Сегашно време, минато определено несвршено време, минато определено свршено време (временски), заповеден начин(начинска), глаголска л-форма, глаголска придавка, глаголска именка и глаголски прилог (нелични).
Сегашно време
Сегашно време се образува кога се додаваат наставки на основниот вокал на глаголот.
Наставки за сегашно време се:
Сегашно време
Сегашно време се образува кога се додаваат наставки на основниот вокал на глаголот.
Наставки за сегашно време се:
еднина множина
1л. -м 1л. -ме
2л. -ш 2л. -те
3л. / 3л. -ат
а-група
чита
еднина множина
1л. читам 1л. читаме
2л. читаш 2л. читате
3л. чита 3л. читаат
и-група
оди
еднина множина
1л.одам 1л.одиме
2л.одиш 2л.одите
3л.оди 3л.одат
е-група
плете
еднина множина
1л. плетам 1л. плетеме
2л. плетеш 2л. плетете
3л. плете 3л. плетат
Значење: Сегашното време означува дејство што се случува во моментот на зборувањето-сега (играм, гледам). Се образува од несвршени глаголи. Може да се образува и од свршени глаголи, но тие се употребуваат со некои сврзници и честички и не означуваат вистинска сегашност. (ако, да, дури да/не, додека да/не, ќе): Ако најдам школка...
Со сегашното време може да се означува и минатост, идност, општовременост,
повторливост, готовност, истовременост со друго дејство.
Минато определено несвршено време
Минатото определено несвршено време искажува дејство кое се вршело во минатото во присуство на лицето кое зборува и е во траење. Се образува од несвршени глаголи. Минатото определено несвршено време се образува кога наставките се додаваат на основниот вокал.
Наставки се:
еднина множина
1л. -в 1л. -вме
2л. -ше 2л. -вте
3л. -ше 3л. -а
а-група
чита
еднина множина
1л. читав 1л. читавме
2л. читаше 2л. читавте
3л. читаше 3л. читаа
и-група
оди
еднина множина
1л. одев 1л. одевме
2л. одеше 2л. одевте
3л. одеше 3л. одеа
Забелешка: Основниот вокал и преминал во е.
е-група
плете
еднина множина
1л. плетев 1л. плетевме
2л. плетеше 2л. плетевте
3л. плетеше 3л. плетеа
Наставката -ја се јавува во трето лице множина кај глаголите од е и и-група на кои општиот глаголски дел им завршува на самогласка (мие - миеја, пее - пееја).
Минато определено свршено време
Минатото определено свршено време искажува дејство кое се вршело во минатото во присуство на лицето кое зборува и дејството е заокружено. Се образува од свршени глаголи. Минатото определено свршено време се образува кога наставките се додаваат на основниот вокал.
Наставки се:
еднина множина
1л. -в 1л. -вме
2л. / 2л. -вте
3л. / 3л. -а/-ја
а-група
прочита
еднина множина
1л. прочитав 1л. прочитавме
2л. прочита 2л. прочитавте
3л. прочита 3л. прочитаа
и-група
оздрави
еднина множина
1л. оздравев 1л. оздравевме
2л. оздраве 2л. оздравевте
3л. оздраве 3л. оздравеа
е-група
дојде
еднина множина
1л. дојдов 1л. дојдовме
2л. дојде 2л. дојдовте
3л. дојде 3л. дојдоа
Забелешка: Дадени се примери по избор, а не од сите групи и сите раздели.
Вежба: Прости глаголски форми
Нема коментара:
Постави коментар