17. 12. 2018.

Заменки


                                                      

  Заменките се зборови кои означуваат или посочуваат предмети, суштества и појави.
Според значењето заменките се делат на три групи: лични, лично-предметни и показни заменки.
1.Лични заменки
Со личните заменки се означува односот на учесниците во разговорот(односот кон говорната ситуација).
Еднина                                  Множина
1л. јас                                         1л. ние
2л. ти                                          2л. вие
3л. тој, таа, тоа                          3л. тие

прво лице – лицето што зборува (јас, ние);
второ лице – лицето кому му се зборува (ти, вие);
трето лице – лице кое се споменува во говорот, а не мора да биде присутно (тој, таа, тоа, тие).


Лично-повратна заменка(себе, се и себе, си)-нема подметска форма.

Личните заменки имаат долги и кратки форми за директен и индиректен предмет.
                      еднина
            директен                           индиректен
            предмет                             предмет
1л.јас:  мене, ме;                            мене, ми
2л.ти:   тебе, те;                             тебе, ти
3л.тој:  него, го ;                            нему, му
     таа:  неа, ја;                               нејзе, ѝ
     тоа: него, го;                              нему, му
                 множина
            директен                         индиректен
            предмет                           предмет
1л.ние:нас, нè;                            нам, ни
2л.вие:вас, ве;                             вам, ви
3л.тие:нив, ги;                             ним, им
еднина и множина
директен предмет:себе(си),се
индиректен предмет:себе(си),си

2.Лично-предметни заменки
Лично-предметни заменки се: кој, што и чиј и изведени од нив.
Според значењето и функцијата се делат на:
прашални(кој?, што?, чиј?), односни(кој,којшто,што,чиј,чијшто), одречни(никој,ништо,ничиј)
општи(секој, сешто, сечиј) и неопределени(некој, нешто, нечиј, кој било, кој-годе).

3.Показни заменки
Тие посочуваат просторно и временски, лица и предмети во однос на лицето што зборува.

овој, оваа, ова; овие(за блиски предмети до лицето што зборува);
оној, онаа, она; оние(за оддалечени предмети,но лицето што зборува ги гледа);
тој, таа, тоа; тие(за предмети блиски до соговорникот).

Таа вози велосипед.
                                     Да го провериме нашето знаење!

Вежба за заменки (за лични заменки-отвори го линкот)


Вежби за показни заменки(за домашна работа)

Препишете ги овие реченици во тетратките за домашна работа. При тоа на местото од празните линии внесете ги потребните форми од показните заменки.

1.  Денес го купив ___________ молив.
2.  ________ книга ја добив како награда.
3. Со ___________ шестар работам на час по геометрија.
4. ___________ очила ги носела баба ми.
5. ____________ јаболка се многу вкусни.
6. Со _______________ чанта се служам три години.
7. Денес ги купивме  ____________ круши.


13. 12. 2018.

Медиумска култура- Филмска музика

                 Филмот е уметност на сликата во движење. Развојот на филмот започнува кон крајот на 19 век. Првите почетоци на филмот во светот се поврзани со браќата Лимиер. Во Македонија, славата им припаѓа на браќата Манаки.
                 Пронаоѓањето на филмот  ја отворило епохата на електронските медиуми во која спаѓаат и радиото и телевизијата.
                 Филмот популарно е наречен седма уметност. При создавање на еден филм вклучена е голема екипа: сценарист, режисер, актери, сценограф, камерман, монтажер, шминкер и др.
Најзначајни изразни средства на филмот се: говор, глума, музика, звучни ефекти, шминка и др.

                                                      Филмска музика

                  Музиката во филмот силно влијае врз свеста и чувствата на публиката. Таа може да спојува или да разделува целини, да враќа во минатото, да го објасни изразот на лицето на актерот, да ја засили драматичноста на филмот и сл.
                Композиторот е автор на музиката. Заедно со режисерот и сценаристот  се трите важни алки  во изработката на  добар филм.
                 Уште од самите почетоци, филмот го следи музика. На почетокот, музиката била изведувана во живо, за време на проекцијата на филмот, на клавир, оргули или со оркестар. Најголем процут, музиката на филмот достигнала за време на познатите мјузикли.
Многу филмови се памтат, во најдобар случај и поради музиката.
„Александар Невски“ (1938)-Ејзенштајн со музика на Сергеј Прокофјев, „Вештерките од Луден“ (1971)- Кен Расел со музика на Питер Максвел Дејвис, или „ Доктор Живаго“ со музика на Мишел Жар.
                 Музиката во филмот може да биде наменски компонирана за тој филм, или да биде постоечка, архивска. Секое прилагодување на веќе постоечката музика, поинаку аранжирана или со друг состав на оркестарот се третира како оригинално компонирана музика.
Постојат легендарни филмски остварувања кои ќе се паметат и по фантастичната музика.
























10. 12. 2018.

Извици


                                                     

1. Извиците се неменливи зборови.
2. Со нив се изразува чувство, се обрнува внимание, се имитираат звуци.
3. Се изговараат со повисок тон.
4. Ист извик се употребува со повеќе значења.
5. И други зборови вршат служба на извици.
6. Извиците може да се удвојуваат.


Текстови за драмска игра
1.
-ЕјЕвзедојди ваму! – луто викна мајката.
- Мамоеве мерече Евзе.Зошто ме викна?
Наместо одговорсе чу тивко: мјаумјауОбајцата молчеа.
-Мамичкене лути се! Го најдов ... беше гладно ...
-Бреуште што не ќе направиш!  Ах,  кој ќе се грижи сега за него?
Запомни, мачето е твоја обврска !
- Леле, мамо колку сум среќен!
Одеднаш се чу - трас! Погледнаа на подот. А таму –куп ситни стакленца. И мачето, гледајќи ги тажно, како да молеше за прошка.

2.
-Еј, дојдете ваму! - се слушна во училишниот двор.
-Сите исплашени истрчавме надвор.
-Што се случува?- праша Селма.
Наместо одговор, се чу гласно: Офоф, ме боли! Сите замолчеа.
-Леле, деца, Нермин ја скрши ногата! Се пушти по лизгавицата и трас-падна!
Аууу!! Извикаа децата - брзо да се однесе во болница!


5. 12. 2018.

Фантастичен расказ, 2018 г.

                                                   

                                      Посета на непозната планета
                      Станав разбуден од црцорењето на птиците. Брзо се облеков и седнав да појадувам. Низ мојата глава се  менуваа мисли и слики за моето скорешно патување до една непозната планета.
                     Брзо дојде и тој ден и јас се најдов во вселенското летало. Каква возбуда, какви слики пред моите очи! Ѕвезди рој, астероиди... вселенски летала кои се движеа низ орбитата.
                    Слетав на пистата предвидена за гости и летала од други планети. До моето летало автоматски се приближи вселеномобил и јас седнав на возачкото место. Брзината со која се движев беше неверојатна. За миг се најдов во еден парк. Прекрасна рапсодија од бои околу мене. Дрвјата беа сини, листовите виолетови, а тревата портокалова. Зачудуваше и фонтаната од која течеше портокалова вода. Се приближив и се напив. Почувствував вкус од портокал. Навистина беше вкусно. Продолжив со мојата прошетка. Видов куќи што беа направени од бисквити, лижавчиња, гумени бонбони. Веднаш почувствував глад. Тропнав на една врата.
Ми отвори еден необичен жител на таа планета. Целиот беше црвен, а очите му светкаа со златен сјај. Тој љубезно ми се насмевна и ме покани внатре. Трпезата беше преполна со секакви вкусни јадења и пијалаци. Со Кик брзо се спријателив и споделив разни интересни сознанија за нашите планети.
                  Времето поминуваше и јас морав да се вратам на мојата планета.на истиот начин се вратив во мојот дом, полн со убави спомени  за другата планета. Следува посетата на мојот нов пријател, Кик и новите возбудувања на нашата планета, Земја.
                                 - Анел Мијадиноски VI 2 одд.
                                                   

                                        Посета на непозната планета
                   Џиновското вселенско летало беше подготвено. Пред мене беше уште една авантура, посета на непозната планета.
                   Со силен звук полетав и се најдов во волшебниот безвоздушен простор на Вселената. Насекаде околу мене имаше разни небесни тела што светеа со необичен сјај. Летав по патеката до мојата цел, Чудесната планета.
                    Слетав на едно широко пространство обиколено со стаклена ограда. Се вчудовидов, навистина сѐ беше чудесно. Ме пречека моето ново пријателче, Брок и ме однесе во неговиот дом. Тој живееше во една стаклена куќа со црвена боја. Столчињата и креветите беа направени од жолто стакло.  Ме почести  со печени јаболка и  бисквити со чоколада. Прекрасно си поминувавме. Ми раскажа за неговата чудесна земја, за училиштето од стакло во сина боја, за другарите и игрите. Прошетавме и видовме многу необични стаклени објекти, обоени во најразлични бои. Се чудев како е возможно ништо да не се скрши, а жителите да живеат и да се однесуваат вообичаено. Брок ми кажа дека тоа е специјално стакло кое се произведува на нивната планета и сите жители го имаат како главен извор на заработувачка.
                   Времето брзо леташе, па јас морав да се вратам назад. Се поздравив со Брок, а тој ми даде необичен стаклен предмет со помош на кој ќе може постојано да се гледаме и слушаме. Јас се заблагодарив и го поканив на мојата планета, Земја. Прекрасно си поминав и задоволен се вратив дома.
                         - Авнија Шајноски VI 2одд. 
                                                         

                                               Посета на непозната планета
                     Влегов во ракетата и со голема брзина се упатив кон планетата Сирма. Ова беше мое прво патување на друга, непозната планета. На почетокот чувствував страв, но набрзо, тој се претвори во возбуда и восхит од необичните слики кои ги видов на ова мое патување.
                    Со необичен тресок ракетата се спушти на планетата Сирма.  Јас бев зачуден од она што го видов. Со мојата камера почнав да снимам и сликам сѐ околу мене. Сретнав необично високи суштества на кои им требаше лупа за да ме видат. Куќите беа џиновски, со тркалезни кровови и големи прозорци и врати. Кога стигнав до една река, затекнав друга слика. Преку мостот поминуваа џуџести суштества и јас морав да внимавам да не ги згазнам.
навистина чудесна и необична планета.
                   Преполн со впечатоци, едвај чекав да стигнам дома за да им ги покажам снимките и сликите од Сирма на моите најблиски.
                          -Адријан Бадалоски VI 1 одд.
                                                       
                                      Средба со суштество од друга планета
                       Весело станав од креветот, подготвена за новиот ден што ме чекаше. Ме заслепи силна сјајна светлина што доаѓаше од надвор. Погледнав и забележав како од светлината се појавува мал летечки брод. Се зачудив и истрчав да видам што се случува. Од летечкиот брод се појави мало страшно суштество. Сино, со четири очи, две нозе и четири раце изгледаше застрашувачки.
         - Се викам Тиго и доаѓам од планетата Тик- Так. - ми се обрати.
         - А, зошто дојде овде?
         - Нашиот наставник нѐ испрати на други планети за да се дружиме со други суштества.
Необичниот гостин беше многу пријатен и откако го запознав воопшто не беше страшен. Ние се спријателивме и срдечно разговаравме. Тиго го запознав со моето семејство и со моите другарки. Сите го засакаа и весело разговараа со него. Јас го прошетав до моето училиште, му го покажав моето родно место и  го почестив со наши специјалитети.
                   Тиго вечерта си замина, со ветување дека ќе дојде повторно. јас му ветив дека ќе го посетам на неговата планета Тик-Так.
                                   -Аделина Дервишоска   VI 1 одд.

                              Средба со суштество од друга планета
                        Еден ден, отидов во паркот, седнав на една клупа и со радост го слушав пеењето на птиците. Мирот ми го наруши некој необичен звук кој доаѓаше  од блиската шума. Слушнав силна бучава и ненадеен тресок ме натера да скокнам од клупата. Се упатив кон силната бела светлина од која излезе едно чудно суштество. Се исплашив и почнав да бегам со брзи чекори.
    - Почекај, не бегај! Јас сум добар, нема да те повредам!- ми се обрати.
Јас застанав и се вратив назад. Токи, необичното суштество, паднало на нашата планета со својот вселенски брод кој останал без енергија. Тој беше многу интересен, облечен во сребрено одело. На главата имаше тркалезна кугла од која излегуваа антени преку кои разговараше со мене. Додека неговиот брод не се наполни со енергија, јас го понудив со прошетка низ моето место. За него сѐ беше интересно. Дрвјата, реката, куќите, а кога ги виде децата како играат фудбал на игралиштето се воодушеви. Тој зачудено гледаше и посака да добие една топка  за да игра со неговите другари.
                     Се стемни, бродот беше полн со енергија и Токи се вивна високо кон небесната шир. Јас си отидов дома. Кога си легнав, една ѕвезда падна кон мојот прозорец, а на неа пишуваше : „ До гледање!“
                                    - Таида Шерифоска  VI 1 одд.