12. 8. 2013.

Од народната ризница-Д

1.Да се чува човек од лошо,дури не му дошло.
2.Дај со раце,барај со нозе.
3.Далеку оди,ама и за дома мисли.
4.Два лешника еден орев кршат.
5.Два лути камења брашно не мелат.
6.Две лубеници под една мишка не се носат.
7.Две раце за една глава.
8.Дете повеќе да милуваш со раце,одошто со лице.
9.Детето и милуј го,и негде накажуј го.
10.Детето додека не паѓа,не може да научи да оди.
11.Децата повеќе ја милуваат играчката од јадачката.
12.Децата се како роса:сега ги има,сега ги нема.
13.Дните си летаат како со крилја.
14.Добрата реч оди далеку,а лошата уште подалеку.
15.Добри пријатели и од браќа се помили.
16.Добрината бргу се заборава,а лошотијата не се заборава.
17.Друго кројат глувците,а друго мачорот.
18.Дури е младо дрвото,се вие.
19.Дури е човекот жив,барем да е здрав,та ако е троа сиромав.
20.Дури не му дојде времето,не пукнува грнето.
21.Дури не посееш,нема да жниеш.

                      
Да се чува човек од лошо,дури не му дошло.





Нема коментара:

Постави коментар