4. 4. 2017.

Шминка во филм

         Филмот е уметност што ја користи сликата во движење.
Сликата во движење се темели на физичката особина на човечкото око- ретинална перзистенција (lat. persistentio retinalis). Мрежницата на човечкото око има особина да ја продолжува светлосната дразба околу 1/10 од секундата по нејзиниот престанок.  Ако видиме неколку статични слики кои брзо се менуваат, тогаш претходната слика се спојува со следната и добиваме илузија на континуирано движење-иако филмот се состои од статични слики.
Сликата во движење  е основното изразно средство на филмот. Успешно филмско дело се остварува со помош на повеќе изразни средства (не само со сликата): говор, глума, музика, звучни ефекти, шминка и др. 
     Шминката во секојдневниот живот се користи за да се скријат некои недостатоци на лицето, да се направи кожата да изгледа почисто, да се добие помладешки изглед. Филмската шминка  е нешто сосема поинакво – со неа се создава нова реалност.
       Шминката е средство кое се користи за портретирање на актерите давајќи им карактеристичен изглед и истакнувајќи ги одредените детали на лицето( веѓи, очи, уста).
         
Колку само реалистично изгледаат раните на актерите во филмот! Лузните, посекотините... навистина се застрашувачки. Можноста за менување на старосниот изглед на актерот е уште една од особините на филмската шминка( засилување на брчките, зголемување на подочниците, белење на косата...).
 Филмскиот шминкер е стручното лице задолжено за  специјалните ефекти кога станува збор за шминка во филмот.


Легендарната Елизабет Тејлор во улогата на Клеопатра
 
Нежната Одри Хепберн во Појадок кај Тифани
Џони Деп во улогата на Лудиот Шапкар во филмот Алиса во земјата на чудата


Хелена Бонам Картер како Црвената кралица во Алиса во земјата на чудата





























Моќта на шминката е повеќе од очигледна.

Макотрпна е работата за да се нашминка еден актер. На следниот линк, прочитајте за времетраењето на оваа работа при шминкањето на Леонардо Ди Каприо.
РАНИТЕ НА ДИ КАПРИО

      На часот по македонски јазик, восхитени од очигледните промени по шминкањето, решивме да се обидеме и ние да експериментираме и да се нашминкаме. Им благодарам на учениците, а посебно на Киметка и Аделина кои прифатија да бидат модели.
      На You Tube каналот пронајдовме многу видеа за шминкање, некои ги погледнавме, а и сами имаме талент и креативност за шминкање.

  Еве, неколку слики на половина нашминкано лице преземени од интернет. Разликата е очигледна, нели?




Нашиот труд вреди да се види. Се нашминкавме и ви ги презентираме резултатите.

ПОГЛЕДНЕТЕ!




Тамара и Аделина шминкаа
  






Киметка
Аделина




















14. 3. 2017.

„Хајди“- Јохана Шпири

                         
💬 Хајди (1880)  е швајцарски роман за деца кој го напишала Јохана Шпири.
                            Кратка содржина
   Хајди  има пет години и по смртта на своите родители, останува без старатели.  Тетката  Дета,  ја носи Хајди кај нејзиниот дедо во планината за да се грижи за неа. Дедото, во почетокот не сака да ја задржи зашто не знае ништо за одгледувањето деца.  Хајди е толку весела и ведра што не може некој, а да не ја сака. Брзо се спријателува со Дедото и планината за неа станува вистински дом. Хајди се спријателува со Петре козарот кој живее со неговата мајка Бригита  и  со слепата баба. Летно време Хајди и Петре одат со козите, а на зима дедото ја санка по снегот. Хајди е сочувствителна и успева да го наговори Дедото да  го поправи кровот на бабината куќа. Дедото всушност е многу добар човек кој има своја мачна судбина.
   По неколку години тетка Дета доаѓа и ја зема Хајди. Таа ја сместува во Франкфурт во домот на едно богато семејство. Хајди треба да се дружи со ќерката на г. Сезаман, Клара, која  е неподвижна после смртта на нејзината мајка. Во градот  Хајди ќе научи да чита, да се однесува убаво и ќе ѝ биде весел придружник на тажната Клара.
    Хајди ќе се разболи од тага и носталгија за Дедото, планината, чистиот воздух... Таа ќе се врати кај Дедото.
    Клара ќе дојде да ја посети, а љубоморниот Петре ќе ѝ ја искрши количката. Клара е воодушевена од планината, зелената трева, воздухот...
Со помош на Хајди и Петре, таа ќе успее да прооди. Сите се среќни и возбудени.

Хајди

Хајди-девојче кое од пет години останува без родители. Љубопитна, весела, насмеана, вредна, паметна. Таа многу го сака својот  планински дом.
Таа е искрена, отворена и подготвена да им помогне на сите. Се радува на ситници, ужива кога ги гледа ѕвездите од својот сламен кревет на таванот. Трча низ зелените ливади, собира цвеќиња, ја сака природата. Јака е и зрела за своите години. Сите ги исполнува со својата ведрина и оптимизам, а и дедото се менува кон подобро.

Лектирата ја работевме на два часа.
Првиот час ја разработивме содржината( тема, фабула, ликови, идеја). читавме најинтересни моменти од делото.
Вториот час ги анализиравме ликовите: Хајди, Дедото, Петре...
Се поделивме во групи и го илустриравме ликот Хајди со опис околу илустрацијата.
Потребен материјал: листови, боици 
Изработивме и кукли претставувајќи го ликот на Хајди.
Потребен материјал: Хартиени марамчиња, стапчиња за чистење уши, волница, боици, мали ластичиња.
Сѐ што направивме убаво го документиравме, па видете на следните слики.
                          
                                             
                                                                   
Хајди е весела и ведра















👀  Погледнете ја  интересната ТВ приказна за селото на Хајди  ТУКА


 👀 Гледајте го и прекрасниот анимиран филм за Хајди (на српски)


5. 3. 2017.

Стихови за мајката

 Моите амбициозни шестоодделенци се неуморни во пишувањето стихови. Сега твореа за мајката, за жената. Жената треба да се почитува, да се вреднува и цени. СРЕЌЕН ПРАЗНИК!
                                   

 Мајка
Мајко моја мила
убава и силна
ти си сончев сјај
убава ко месец мај

Мајко моја мила
убава и силна
ти си мајски цвет
поубав од цел свет

Мајко моја мила
убава и силна
од очи златен сјај
те сакам најмногу знај

-Виктор Шуминоски

                                          




Мојата мајка

Мојата мајка е мила
нежна како свила
таа е убав шарен цвет
во целиот свет

Таа е  светло сонце
 што топло ме грее
убави, весели песни
секогаш со душа ми пее

Мојата убава мајка
многу ми е драга
секогаш среќна и весела
со најубава насмевка блага

-Мерлина Мевмедоска
Аделиса Имероска
Шехида Османоска


Мојата мајка

Мојата  прекрасна мајка
е волшебен цвет
прекриен со сончев сјај
во зелениот месец мај

Мојата  добра мајка
е мека и нежна свила
убава е мила
Мајка ми е самовила
-Евгенија Топузоска

               


Мојата мајка
В срце носам мајчин лик
како сонце тој ме грее

В мисли носам мајчин збор
како славеј да ми пее

Мајко мила, мајко моја
твојот глас е благ
Мајко мила, мајко моја
секој час со тебе е драг

- Седина Руфатоска

 За мајката
Мила моја мамо
најубава на свет
прекрасна како цвет

Твојата руса коса
мека  како свила
ти си  прекрасна самовила

-Анастасија Стефаноска

                                   




Мајка
Еден миризлив цвет
кој е најубав на цел свет
Тоа е мојата мам!
Таа ме порасна лесно,
еј, убава си песно!

Весели песни пее
насекаде насмевки лее
љубовта секогаш ја дари
како цвет со секакви шари

-Есма Рамадани
                                      

Мајка
Ја сакам мојата мајка
како принцеза од бајка
прекрасен шарен цвет
најубав во целиот свет

Кога мајка ми се смее
како топло сонце да грее
многу е драга и мила
вистинска самовила

-Емир Лутишоски
                   


За мојата мајка
Мајко моја мила
ти си самовила
ти си ми се` 
на овој свет

Јас тебе те сакам  
ти си мојот цвет
птица во слободен лет
 -Селма Дервишоска 

Песна за мајката

Твојата мисла мајко,
низ животот ме води,
многу ти благодарам
мила што ме роди

Твоите очи сјајни
како две езера бистри
ѕвезда си светла
планински полиња чисти
-Лејла Дервишоска

Букет
Букет со црвени рози
на мама ќе ѝ купам
од срце ќе ѝ го дарам
прегратка само ќе барам.

Букетот е прекрасен
со црвена свила покриен
миризлив и раскошен
со секави шари украсен.

 -Елдина Османоска





















Драги мајки, баби, тетки, стрини, почитувани жени! Вредните раце на учениците не само што твореа  убави стихови туку изработија и прекрасни честитки.
                                             СРЕЌЕН ПРАЗНИК!