26. 11. 2017.

Новата генерација ни доаѓа...

               Оваа објава е посветена на новата генерација која ќе се дружи со вас, нормално преку Роземак. За почеток дел од нивните творби со научно-фантастична содржина. Навистина, нивната фантазија е многу бујна. Прочитајте ги творбите на шестоодделенците.
                                                           
                                 
                                   Средба со суштество од друга планета

                 Убав ноемвриски ден, се шетав низ блискиот парк. Седнав на една дрвена клупа малку да се одморам. Уживањето во убавиот есенски ден ми го прекина една необична светлина што се појави пред мене. Како во сон, од светлината излезе чудно суштество. Се исплашив од неговата зелено-сина боја и чудни очи со кои љубопитно ме гледаше.
- Кој си ти?- треперливо го прашав.
- Јас сум Тини, од планетата Зума. Мојот вселенски брод се расипа и јас слетав овде.
Неговите движења ми покажуваа дека е пријателски расположен и дека бара помош. Му се приближив и го прашав:
- Дали сакаш да ти помогнам и заедно да го поправиме бродот?
Тој се согласи, но од неговиот стомак почнаа да се слушаат чудни звуци.
- Гладен сум, морам да јадам. Ако не јадам, ќе станам лош.
Јас веднаш го однесов кај мене дома и без да нè видат, од кујната зедовме супа со моркови. Тини слатко јадеше воодушевен од необичниот, за него, вкус. Потоа го послужив со торта од вишни.
-Мммм... никогаш не сум пробал вакво нешто! Вкусно, прекрасно!
Тини уживаше во неговиот престој кај мене. Ние си игравме разни игри и станавме добри другари.
              Времето брзо минуваше, а тој мораше да си оди. Вселенскиот брод успеавме да го поправиме пред да се стемни. Тини влезе во него, весело ме поздрави и ми вети дека ќе дојде повторно за да ме однесе на неговата планета. Одличен ден! Му ја подарив мојата белегзија за секогаш да се сеќава на мене.
             Светлината од неговиот брод полека исчезнуваше во далечината. Јас долго гледав кон небото восхитена од необичната средба.
                              Ученичка: Дилбера Шерифоска



                        Средба со суштество од друга планета
  
              Еден ден, јас и моите другарки отидовме на прошетка во најблискиот парк. Кога стигнавме таму, седнавме на една клупа. Разговаравме за необични нешта и суштества. Одеднаш, во непосредна близина забележавме силна сина светлина. Отрчавме да видиме што се случува.  Едно големо црвено суштество излегуваше од вселенски брод. Кога се заврте кон нас и нè погледна со своите зелени очи кои светкаа со сребрена светлина, ние почнавме да бегаме.
- Не бегајте, сакам да поразговарам со вас, јас првпат гледам некој како вас!
Ние подзастанавме и решивме да поразговараме со него.
-Ние сме деца од планетата Земја. 
Ги кажавме нашите имиња и весело почнавме да разговараме со нашиот нов пријател, Туту. Тој не беше страшен, туку мил и нежен. Се израдува кога му дадовме да јаде јаболко бидејќи никогаш не пробал такво нешто. Туту ни кажа дека на неговата планета нема деца и дека сите се големи и страшни суштества. Тој посака да одиме некогаш кај него на гости. 
            Во еден момент, се слушнаа звуци, доаѓаа возрасни кон нас. Тој се исплаши и веднаш избега. Ние стрчнавме по него, но не успеавме да го најдеме. Никогаш повеќе не слушнавме за него.
                                  Ученичка: Мирела Усоска
  

                                  Средба со суштество од друга планета
                
                Марти беше џуџе од друга планета. Го запознав во блискиот парк при едно негово слетување на Земјата. Нашето запознавање беше необично и страшно. Тој слета со силен звук и зад себе остави голема сина светлина. Јас многу се исплашив, а и тој не беше ништо подобар.
              Навистина беше интересен. Откако му се приближив забележав дека ми е до половината, со симпатично лице и широка насмевка, а очите му светкаат со зелен сјај. По почетната збунетост, брзо се спријателивме и започнавме разговор.
 - Јас сум од планетата Мартија, дојдов да запознам нови другари.
-Одлично, му одговорив, ти си на вистинското место. Најпрвин ќе те однесам дома, а потоа ќе те запознам со моите другари и другарки.
            Во мојот дом се чудеше на мебелот, големиот број украси, слики... Од храната што ја приготви мојата мајка, се насладуваше со задоволство. Тој никогаш не пробал таква храна. На Мартија, жителите јаделе само зеленчук и овошје.
            Најголемо изненадување, за него, беше кога го однесов да игра фудбал на училишното игралиште. Марти трчаше по топката, се вртеше наоколу радосен што научи нешто ново.
- Ах, си поминав прекрасно! - ми рече на заминување.
            Сите бевме тажни што си оди, но ни вети дека ќе дојде повторно, заедно со неговите другари и ќе одиграме пријателски фудбалски натпревар.
                                Ученичка: Хафса Мевмедоска

29. 10. 2017.

Есенски творби, 2017/2018 г.

Октиси во есен

     Есенска слика
Ги гледам лисјата златни,
од дрвјата полека паѓаат,
ветерот ја мрси мојата коса,
есента потскокнува боса.

Самовилата со златна четка,
ја обои природата за петка,
птиците есенска песна пеат,
децата се радуваат, се смеат.
            -Анастасија Стефаноска

 Есенска слика
Ластовичките си заминаа на југ,
кој ќе остане тука друг.
Есента волшебна навреме стигна,
знамето жолто природата го дигна.

Облакот мек како свила,
октомври го донесе на крилја.
Ветерот бучи и силно вее,
на децата под мустаќ им се смее.

Дождот без престан паѓа,
костените ги раѓа.
Весело береме и пееме,
со чајче топло ќе ги јадеме.
        -Седина Руфатоска

Есенска слика
Есен дојде златна,
жолтата боја ја врати,
и ластовичките ги испрати.

Ветерот гранките ги ниша,
дождот силно труби,
летото силата ја изгуби.
           -Ебру Цаноска
                                         
Есенско небо над Октиси
Есен
Дојде есен мила
облечена во жолта свила.
Славејот тажно пее,
а ветерот вее и се смее.
        -Адем Лутишоски
 Есен
Есен златна жолта
убава и мила
како волшебна си свила
со есенски крилја.

Лисјата силно се веат
птиците тажно пеат
децата во паркот седат
есенски приказни редат.
           -Сунчица Бадалоска

Есенска слика
Есен дојде деца
радувајте се вие,
есента е тајна
во срце што ни спие.

Кога есен дојде,
сите се радуваме,
од шумите наши,
костени собираме.

Ветерот, деца, дува, труби,
силен екот насекаде се слуша,
од волшебни есенски струни,
се топли секоја душа.
 -Виктор Шуминоски
                                                         
Есен во мене
Есен, есен
златна есен
насекаде дојде,
низ полиња пројде.
Есен, есен
златна есен
листови безброј,
паѓаат во строј.
Есен, есен
златна есен
ветерот дува,
секој да се чува.
-Емир Лутишоски
                                 

 Есента блеска
Есента во Охрид блеска,
езерото на галебите им се смешка,
на кејот ветерот дува,
лисјата од минувачите ги чува.

Жолт е Охрид град,
восхит од секој стар и млад,
есенска  волшебна е слика.
Дојдете, тој ве вика.
        -Бојан Будоски

 Есенска слика
Над Охрид есенско сонце грее
на езерото срамежливо му се смее.

Есента облечена во жолта свила
дојде, тивка, убава и мила.

Ластовичките заминаа на југ,
кој ќе пее сега друг.

Волшебна кочија низ градот врти
ги собира сите лисја жолти.
       -Евгенија Топузоска
                                               
Есенска слика
Есента е убава и жолта,
лисјата секаде ги има,
ветерот силно дува,
и од дрвјата ги прима.

Дождот ситно врне,
ја водени сувата трева,
птиците заминаа на југ,
со пискав и тажен звук.
      -Шехида Османоска

Есенска слика
Есента мене ми се смее
Ветерот силно вее
Гранките на дрвјата се нишаат
Ливче по ливче од нив паѓаат
Есента е обоена со жолта боја
Облаците си пеат песна своја
Есента е вистинска бајка
ја сакаме како наша мајка.
      -Анел Рахманоски

Есенска слика
Есента лисјата ги позлатува
ластовичките ги поздравува
дождето со наклон го прима
луѓето ги подготвува за зима

Есента е златно време
со плодови цело бреме
радост, смеа и песна
за Ален, Ева и Есма.

Есенска слика
Есента е најубава слика
сјајно која блика
жолтата боја дојде кај нас,
ох, многу се радувам јас.

Облакот капки рони,
ветерот непрестајно ѕвони,
есента ни дава плодови разни,
за подрумите да не бидат празни.
             -Есма Рамадани
                                         
Есенска слика
Дождот постојано лее
ветерот песни си пее.
Жолтите лисја се ронат,
на небото облаци се гонат.

Во родните дедови ниви
натежнале преполни гранки
со дуњи, јаболка, сливи

Во есен златни плодови се берат,
лисја насекаде се веат,
птиците тажно пеат.
         -Елдина Османоска


Есенска песна
Есенска песна се пее
дождот солзи лее
во мојот роден крај
сѐ е покриено со жолт сјај.

Дождот по покривот тропа
ластовички заминаа на југ
врапчињата останаа сами
топлиот дом со поглед ги мами.

Костени, круши, сливи
насекаде богат род.
Есента е богата мајка,
со плодови многу рој
 - Седмоодделенците


* Сликите од Октиси ни ги испрати Седина Руфатоска. Благодарност!

21. 4. 2017.

Творби за пролетта

                                        
Пролетта е прекрасна

                           Пролетта е прекрасна
    Убаво пролетно утро. Ме разбуди песната на птиците кои весело црцореа под мојот прозорец. Го отворив прозорецот и со полни гради вдишував од чистиот воздух. Не можев да издржам и веднаш излегов во мојата градина. Се воодушевив од зелената и цветна глетка што се простираше пред мене. Сѐ беше прекрасно и волшебно, не можев да поверувам.
    Во еден миг си помислив дека сум самовила на пролетта. Сонцето ги грееше првите воздишки на луѓето, а пролетта срамежливо ги галеше разнобојните цвеќиња и раззеленетите планини.Наоколу сѐ беше како бајка, весело и необично. Магијата на пролетта ме водеше насекаде.
Пеперутките летаа низ бескрајната синевина на небото расфрлајќи го волшебниот пролетен прав низ просторот.
    Навистина, пролетта е вистинска кралица која ја  обојува природата со разни бои. Нејзиниот мирис е толку прекрасен што нѐ опива сите. Го видов и виножитото кое се појави по еден ненадеен пролетен дожд.
    Пролетта е прекрасна, миризлива, разнобојна, волшебна, кралица. Јас многу ја сакам пролетта.
                     -Сунчица Бадалоска VI- 2 одделение

                                 
                         Пролетта е прекрасна
   Утро е. Се будам и уште нерасонет, ги чувствувам првите зраци на сонцето. Таа светлина како да ги избриша трагите од зимскиот студ и мраз кои останаа зад мене. Околните дрвја ги испуштиле своите пупки, се разграниле, а лисјата се раззелениле. Во нашите дворови птиците како да пеат различни песни поинакви од претходните. Јасиките и врбите се покриени со зелена капа, а ливадите како да се покриени со зелен килим.
   Со почетокот на пролетта како да се роди и детската смеа и игра. Со полни очи и детска радост ги играме сите најпознати игри. На околните стари дрвја, птиците формираат нови гнезда за да го сместат своето семејство. Околните потоци и реки жуборат со нова сила. Со секоја нова пролет како да имам ѓердан околу вратот со кој гордо ќе шетам и ќе се радувам.
   Пролетта е навистина прекрасна.

                       -Бојан Будоски VI-2 одделение
                                    
             
                            Пролетта е прекрасна
          Времето се стопли, сонцето ги пушти своите топли зраци. Се стопи и последниот снег. Веселиот Снешко во мојот двор се стопи испуштајќи ја тажна воздишка: „ До следната зима!“
          Од земјата срамежливо ѕиркаше изникнатото кокиче со неговиот бел цвет. Ете го првиот весник на пролетта. По кокичето изникнаа темјанушката, љубичицата и кукурекот кои нѐ поздравуваат со своите цветови.
          Се слуша и црцорот на птиците преселници кои се вратија во своите стари домови од топлите краишта, а по нив пчелките летајќи зуеја од цвет на цвет. Децата се исполнија со нова радост и излегоа надвор за да ги играат веселите пролетни игри.
          Пролетта е најубавата зелена кралица која ни носи нова радост и среќа.
                       -Адем Лутишоски VI-2 одделение
                                    





             Пролетта е прекрасна
   Едно убаво пролетно утро кога не бевме на училиште, излегов да се прошетам низ градината. Се воодушевив од тие прекрасни убавини што ни ги носи пролетта. Сѐ беше шарено, цвеќињата во разни бои, пупките на дрвјата расцветани, а птиците распеани. Блиската река тивко и весело жубори и се радува на секој нов пролетен ден. Пеперутки во разни бои ја красат градината и ја поздравуваат раззеленетата трева.
   Доволно е да набљудувам и да се воодушевувам. И како да не бидам среќен? Студените денови заминуваат и можам слободно да се радувам на пролетта бидејќи и таа желба ми се исполни. Пролетта е најубавото годишно време.
                            -Виктор Шуминоски VI-2 одделение

                               



4. 4. 2017.

Шминка во филм

         Филмот е уметност што ја користи сликата во движење.
Сликата во движење се темели на физичката особина на човечкото око- ретинална перзистенција (lat. persistentio retinalis). Мрежницата на човечкото око има особина да ја продолжува светлосната дразба околу 1/10 од секундата по нејзиниот престанок.  Ако видиме неколку статични слики кои брзо се менуваат, тогаш претходната слика се спојува со следната и добиваме илузија на континуирано движење-иако филмот се состои од статични слики.
Сликата во движење  е основното изразно средство на филмот. Успешно филмско дело се остварува со помош на повеќе изразни средства (не само со сликата): говор, глума, музика, звучни ефекти, шминка и др. 
     Шминката во секојдневниот живот се користи за да се скријат некои недостатоци на лицето, да се направи кожата да изгледа почисто, да се добие помладешки изглед. Филмската шминка  е нешто сосема поинакво – со неа се создава нова реалност.
       Шминката е средство кое се користи за портретирање на актерите давајќи им карактеристичен изглед и истакнувајќи ги одредените детали на лицето( веѓи, очи, уста).
         
Колку само реалистично изгледаат раните на актерите во филмот! Лузните, посекотините... навистина се застрашувачки. Можноста за менување на старосниот изглед на актерот е уште една од особините на филмската шминка( засилување на брчките, зголемување на подочниците, белење на косата...).
 Филмскиот шминкер е стручното лице задолжено за  специјалните ефекти кога станува збор за шминка во филмот.


Легендарната Елизабет Тејлор во улогата на Клеопатра
 
Нежната Одри Хепберн во Појадок кај Тифани
Џони Деп во улогата на Лудиот Шапкар во филмот Алиса во земјата на чудата


Хелена Бонам Картер како Црвената кралица во Алиса во земјата на чудата





























Моќта на шминката е повеќе од очигледна.

Макотрпна е работата за да се нашминка еден актер. На следниот линк, прочитајте за времетраењето на оваа работа при шминкањето на Леонардо Ди Каприо.
РАНИТЕ НА ДИ КАПРИО

      На часот по македонски јазик, восхитени од очигледните промени по шминкањето, решивме да се обидеме и ние да експериментираме и да се нашминкаме. Им благодарам на учениците, а посебно на Киметка и Аделина кои прифатија да бидат модели.
      На You Tube каналот пронајдовме многу видеа за шминкање, некои ги погледнавме, а и сами имаме талент и креативност за шминкање.

  Еве, неколку слики на половина нашминкано лице преземени од интернет. Разликата е очигледна, нели?




Нашиот труд вреди да се види. Се нашминкавме и ви ги презентираме резултатите.

ПОГЛЕДНЕТЕ!




Тамара и Аделина шминкаа
  






Киметка
Аделина




















14. 3. 2017.

„Хајди“- Јохана Шпири

                         
💬 Хајди (1880)  е швајцарски роман за деца кој го напишала Јохана Шпири.
                            Кратка содржина
   Хајди  има пет години и по смртта на своите родители, останува без старатели.  Тетката  Дета,  ја носи Хајди кај нејзиниот дедо во планината за да се грижи за неа. Дедото, во почетокот не сака да ја задржи зашто не знае ништо за одгледувањето деца.  Хајди е толку весела и ведра што не може некој, а да не ја сака. Брзо се спријателува со Дедото и планината за неа станува вистински дом. Хајди се спријателува со Петре козарот кој живее со неговата мајка Бригита  и  со слепата баба. Летно време Хајди и Петре одат со козите, а на зима дедото ја санка по снегот. Хајди е сочувствителна и успева да го наговори Дедото да  го поправи кровот на бабината куќа. Дедото всушност е многу добар човек кој има своја мачна судбина.
   По неколку години тетка Дета доаѓа и ја зема Хајди. Таа ја сместува во Франкфурт во домот на едно богато семејство. Хајди треба да се дружи со ќерката на г. Сезаман, Клара, која  е неподвижна после смртта на нејзината мајка. Во градот  Хајди ќе научи да чита, да се однесува убаво и ќе ѝ биде весел придружник на тажната Клара.
    Хајди ќе се разболи од тага и носталгија за Дедото, планината, чистиот воздух... Таа ќе се врати кај Дедото.
    Клара ќе дојде да ја посети, а љубоморниот Петре ќе ѝ ја искрши количката. Клара е воодушевена од планината, зелената трева, воздухот...
Со помош на Хајди и Петре, таа ќе успее да прооди. Сите се среќни и возбудени.

Хајди

Хајди-девојче кое од пет години останува без родители. Љубопитна, весела, насмеана, вредна, паметна. Таа многу го сака својот  планински дом.
Таа е искрена, отворена и подготвена да им помогне на сите. Се радува на ситници, ужива кога ги гледа ѕвездите од својот сламен кревет на таванот. Трча низ зелените ливади, собира цвеќиња, ја сака природата. Јака е и зрела за своите години. Сите ги исполнува со својата ведрина и оптимизам, а и дедото се менува кон подобро.

Лектирата ја работевме на два часа.
Првиот час ја разработивме содржината( тема, фабула, ликови, идеја). читавме најинтересни моменти од делото.
Вториот час ги анализиравме ликовите: Хајди, Дедото, Петре...
Се поделивме во групи и го илустриравме ликот Хајди со опис околу илустрацијата.
Потребен материјал: листови, боици 
Изработивме и кукли претставувајќи го ликот на Хајди.
Потребен материјал: Хартиени марамчиња, стапчиња за чистење уши, волница, боици, мали ластичиња.
Сѐ што направивме убаво го документиравме, па видете на следните слики.
                          
                                             
                                                                   
Хајди е весела и ведра















👀  Погледнете ја  интересната ТВ приказна за селото на Хајди  ТУКА


 👀 Гледајте го и прекрасниот анимиран филм за Хајди (на српски)


5. 3. 2017.

Стихови за мајката

 Моите амбициозни шестоодделенци се неуморни во пишувањето стихови. Сега твореа за мајката, за жената. Жената треба да се почитува, да се вреднува и цени. СРЕЌЕН ПРАЗНИК!
                                   

 Мајка
Мајко моја мила
убава и силна
ти си сончев сјај
убава ко месец мај

Мајко моја мила
убава и силна
ти си мајски цвет
поубав од цел свет

Мајко моја мила
убава и силна
од очи златен сјај
те сакам најмногу знај

-Виктор Шуминоски

                                          




Мојата мајка

Мојата мајка е мила
нежна како свила
таа е убав шарен цвет
во целиот свет

Таа е  светло сонце
 што топло ме грее
убави, весели песни
секогаш со душа ми пее

Мојата убава мајка
многу ми е драга
секогаш среќна и весела
со најубава насмевка блага

-Мерлина Мевмедоска
Аделиса Имероска
Шехида Османоска


Мојата мајка

Мојата  прекрасна мајка
е волшебен цвет
прекриен со сончев сјај
во зелениот месец мај

Мојата  добра мајка
е мека и нежна свила
убава е мила
Мајка ми е самовила
-Евгенија Топузоска

               


Мојата мајка
В срце носам мајчин лик
како сонце тој ме грее

В мисли носам мајчин збор
како славеј да ми пее

Мајко мила, мајко моја
твојот глас е благ
Мајко мила, мајко моја
секој час со тебе е драг

- Седина Руфатоска

 За мајката
Мила моја мамо
најубава на свет
прекрасна како цвет

Твојата руса коса
мека  како свила
ти си  прекрасна самовила

-Анастасија Стефаноска

                                   




Мајка
Еден миризлив цвет
кој е најубав на цел свет
Тоа е мојата мам!
Таа ме порасна лесно,
еј, убава си песно!

Весели песни пее
насекаде насмевки лее
љубовта секогаш ја дари
како цвет со секакви шари

-Есма Рамадани
                                      

Мајка
Ја сакам мојата мајка
како принцеза од бајка
прекрасен шарен цвет
најубав во целиот свет

Кога мајка ми се смее
како топло сонце да грее
многу е драга и мила
вистинска самовила

-Емир Лутишоски
                   


За мојата мајка
Мајко моја мила
ти си самовила
ти си ми се` 
на овој свет

Јас тебе те сакам  
ти си мојот цвет
птица во слободен лет
 -Селма Дервишоска 

Песна за мајката

Твојата мисла мајко,
низ животот ме води,
многу ти благодарам
мила што ме роди

Твоите очи сјајни
како две езера бистри
ѕвезда си светла
планински полиња чисти
-Лејла Дервишоска

Букет
Букет со црвени рози
на мама ќе ѝ купам
од срце ќе ѝ го дарам
прегратка само ќе барам.

Букетот е прекрасен
со црвена свила покриен
миризлив и раскошен
со секави шари украсен.

 -Елдина Османоска





















Драги мајки, баби, тетки, стрини, почитувани жени! Вредните раце на учениците не само што твореа  убави стихови туку изработија и прекрасни честитки.
                                             СРЕЌЕН ПРАЗНИК!