21. 2. 2022.

„Црни и жолти“-Славко Јаневски (презентација преку слики - изработка на телевизор)

 💬 Оваа објава ја пишувам на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, а стихозбирката „Црни и жолти“ е уште една потврда за богатството на нашиот јазичен израз.

      Музикалност и сликовитост  низ перото на Славко Јаневски.👇

💬 Збирката „Црни и жолти“ содржи предговор со наслов „До мојот читач, се знае - кој и да е! (строго доверливо)“, 19 песни, како и Речник со објаснувања.

Во предговорот, Славко Јаневски им соопштува на читателите дека книгата настанала како резултат на неговите три патувања низ Африка и Азија, каде посетил повеќе земји, како: Сирија, Пакистан, Индија, Бурма, Малаја, Јужен Виетнам, Борнео, Сингапур, Хонгконг, Јапонија, Гвинеја, Судан и Египет. На тие патувања видел: мумии, скулптури на фараони, камили, нилски коњи, факири, змии, погреби на кои се пее, црнци во лов на газели, Малајци во лов на сабјарки и јапонски столетни дрва.

Тој нагласува дека вистинските настани од патувањата ги опишал во книгата „Горчливи легенди“, додека измислените случки ги напишал во „Црни и жолти“.

Славко Јаневски

 „Црни и жолти“ е важна книга и поради тоа што во неа авторот се обидел да пронајде бројни гласовни совпаѓања на зборовите во македонскиот јазик. На пример, тој ги ставил во врска следниве зборови: смена-хиена, танки-гранки, палма-чалма, сито-питон, брашно-страшно, поглаварите-краваритекозарите-лозарите, чуда-Буда, чекор-млеко, хипопотам-да претам, црпка-грпка итн. Звучноста на своите песни Јаневски ја постигнува и со повторување на некои гласови со што се засилува музиката на стихот. 

На пример, во песната „Ако не е вистина голема лага е“, тој го користи гласот „ш“ за да го изрази ноќниот мир. Исто така, тој често ја користи ономатопејата: там-там, автара-бавтара, бавтара-тавтара, Кре-кре-крака, тика-тик, тика-так итн. Покрај тоа, во книгата е присутен хијазмот, т.е. симетричната инверзија на исказот во стихот (зини-лапни, лапни-зини; ќерка мамина или черкина мамичка), како и други семантички фигури во кои стилското средство се гради со помош на значењето што се менува, користејќи ги метонимијата и оксиморонот. Секако, во песните се присутни и необични метафори, а најголемата доблест на песните е нивниот хумор. Понатаму, интересно е тоа што авторот води дијалог со литературата, зашто многу од песните се однесуваат на книжевните поими, како што се: романбаладаприказна, песна, театар итн.

( Јадранка Владова, „Чудесна поетска географија“, во Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 84-87.)

👉Прочитајте ја и претходната објава за „Црни и жолти“

💬 На часовите за обработка на лектирата имавме различни активности. Нормално, претходно ја прочитавме стихозбирката, анализиравме две песни во тетратката за лектира, пишувавме белешки за авторот, а потоа усно ја разработувавме. Необичните песни полни со хумор, во кои се испреплетуваат фантазијата и реалноста ги читавме и анализиравме со задоволство. Учениците, навистина ги сакаат овие црно-жолти песни.

Секогаш на часовите за лектира се обидуваме да бидеме креативни и да додадеме свежина при обработката на делото. Оваа година изработивме телевизор со сцени од нашата омилена песна. 

👇Како се изработува телевизорот?

Редослед на поетските слики-изработка на телевизор

1. Подолг лист хартија(или споени два или повеќе А4 листови). Пресечи ги со ширина нешто помала/потесна од картонска кутија за чевли (така листовите ќе одговараат на ширината на кутијата).

2. На листовите  нацртај црни рамки во кои ќе црташ сцени од песната (пример осум или повеќе полиња/ние нацртавме пет)

3. На картонската кутија направи по два отвора од секоја страна доволно широки за низ нив да поминат картонски ролни (пр. од хартиени марамчиња).

4. Потоа кутијата затвори ја и одреди еден дел од капакот кој ќе го отсечеш како би отворил прозорец. Големината на прозорецот треба да одговара на рамката за цртање.

5. Откако го утврди редот на поетските слики, секој дел прикажи го како цртеж и нацртај ги сцените во рамките. Листовите залепи ги на картонската ролна и затвори ја кутијата.

Со вртење на ролната од страните, низ прозорчето на капакот од кутијата ќе се прикажуваат и менуваат сцените. Врти ги сликите и биди лирското Јас во песната.

👇Останува да видите што направивме. Подолу, на сликите, се одличните изработки на шестоодделенците.👇

                                             

                                      


















































Забелешка: Изработивме еден телевизор, а учениците изработија сцени за песните: „Суданска балада“, „Приказна по спротивен ред“, „Шах“, „Автара-бавтара“, „Абавагула и Дорефасула“, „Нхма-Кхма“, „Мандаринијада“, Пошла прва камила, пошла втора камила“, „Бунтот на чадорите“.

Наместо ролни од хартија, на горниот дел од телевизорот отворивме процеп низ кој ја провлекувавме хартијата. Долниот дел од хартијата се наоѓаше во внатрешноста на ТВ.

Сцена по сцена учениците беа лирското Јас од нивните избрани песни. БРАВО!

20. 2. 2022.

Разговор-постери на седмоодделенците

 👇 Најновите постери за културен разговор на нашите седмоодделенци (2021/2022 год.)

Андреа Бебекоска



Мартин Чочороски







Ива Лазороска

Анастасија Бебекоска

Атанас Костојчиноски

Воведа Србакоска

Драгана Анѓеличиноска

Иван Маретиќ

Евгенија Пешиноска

Марија Чочоровска

Мартин Бебекоски

Марија Чочоровска

Ева Бебекоска


Драгана Анѓеличиноска