16. 8. 2012.

Броеви

Броевите се зборови со кои се означува количество.
Разликуваме броеви за точна (определена ) бројност и за приближна бројност.
Определена бројност-количеството е точно избројано(два, три, сто...).
Приближна бројност-количеството е приближно избројано (два-три, стотина, седум-осум...).
Броевите се количествен признак на именките и немаат посебни граматички значења, освен за определеноста (со член или без член).
Бројот еден има форми за сите три рода (еден една едно), а образува и множина (едни) која има значење на заменка.
Бројот два оди со именки од машки род , а формата две со именки од женски и среден род (две девојки, две деца).
Броевите по состав се делат на прости и сложени.
Прости броеви се броевите од еден до десет, а и бројот сто.
Во простите броеви се и нула, илјада, милион, милијарда, билион и сл., но тоа се именки со бројно значење (бидејќи имаат род, еднина и множина).
Сложените броеви се составени од еден збор (триесет) или нод повеќе зборови (три илјади триесет и пет).
Сложените броеви се образуваат на два начина:
1. Од десет до деветнаесет со предлогот на, кој стои меѓу десетката и единечниот број: единаесет, дванаесет, тринаесет, четиринаесет, петнаесет...
2. Од дваесет па натаму со сврзникот и,кој стои меѓу претпоследниот и последниот број од изразот: дваесет и осум, триесет и пет, четириесет и четири, осумстотини триесет и четири, две илјади триста шеесет и девет...
3. Кај десетките и стотките со директно додавање: седумдесет, осумдесет, деведесет,
шестотини, осумстотини...
Бројни форми за лица од машки род
Кога имаме определена бројност на лица од машки род, или група во која барем едно лице е од машки род се користат форми со суфиксите-ица,-ина и -мина(двајца,тројца,четворица,
петмина,стомина,осуммина).
Броевите кои искажуваат приближна бројност се образуваат на два начина:
1.Со поврзување на два последователни броја (седум-осум,пет-шестотини);
2.Со суфиксот -ина (десетина, педесетина, стотина).

Дадов три гола!!





Нема коментара:

Постави коментар