12. 8. 2013.

Од народната ризница - Д

1. Да се чува човек од лошо, дури не му дошло.
2. Дај со раце, барај со нозе.
3. Далеку оди, ама и за дома мисли.
4. Два лешника еден орев кршат.
5. Два лути камења брашно не мелат.
6. Две лубеници под една мишка не се носат.
7. Две раце за една глава.
8. Дете повеќе да милуваш со раце, одошто со лице.
9. Детето и милуј го, и негде накажуј го.
10. Детето додека не паѓа, не може да научи да оди.
11. Децата повеќе ја милуваат играчката од јадачката.
12. Децата се како роса: сега ги има, сега ги нема.
13. Дните си летаат како со крилја.
14. Добрата реч оди далеку, а лошата уште подалеку.
15. Добри пријатели и од браќа се помили.
16. Добрината бргу се заборава, а лошотијата не се заборава.
17. Друго кројат глувците, а друго мачорот.
18. Дури е младо дрвото, се вие.
19. Дури е човекот жив, барем да е здрав, та ако е троа сиромав.
20. Дури не му дојде времето, не пукнува грнето.
21. Дури не посееш, нема да жниеш.

                      
Да се чува човек од лошо, дури не му дошло.





Од народната ризница - Г

1. Главата прави, главата трга.
2. Гладна кокошка просо сонува.
3. Гледај го коњот, не гледај му го огламникот.
4. Гледај го пијаницата и пожалај ми ги децата.
5. Голем залак голтни, голема реч не речи.
6. Голема снага чуму ти е кога имаш шупливо срце.
7. Голо здравје, готова треска.
8. Гора со гора не се среќава, а човек со човека се среќава.
9. Горе високо, долу тврдо. 
10. Гори ли на комшијата куќата, трчај да ја гаснеш твојата.
11. Господ да те чува од гол фодул.
12. Господ да те чува од лоши пријатели, да за од душмани сам ќе се чуваш.
13. Грми, врни, патот си врви.


Грми,врни,патот си врви.

19. 7. 2013.

Од народната ризница - В

1. Варди се да не се поболиш, оти мачно можеш да оздравиш.
2. Вербата планиње поместува.
3. Види го прво дрвото, па после седни под него.
4. Види му ги на човека прво другарите и после есапи каков е тој.
5. Викај по волкот дури не влегол во булукот.
6. Виното го прави човека еднипати везир, а еднипати резил.
7. Високо орелот лета, та затоа и далеку гледа.
8. Во една гемија кај има многу капидани, таа можи и да пропадни.
9. Во ново грне што ќе туриш попрво, на тоа ќе мириса.
10. Во село без пци и без стап не се оди.
11. Во устата од царот има и оган и вода.
12. Водата спие, душманот не спие.
13. Волк пастрма не чува.
14. Волкот влакното го менува, ама карактерот не.
15. Времето слама продава.
16. Волот се врзува за роговите, а човекот за зборовите.