13. 12. 2018.

Медиумска култура- Филмска музика

                 Филмот е уметност на сликата во движење. Развојот на филмот започнува кон крајот на 19 век. Првите почетоци на филмот во светот се поврзани со браќата Лимиер. Во Македонија, славата им припаѓа на браќата Манаки.
                 Пронаоѓањето на филмот  ја отворило епохата на електронските медиуми во која спаѓаат и радиото и телевизијата.
                 Филмот популарно е наречен седма уметност. При создавање на еден филм вклучена е голема екипа: сценарист, режисер, актери, сценограф, камерман, монтажер, шминкер и др.
Најзначајни изразни средства на филмот се: говор, глума, музика, звучни ефекти, шминка и др.

                                                      Филмска музика

                  Музиката во филмот силно влијае врз свеста и чувствата на публиката. Таа може да спојува или да разделува целини, да враќа во минатото, да го објасни изразот на лицето на актерот, да ја засили драматичноста на филмот и сл.
                Композиторот е автор на музиката. Заедно со режисерот и сценаристот  се трите важни алки  во изработката на  добар филм.
                 Уште од самите почетоци, филмот го следи музика. На почетокот, музиката била изведувана во живо, за време на проекцијата на филмот, на клавир, оргули или со оркестар. Најголем процут, музиката на филмот достигнала за време на познатите мјузикли.
Многу филмови се памтат, во најдобар случај и поради музиката.
„Александар Невски“ (1938)-Ејзенштајн со музика на Сергеј Прокофјев, „Вештерките од Луден“ (1971)- Кен Расел со музика на Питер Максвел Дејвис, или „ Доктор Живаго“ со музика на Мишел Жар.
                 Музиката во филмот може да биде наменски компонирана за тој филм, или да биде постоечка, архивска. Секое прилагодување на веќе постоечката музика, поинаку аранжирана или со друг состав на оркестарот се третира како оригинално компонирана музика.
Постојат легендарни филмски остварувања кои ќе се паметат и по фантастичната музика.
























Нема коментара:

Постави коментар