност во својата татковина и бегајќи од зулумите 1890-та година ,со цело семејство се засолнил во Бугарија.Неговиот поробен народ е најзначајниот фундамент на кој се потпира неговото творештво.Неговото прво издание е трагедијата,,Македонска крвава свадба“,играна во Софија,1900 год. Чернодрински она што го знаел и го прееживеал забрзал да го изнесе на показ.Во расказот,,Дрвари“ и ,,Азбии“,херои се неговите блиски.Во ,,Македонска емиграција“ и ,,Мајстори“,тој бил непосреден учесник.Тој во 1897 год. Станал учител во село Могила.Во 1909 год.непосредно по Младотурската револуција,тој со жена си Марија се обидел да ги постави темелите на театарското дело во Македонија.


Драмската секција го одбележа Светскиот ден на учителот со драматизација на текстот,,Грешна дијагноза“(Македонски хумористични приказни).Драматизираа учениците:Ибушоски Рујмин,Мустафоски Халид и Сулејманоски Ќазим од шесто одделение.



Нашите членови се вредни и многу талентирани.Еве,слики од  подготовките и учеството на Отворениот ден на екологијата и здравата храна
Рујмин,Ахмет и Вики

Ахмет и Вики

Селма,Рујмин,Ахмет и Вики
 
Селма,Викторија,Ахмет и Рујмин
 Видеото од настапот погледнете го на нашата веб страна Роземак


 Драмската секција повторно е активна со подготовки за Денот на просветителите,Кирил и Методиј
Учениците се претставија со драматизација на текстот:,,Училиште мачилиште“,според книгата ,,Умните измислувачи“-В.Мартиновска,а адаптирано од наставничката Роза Китрозоска и со извадок од ,,Чорбаџи Теодос“-В.Иљоски.
Рујмин
Халид
Ќазим и Халид

Халид,Ќазим и Рујмин

Вредно се работеше

Селма како Параскева
Забавно на пробите

Ерсан како Теодос

Руждија како Наца

Браво за шесто- а одделение

Драмската секција неуморно работи и пред вас има неколку слики од нашите понови активности.                        


 


 

 
 

 

 


 








 


 

 

 

 








Нема коментара:

Постави коментар