21. 10. 2021.

Морфолошка класификација на зборовите

 

Менливи и неменливи зборови

💬 Со шестоодделенците ја совладавме содржината за морфолошка класификација на зборовите со моделот на превртена училница (анг. flipped classroom).

 👉Во македонскиот стандарден јазик има  единаесет зборовни групи кои се делат во две групи според менливоста/неменливоста на нивната форма. 

Менливи зборови: именки, придавки, глаголи, заменки и броеви

Неменливи зборови: прилози, предлози, извици, честички, сврзници и модални зборови

👇 Погледнете ја нашата Прези презентација на оваа тема.

👉 Откако внимателно ќе ја проследите, запомнете ги овие поими: менливи зборови и неменливи зборови. Што означува поимот менливост?

👉Внимавајте на видовите зборови кои припаѓаат на менливите  и неменливите зборови.





👇 Решете ја следнава спојувалка! Кои се менливи, а кои неменливи зборови? Примери на зборови и зборовната група на која припаѓаат.


👇 Кликнете на нашата табла и според упатството решете ја вежбата.
Менливи и неменливи зборови
👇📷 По завршените часови следат слики од нашите активности









17. 10. 2021.

Видови лирски песни според мотивот

💬Лирска песна е куса сликовита поетска творба во која авторот ги искажува своите чувства.
Мотив е основна мисла водилка-поттик што го тера авторот да напише песна.
Според мотивот лирските песни се делат на: родољубиви, пејзажни, љубовни, хумористични и др. 
👉Со седмоодделенците се потсетивме на сите поими поврзани со овие содржини и вредно работевме.
👇Читавме, анализиравме, пребарувавме различни лирски песни. Погледнете ја презентацијата на Ева Бебекоска!

  👉Да повториме уште еднаш! Кликнете ТУКА!

👇Творевме лирски песни со различни мотиви; напишавме родољубиви, пејзажни, љубовни и хумористични песни

👇Прочитајте ги нашите лирски песни!



    Мојата татковина

 Татковината е нежна  свила

на сите ни е драга и мила

таа е како мајски цвет

најубава на целиот свет.

 

Црвено-жолто знаме се вее

златно сонце нè грее

нас нејзините мили чеда

ко мајка нè гледа.

-        Андреа Бебекоска



Есен

Езерото златна слика крои 

во сите есенски бои.

Таа на сите ни е мила

постела насекаде од свила

-        Андреа Бебекоска

  

 Жаба-баба

Јас сум госпоѓа жаба

а личам на краба

сонцето ме грее

в лице ми се смее.

 

Сонцето ќе пројде,

наутро пак ќе дојде

јас силно крекам

во барата гости чекам.

 

Јаболка, круши зрели

на сите ќе им дадам

а јас мушички мали

со сласт ќе ги јадам.

-Андреа Бебекоска

 


      ТИ 

Ти силно се смееш 

со твојата насмевка 

срцево ми го грееш 

 

Ти нежно ме гледаш

со твоите сини очи 

и на средба се надеваш

 -Андреа Бебекоска

  


Маче и куче

Моето маче мало,

и моето куче палаво,

немирни и бесни,

се расправаат ко сестри.

 

По цел ден низ двор

трчаат без одмор,

мјау и ав, леле, лудо,

кавга е тоа, вистинско чудо.

-        Тамара и Тео Ставрески

 


Есен

Есен дојде мила

со жолто-кафеава боја,

дрвјата низ паркот,

се прекрија со златна свила.

 

Езерцето е немирно

лебедите ги нишка,

облачиња темни,

ѕиркаат од небото ширно.

-Тамара и Тео Ставрески

 


Татковина

Татковината наша

убава како шарен цвет

расцветан во пролет

 

Татковината мила

Ја сакам без збор

на прашање е мој одговор

-Тамара и Тео Ставрески

 

Татковина

Мојата татковина

е полна со ниви житни

и со многи селциња ситни

 

Големи згради се вишат

течат бујни жуборливи реки,

покриени со облаци меки.

 

Градови, големи и мали,

Топли роднокрајни села,

Татковината ја сакаме цела.

-Тамара и Тео Ставрески

 

 


Татковина

Татковино мила

Со раширени крила

поубава од најубавиот цвет,

слатка како од пчели мед

 

Песната твоја ми грее душа

срцето тивко се смее  

а за друга татковина

не сакам никогаш да слушам. 

-        Марија Чочоровска

 


Пијана бајка 

 

Меца појде во визбата стара                                                          

со жабата што живее во бара,                                                  

да ги избројат парите во касата                                         

што стоеше одма до масата. 

 

До масата веднаш кај касата                                                    

 винце примамливо стои                                                      

веќе пет-шест години брои. 

 

Сиренцето бело од аголот ги гледа,                                           

 а денес е посна среда.                                                              

 Нивната мила душа                                                                                    

 не сака да ги слуша. 

 

Виделе не виделе                                                                     

пост прекршиле                                                                           

 винцето бело го испиле. 

 

 

Се најале се напиле                                                                    

веќе две недели пост не згазиле,                                                 

слатка дремка фатиле                                                         

 од винцето што се напиле.  

 

А глувчето в ќоше што стоеше                                                 

 в моментот стрча до касата                                                     

ги грабна парите ги броеше смело  

гордо качено на масата. 

 

Вреќа полна со парички                                                       

глувчето на грб си носеше                                                                

додека улицата ја минеше                                                          

студен снежец го косеше. 

 

А Меца и Жапко сладок сон си сонија                                               

и кога наеднаш се разбудија                                           

касата празна, парите ги нема                                                  

се преплашија, се зачудија. 

-        Марија Чочоровска


Мојата татковина

Мојата татковина мила

облечена во жолто-црвена свила

Сонцето свети како сјај

нема поубав од неа рај

 

Мојата татковина е цвет

ја сакам најмногу на свет

реките се бистри и чисти

планинските падини се исти

-        Господин Иваноски

 

Љубовна песна

Јас те сакам тебе

повеќе од сам себе

многу си ми мила

и нежна како свила

-Господин Иваноски


Хумористична песна

Навечер, за лесно да спијам,

јадам само по еден кит,

редовно си јадам и пијам-

и постојано сум сит!

-        Господин Иваноски



Мојата татковина

 

Мојата татковина

Македонија се вика

 

Античка некогаш била

цел свет го освоила

 

Како неа земја нигде нема

и словенска писменост развила

 

Езера сини, реки бистри се леат

по планини овчари песни пеат

 

Добри луѓе има безброј

гостопримлив народ мој

 

Охрид, Скопје, Водно

Ове Поле мое родно

 

Никаде на светот поубаво не е

овде насекаде сонцето грее

 

Имаш убавина како рај

најубава си моја знај

 

Јунаци храбри синови

за тебе се бореле сложно

 

Аманет си ни од дедовци

вечно да те чуваме.

-        Ева Бебекоска

 

Ти 

Зошто на Диме 

паметот му лета 

и постојано мисли 

на една Цвета? 

 

Зошто на часовите  

погледот му бега, 

на третата клупа 

ај, кажете сега? 

 

Зошто ко жарче 

в лице се вцрви 

кога покрај него  

Цвета врви? 

 

Зошто како паун 

Пред неа се перчи, 

а тоа на Верче 

и пречи? 

 

Зошто неа 

со поглед ја бара 

и поради неа 

со сите се скара. 

 

Зошто ранецот 

и го носи, 

а и купи и  

вечне за во коси? 

 

Зошто за Цвета  

родителите ги лаже 

и се срами 

за неа да каже? 

 

Можно ли е  

љубов да го мачи, 

штом Цвета  

толку му значи? 

 

Ти си причината 

собра храброст 

и кажа на Цвета, 

и сега во облаци лета. 

 Ева Бебекоска 



Час по германски 

Во шталата вчера 

чудо се случи, 

свињата почна  

германски да учи. 

 

Штом слушнаа животните 

извикаа на глас 

и ние ќе дојдеме 

на следниот час. 

 

Кога разбра кравата, 

ја истегна ставата, 

професор на час 

ќе ви бидам јас. 

 

Седнаа сите 

во дворот на шталата, 

му, му, му ги научи 

од јазик кравата. 

Ева Бебекоска 


ЕСЕНСКА СЛИКА 

 Летото топло си ојде 

есента брзо дојде, 

распосла килим од свила 

како вистинска принцеза мила 

 

Вистински есенски рај  

е нашиот роден крај 

со деца насмеани блика   

а ветрето со бои слика. 

-        Теодора Бебекоска

  

Татковина

Татковино моја мила

светиш како сончев сјај

облечена во жолто-црвена свила

топла, прекрасна како во мај.

 

Татковино драга топла

со планини, реки чисти

те гушкам, почитувам знај,

најмила си, вистински рај.

-Теодора Бебекоска

 

Татковина

Татковино моја мила

во жолто-црвена свила

најубава во цел свет

како црвен мајски цвет

 

Сонцето милно те грее

Ветерчок нежно вее

со лозја, богати плодни

ниви златни житородни

-        Мартин Чочороски

 

Есенска слика

Есен, прекрасен, лесен,

но понекогаш и бесен

нацртан како на слика

златна боја од неа блика

 

Полека на кочија во свила

ни дојде есента мила

во нашиот роден крај

есенски е вистински рај

-        Мартин Чочороски

  


Татковина

Мојата татковина

Македонија се вика.

Во неа сум роден

и многу ми е мила

 

Сакам да имам крила

да летам над земјава мила

Јас само ќе речам вака:

-Македонијо, те сакам!

 -   Атанас Костојчиноски

 

 

Мојата татковина 

Во полињата твои, 

житни класови зреат. 

Во планините твои, 

бели стада блеат. 

 

Во реките твои бистри, 

пливаат безброј риби. 

Сонцето твое ги гледа, 

нашите убави чеда.

-        Андреј Ѓорејлиески

 

 

 

 

Есенска слика 

Полека есента дојде, 

летото брзо пројде. 

Нејзината златна слика, 

на езерското платно блика. 

 

Крушите, јаболката зреат, 

за брзо ќе се берат. 

Баба компот прави, 

за да бидеме здрави. 

-        Андреј Ѓорејлиески

 

 

 

 

 



Есенска слика

Есента убава и златна

Сликарот ја нацрта на белите платна

Летото си оди

А есента сега нè води


Езерцето ја нацрта есенската слика

Од неа убавина блика

Таа е убава и мила

Облечена во златна свила

-        Ива Лазороска

  

Татковина

Татковино моја мила

нежна си како свила

Сонцето силно те грее

убавината весело се смее

 

Мојата татковина вечна

Македонија се вика

планини, реки чисти

ниви и езера, бистри

-        Ива Лазороска

 

 


Ти

Ти си сонце светло

Силно што ме грее

Од твојата насмевка

Срцето ми се смее

-        Ива Лазороска

 

Зајак


Еден зајак бел

многу сака да учи.

Во училиште

дојде тој

седна во клупа

и почна

да истражува со лупа

-        Ива Лазороска

 

Татковина

Татковината е мајка мила,

птица со раширени крила.

Татковината е небесен сон

распеан, разигран ѕвон.

 

Таа е планина чиста,

езеро и река бистра.

Таа е детска смеа,

невина, искрена Андреа.

-        Андреа Парталоска

 

Есенска слика

Нашата есен ни дојде,

летото безгрижно пројде.

Училишно ѕвонче ѕвони,

облаче дождец рони.

 

Есента наслика слика,

златната боја блика.

Ветрето на труба труби,

Сонцето зад рид се губи.

-        Андреа Парталоска



Татковина

Птици од цел свет

Дојдете во широк лет

Над родината моја

Испејте песна своја

 

Планини се вишат

Цвеќиња мирисаат

Езерски води бистри

Реки брзотечни чисти

-Бранкица Кукоска

 

Татковина

Еј, татковино мила

убава како нежна свила.

Ти си прекрасен цвет

најубав на цел свет

 

Јас сум родена во овој крај

волшебен, мирислив рај.

Вечно ќе ја љубам

Татковино не те губам.

-        Драгана Анѓеличиноска

 

 


Есенска слика

Есента со златни лисје полна

свети, трепка, се вие,

ветрето со труба свири,

го испрати летото да спие.

-        Воведа Србакоска

 

Татковино моја

Татковино моја

најубава на свет

те красат езерата

како најубав мајски цвет

 

Реките бистри течат

на падини планински

овчарски песни ечат.

Ах, убавини татковински!

-Воведа Србакоска

                    

Татковина


Татковино моја мила

покриена со жолто-црвена свила

Ти си сончев сјај,

убава ко месец мај


Твоите реки силно течат

Бистри сме, ќе речат

Езерото сино светка

прекрасна есенска глетка

-Евгенија Пешиноска


Есенска слика

Полека на кочија златна

ни дојде есента мила

со волшебно стапче

како вистинска самовила


Есенска прекрасна слика

со златножолти бои блика

сонцето фрла есенски сјај

опсипана со убавина е мојот крај

- Евгенија Пешиноска


Мојата татковина

Мојата татковина мила

најубава на овој свет

нè грее сите

со љубов мајчинска чиста

Таа е бистра како солза

Таа е мајски црвен цвет.

-        Анастасија Бебекоска

 

Есенска слика

Со волшебно стапче дојде

есенски рај ни даде

платно со златножолти бои

насекаде ни стои

есента е вистински рај

за нашиот роден крај

-        Анастасија Бебекоска

 

 

 

Ти

Ти си сонце светло 

Топло што ме грее

Од твојата насмевка 

Срцето  ми се смее

 





Жирафа

Жирафата дојде

Низ вратата со  главата пројде

Наочари брзо стави

Книгата ја зеде в  раце

Во училница се јави.

-        Анастасија Бебекоска


Мојата татковина 

 

Татковино ти си мила, 

облечена во црвено- жолта свила. 

Убава си како цвет , 

најубава на целиот свет. 

 

Ти си најубав крај, 

во прегратка на сончев сјај. 

Дрочи и шуми житен клас, 

за тебе песна ти пеам јас. 

 

 

Есенска слика 

 

Есента е златна, 

ко сликана на бели платна. 

Се воодушевувам на таа слика, 

дури сонце во очи ми блика 

 

Секаде каде што таа оди, 

лисјата жолти со неа ги води. 

Како што таа дојде, 

така весело пројде. 

 


Ти 

 

Ти си сонце, 

што силно ме грее. 

Ти ми ја правиш душава, 

весело да се смее. 


Твоите очи се сини како море, 

твојата насмевка е длабоко во срцево мое. 

Ти си ми најбитна, 

од целиот свет. 

Кога мислам на тебе, 

уживам како в лет. 


Хумористична песна 

 Една стара жаба 

за првпат стана баба 

во барата крека  

гости ќе има од цела река 

-        Иван Маретиќ

👉 Да повториме! 

 



👉 Погледнете ги и сликите од нашите активности!