3. 12. 2025.

Омилен глумец/глумица (2025 година)

 💬Филмот е уметност на сликата во движење. Развојот на филмот започнува кон крајот на 19 век. Првите почетоци на филмот во светот се поврзани со браќата Лимиер. Во Македонија, славата им припаѓа на браќата Манаки.

        Пронаоѓањето на филмот  ја отворило епохата на електронските медиуми во која спаѓаат и радиото и телевизијата.

         Филмот популарно е наречен седма уметност. При создавање на еден филм вклучена е голема екипа: сценарист, режисер, актери, сценограф, камерман, монтажер, шминкер и др.
Најзначајни изразни средства на филмот се: говор, глума, музика, звучни ефекти, шминка и др.

Под поимот глума подразбираме специфичен начин на оживување на драмското дејство со помош на повеќе изразни средства.

Задачата на глумецот не се состои само во тоа да го интерпретира текстот, туку да го прикаже настанот, да го води дејството.

  АКТЕР ВО ТЕАТАР И ФИЛМСКИ ГЛУМЕЦ

        Филмскиот глумец им е многу близок на гледачите бидејќи филмската камера ја регистрира секоја промена на неговото лице и неговото однесување. Затоа, филмскиот глумец мора да глуми природно и повоздржано од актерот во театарот. Филмскиот глумец постојано се прекинува бидејќи снима кадар по кадар кои на крајот се подредуваат и спојуваат. Тој не мора секогаш да учествува со својот глас. Доколку главниот глумец има неадекватен глас, лош говор, се пронаоѓа друг глумец и се синхронизира неговиот глас, додека улогата ја глуми главниот глумец. Во некои филмови каде што има потреба од скокање, качување по јаже, јавање коњ и сл. се ангажираат стручњаци кои се нарекуваат каскадери.

Каскадер е двојник на главниот јунак (дублер) што го заменува во снимањето на опасни сцени во филмот.

Главни средства кај глумецот, кои се важни при снимање на филм се: мимика, говор, гест, движење, поглед, фотогеничност, природност и др.

Како во театарот така и во филмот постојат глумци кои ја играат главната улога и епизодни кои се појавуваат само во некоја епизода. На сцената (во театар) актерот ја игра улогата во континуитет, а во филмот глумецот снима дел по дел. Во текот на снимањето филмскиот глумец нема контакт

На оваа објава се занимаваме со изработка на постери за нашиот омилен глумец/глумица.

👇Погледнете во продолжение. 

Јана Билбилоска IX a одд.

Кристина Тодороска IX  а одд.

Јана Меческа


Климентина Мурџоска 


Александар Кецкароски




1. 12. 2025.

„Ѕвездено небо“ - стихозбирка на група ученици

 💬Пред вас е електронската книга која содржи песни на ученици од ООУ„Живко Чинго“, Велгошти. Песните се напишани по различни поводи и испратени на различни конкурси.

💬 Прочитајте ги и почувствувајте ги чистите емоции на детската душа.

💬 Оваа збирка е објавена како дел од чествувањето на 150 години од првото основно училиште во Велгошти.  

30. 11. 2025.

Вежби за прости глаголски форми

 


 💬 Внимателно прочитај го текстот, а потоа одговори на дадените барања.

  Предновогодишна прошетка

Јана ја чешлаше својата долга коса. Во собата влезе сестра ѝ:
 – Облекувај го палтото!
 Јана зачудено ја погледна и ја праша:
 – Зошто, ќе одиме некаде?
Мина ѝ кажа дека одат во Струга. Јана го облече палтото и викна:
 – Доаѓам, ги облекувам чевлите.
 Автомобилот ги чекаше пред вратата. Тие весело влегоа внатре и заминаа.
По половина час пристигнаа во Струга. Сестрите се фатија за рака и тргнаа по подарок. Долго време шетаа што заборавија на времето.
– Мина, погледни ја елката, Струга навистина е убаво украсена. – рече Јана.
Тие шетаа низ продавниците и купуваа подарок за роденденот на братучетка им.
 – Одлично, купивме подарок. Да се вратиме. На роденден ќе одиме во 17 часот.
  – Јана, трчај, доцниме! – викна Мина.
 – Еве, сум! – рече Јана.
Задоволни и среќни се вратија дома, а потоа отидоа на роденден. 
 
👇Задачи:  
1. Препиши ги глаголите!
2. Одговори според барањата:
-Глаголи во прво лице:
-Глаголи во второ лице:
-Глаголи во трето лице:
-Глаголи во еднина:
-Глаголи во множина:
-Глаголи во сегашно време
-Глаголи во минато определено несвршено време
- Глаголи во минато определено свршено време
3. Препиши ги речениците во кои е употребен:
Заповеден начин_______________
 
 
 
 
💬Внимателно разгледај ја сложувалката, а потоа поврзи ги соодветните прости глаголски форми!
 

 

 

 💬Стани милионер решавајќи го нашиот квиз. Внимателно прочитај го прашањето и одговори точно! Среќно!

  

 

 

Текст за домашна работа👇 

 

Штурец и мравки

           Во зимно време побара штурецот од мравките некое зрно житце на заем, но тие го избркаа од својот дом.

ー Ние цело лето работевме, а ти свиреше.

            Штурецот со наведната глава си заминал дома. Тој не добил храна и останал засрамен. 

20. 11. 2025.

Кратки фолклорни жанрови - здравици и благослови; клетви

 

💬 Во македонското народно творештво има богатство од здравици и благослови за слави, семејни веселби и други пригоди. Здравицата е краток говор или затврден израз од неколку зборови што се кажува со крената чаша пијалак кој се пие во нечие здравје, во нечија чест или за нечиј успех.

  💬Зборови што изразуваат добри желби со повикување на божја милост, придружена со крстење, прекрстување.

 💬Изразување желба до некого за нешто добро, за среќа, за здравје, успех и сл.

 

Да наздравиме за љубов!

 Еве дел од нив:

1.
Два ангела летаа,
по престоли госпотски,
китки цвеќе китеа,
рајски песни пееја:
Алилуја, алилуја,
Господи помилуј,
повели напи се, Иване,
помогол ти денешен.

2.
Ристој вајскрс Самртнаго,
Самртниу ступи,
гробнем живо дарова
два гроба живо дарова.
Благослови на чаша со вино или ракија по нашите села.

3.
Добро здравје!
Добра мисла!
Мир и милост!
Господ од лошо да не чува!
Господ да ни чува седбата!
Дар по полето!
Здравје во стоката!
Некоја смеќа на душманите,
ум и разум на рисјаните!
На помош денешен (името на празникот)
и си светци помошници!
Бог да ни ’и прости крстени души!
Блаосојте и здравица ви!

4.
На помош вчерашен, денешен и утрешен.
Свети Дух да подуе полето!
Што се пеат на приет:
Машки деца, женски јаганца,
дар во благата,
чад во буништата,
огон во огништата,
роса по полето
мед и млеко во планињето,
здрави,  живи домаќините
сосе тајфите (домашните),
куќи полни со гости, пријатели,
братска љубов!
Бог да ни ’и прости крстени души!
Блаосоите!
Здрами се!

5.
На куќа слама,
во куќа слава
да е жива
домаќинска глава!

6. Благослов при пиење вино и ракија на свадба

Господи Боже, поможи!
Господ да ни поможи,
и си светци небесни,
и денешна Света Богородица
да не крепи надесно
и да не има под рака!
Свети Арангел милостив
и чесен крст да не укрилит!
Свети Илија да ни го чуа
полето со бериќето,
и Свети Дув да ни подуе полето,
за полни да ни сет амбарите,
полни бочви со вино и ракија!
Да ни е жив домаќин,
да му е жива домаќинка
и челад што му дал Господ,
во челад и во стока добрина!
Колку клиње во куќава,
толку синои у домаќина!

Да му се живи овците,
трлото да му е полно
со машки јаганца калеши!
Стрижење, молзење,
јадење и пиење
од века до века, дај Боже!

Брацка љубов да имаме,
трешница на душмани,
да се влечат по газоите,
на мешини по мостоите,
бели камења да ватат
и назад да се не вратат;
Света земја да појдат
и тамо да останат!

Брацка љубов и добра мисла
Господ да ни даит!
На стари годиње добра старос
и добри дни!
Блаосоите и здрав ми сте!

Откога ќе ја испиет чашата, ќе ја турат, велејќи: „Колку капки останаа во чашава, толку душмани да останат.“ Ако се погоди и свадба да имат во куќата, при друзите (горни) зборои ќе се блаосоит и вака:

Да ни се живи младенците
и турачите што ни тураат
по чесна трпеза вино и ракија!
Арџот и страмот за век!
Годинава венчаваме,
до година да крстиме,
и на помали да исчекаме!
Да сме живи и гостите
што го веселиме домаќино!

Вакваа радос и веселје
и во нашите куќи,
и на нашата челад!
да се радуаме и веселиме:
кој од срце кој од глаа,
кој од челад, кој од брат,
кој од сина и внучиња!
Блаосоите ме и здрав ми сте!

„Ов, ов, ов што била слатка оваа ракија што ми ја подаде зетов“, - ќе речит пијачот. Друзите гости ќе му одречат со насмет: „Слатка е, побратиме, ја, оти од зет ет подадена, затоа е слатка.“

На прс прикажуаат тие селани што можат да редат ваквие зборои на чашата кога да се пиет на соборт или свадба. Сејкој му се чудит на тој чоек што блаошава вака, како знаит да блаошават толку многу како на книга да гледат.

7. Кога да пиет вино

Протекол ми м’тен Дунав, занесол ми чаша вино; поклон дојде до кумета; кумот ми се љуто к’лнит, „Жии Бога не је моја, туку ми је Николо’а, пи Никола пи, опет наполни“.

8. Одговор
Мори чашо бу чашо, што ми бучиш на мене, ете јунак за тебе.

9. Здравици за Божик
Сме докали Божик здрави – живи, сјдер здрави, живи да дочекаме и в година. Ајде аирлија да је.
*
- Кој честит чест да имат.
-Амин!
- Ај,среќно, аирлија!
- Амин!
-Ај здравје!
- Амин!
-Здрав да ми си!
- Сполајти!
-Бог в село.
- Бог меѓу нас. Свекому добро, свекому среќа да бидет. Пили, јали, зло не видели!
- Амин!

10. Здравица на Света Тројца
Старец’т како што ет обичај, зеде букар’т, сја прекрсти и почна да благословуват:

- Господи Исусе Христе! Пречиста Богородице! Свјатиј Никола и вси светци да сет на помошт! И денешна свјата Троица да ет на помошт. Бог да даит што ни срце сакат. Да сја родит жито и вино. Колку зрна толку осмаци! Колку гроздове, толку бочки! Бог да простит и мртви души! А вам, млади – хубави невести! А вам моми – хубави момчиња! Мир и милост на всите! Здрави били!
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- 

*Од книгата „Говорни народни умотворби“, избор, редакција и предговор Марко Китевски, Скопје 2011.

(Подготвено од  Марко Китевски)

 


Новогодишна здравица
Стојан Тарапуза

Да е здрава како дрен,
да е светла како ден,
да е стројна како бор,
да е топла како збор,
да е цветна како цвет,
да е медна како мед,
да е појна како пој,
да е ројна како рој,
да е дрочна како клас,
да е крилна како глас,
да е вирна како вир,
да е родна како мир…
Кој тоа?

Годината што иде-среќна да ни биде!

💬 Клетва (или колнење) е форма на говор при што (спротивно од благословите) се посакува да се случи нешто лошо.  Голем дел од клетвите се собрани од фолклорните дејци како народни умотворби. 

Прочитајте на следниот ЛИНК 

Кратки фолклорни жанрови - гатанки

 

💬Гатанка краток жанр на усното народно творештво. Тоа е двочлен израз составен од прашање и одговор.

  Заби нема ама каса. (зима)


Бел пес пред куќа лежи. (снег)

  

Напред оди, назад не се враќа. (време)


Половина погача над куќа. (Месечина) 

Сè во куќа изгоре, а куќата остана (луле)



Гола е, а цел свет го облекува (игла) 

  • Коски нема, коски крши (јазик)
  • Мало грненце, слатко варивце (костен) 
  • Кожата црна, срцето бело (костен)
  • Иво се вози на девет нози, сам бог се чуди како се вози (пајак)
  • Воздухот го создава, живее без тело, слуша без уши, зборува без уста (ехо)
  • Со едно огниште цел свет се грее (сонце)
  • Околу куќа оди, во неа влегува, а ништо не фаќа (сонце)
  • Има четири нозе и плеќи, а не може да оди (стол)
  • Црвен дедо заклучен седи (вино)
  • Во едно буре две сорти вино (јајце)
  • Бел чаршав цела земја покрил (снег)
  • Баба зева, дедо виси (бунар и кофа)
  • Прво ќе го дадеш, а потоа ќе го држиш (збор)
  • Син вир дно нема (огледало)
  • Ако ме употребиш ќе бидеш ти, ако ме изгребеш тогаш ќе бидеш никој (огледало)
  • Тебе ти припаѓа, а други ти го користат (име)
  • Црн арап на врата виси (клуч)
  • Секогаш доаѓа, но никогаш не останува (утре)
  • Долг Тодор без коски (чад)
  • Немам ниту рамена, ниту грб, а носам голем товар (мост)
  • Бесна кучка в гора лае (секира)
  • Од куќа до куќа оди, а внатре не влегува (улица)
  • Црно јаже по земја се влече (мравки)
  • Тело и зборови има, а уста и глава нема (книга)
  • Ум дава, а не зборува (книга)
  • Сама ум нема, а на друг му дава (книга)
  • Секој плаче за него, а никој не оди со него (мртовец)
  • Тој што го купува не го употребува, а тој што го употребува не го гледа (мртовечки сандак)
  • Цел живот е врзана, а кога ќе ја пуштат, ја носат на колење (лубеница)
  • Шарена, шарена, со рака не се фаќа (змија)
  • На една нога седи, а срцето и е во главата (зелка)
  • Сама баба куќа носи (желка)
  • Сив сокол под земја лета (плуг)
  • Црно тури, а црвено извади (железо)
  • Колку што ги правиш, толку зад себе ги оставаш (траги)
  • Бела погача на ќерамиди виси (месечина)
  • Таа беше тука уште кога постана светот, а цела се појави пред еден месец (месечина)
  • Кожата му е црна, срцето му е бело (костен)
  • Околу дрво оди, а во него не влегува (кора)
  • Главата в гора, опашката в море (река)
  • Никнува во гора, пат сама прави, штом море ќе сретне, во него се дави (река)
  • Дење и ноќе патува без да застане (река)
  • Врви пред сонцето, а не прави сенка (ветер)
  • Црна мечка по планина бега (магла)
  • Стар дедо на ќерамиди лежи, не се помрднува (оџак)
  • Гола сум, а цел свет го облекувам (игла)
  • Каде и е главата нема око, каде и е окото нема глава (игла)
  • Две сестри сè гледаат, а самите себе не можат да се видат (очи)
  • Еве ја, ене ја, ја нема (искра)
  • Ако го храниш ќе живее, ако му дадеш вода ќе умре (оган)
  • Една плоча го покрива целиот свет (небо)
  • Старци со бели бради не можат да се стигнат (бранови)
  • Цел ден те стега, а кога спиеш те ослободува (ремен)
  • Студена змија на гуша виси (ѓердан)
  • Низ него одиш, а не го гледаш (воздух)
  • Крени ја – плаче, легни ја – молчи (гајда)
  • Рикна вол во темен дол, чуја лисиците напрчија опашките (тапан)
  • На свадба го канат, таму ќотек јаде, гласот му се слуша кој знае до каде (тапан)
  • По планини и полиња оди, а никогаш не мрда (пат)
  • Мера нема и број нема (пат)
  • Градови и села има, куќи нема, планини има, дрва нема, реки и езера има, вода нема (мапа)
  • Полна пештера со клинци (уста)
  • Сив сокол свисна, земјата се стисна (мраз)
  • Брат и сестра се бркат и не можат да се стасат (ден и ноќ)
  • Живо свиено со игли набиено (еж)
  • Целиот дрвен во главата црвен (кибрит)
  • Двајца браќа близанци, очи имаат а не гледаат, јазик имаат а не зборуваат и двајцата заедно умираат (чевли)
  • Повисоко од човек, а пониско од петел (капа)
  • Како да ја фрлиш на нозе паѓа (мачка)
  • Ти ја празниш, а таа е сè поголема (дупка)
  • На сонце излегува, а на облачно се крие (сенка)
  • Што е најбрзо на светов (ум)
  • За еден е многу, за двајца доволно, а никако за тројца (тајна)

 

17. 11. 2025.

Месец на книгата (15 октомври - 15 ноември)

„Книгата е отворен прозорец кон светот“

💬„Месецот на книгата“  се одбележува секоја година во периодот од 15 октомври до 15 ноември  со цел да се придонесе за популаризација на читањето меѓу учениците. Наставниците по мајчин јазик, одделенските наставници или библиотекарите од училишната или најблиската градска библиотека вообичаено се лицата задолжени за организација на овие настани. 

💬ООУ „Живко Чинго“, Велгошти  спроведе активности за „Месецот на книгата“.
Повелете во продолжение неколку идеи за тоа како да го одбележите овој период.

💖Учениците од деветто одделение направија насловна страница за нивната замислена книга. Погледнете неколку идеи.👇

Насловната страница на нашата книга

     💬Учениците се навистина креативни и со успех ги користат сите дигитални алатки кои им се достапни.👍

Кристина Тодороска IX а одд.


Кристина Тодороска IX а одд.

 
Димитар Бошкоски



Леонид Јоноски IX a одд.

Леонид Јоноски IX а одд.



Тамара Шапкароска IX а одд.

Тамара Шапкароска IX a одд.

Леона Новеска IX a одд.

               
Од презентацијата

                               
Јана Меческа IX а 

              

 💬Учениците од осмо одделение работеа на втората активност: „Ѕе сцена од книга“👇

Креативна игра   

 

Креативци

 

 

 









Михаил ја презентира својата изработка











Климентина 

Евгенија

Аделина

Михаил

Софија


Деспина

                                                                                      

Илија

Јана

💬 Учениците од шесто одделение  илустрираа песна од збирката „Црни и жолти“- С. Јаневски



 

 

💬 Учениците од 7.б одд. направија сликовница за „Перуновата стрела“ - Нина Анастасова-Шкрињариќ


Меланија, Михаела и Евгенија



Климент, Јосиф и Кристијан



 





Петар, Димитар и Евгенија изработија две сликовници за „Перуновата стрела“

 




Петар и Димитар