💬Филмот е уметност на сликата во движење. Развојот на филмот започнува кон крајот на 19 век. Првите почетоци на филмот во светот се поврзани со браќата Лимиер. Во Македонија, славата им припаѓа на браќата Манаки.
Пронаоѓањето на филмот ја отворило епохата на електронските медиуми во која спаѓаат и радиото и телевизијата.
Филмот популарно е наречен седма уметност. При
создавање на еден филм вклучена е голема екипа: сценарист, режисер,
актери, сценограф, камерман, монтажер, шминкер и др.
Најзначајни изразни средства на филмот се: говор, глума, музика, звучни ефекти, шминка и др.
Под поимот глума подразбираме специфичен начин на оживување на драмското дејство со помош на повеќе изразни средства.
Задачата на глумецот не се состои само во тоа да го интерпретира текстот, туку да го прикаже настанот, да го води дејството.
АКТЕР ВО ТЕАТАР И ФИЛМСКИ ГЛУМЕЦ
Филмскиот глумец им е многу близок на гледачите бидејќи филмската камера ја регистрира секоја промена на неговото лице и неговото однесување. Затоа, филмскиот глумец мора да глуми природно и повоздржано од актерот во театарот. Филмскиот глумец постојано се прекинува бидејќи снима кадар по кадар кои на крајот се подредуваат и спојуваат. Тој не мора секогаш да учествува со својот глас. Доколку главниот глумец има неадекватен глас, лош говор, се пронаоѓа друг глумец и се синхронизира неговиот глас, додека улогата ја глуми главниот глумец. Во некои филмови каде што има потреба од скокање, качување по јаже, јавање коњ и сл. се ангажираат стручњаци кои се нарекуваат каскадери.
Каскадер е двојник на главниот јунак (дублер) што го заменува во снимањето на опасни сцени во филмот.
Главни средства кај глумецот, кои се важни при снимање на филм се: мимика, говор, гест, движење, поглед, фотогеничност, природност и др.
Како во театарот така и во филмот постојат глумци кои ја играат главната улога и епизодни кои се појавуваат само во некоја епизода. На сцената (во театар) актерот ја игра улогата во континуитет, а во филмот глумецот снима дел по дел. Во текот на снимањето филмскиот глумец нема контакт
На оваа објава се занимаваме со изработка на постери за нашиот омилен глумец/глумица.
👇Погледнете во продолжение.
![]() |
| Јана Билбилоска IX a одд. |
| Кристина Тодороска IX а одд. |
![]() |
| Јана Меческа |
![]() |
| Климентина Мурџоска |




Нема коментара:
Постави коментар