04.04.2017.

Шминка во филм

         Филмот е уметност што ја користи сликата во движење.
Сликата во движење се темели на физичката особина на човечкото око- ретинална перзистенција(lat. persistentio retinalis). Мрежницата на човечкото око има особина да ја продолжува светлосната дразба околу 1/10 од секундата по нејзиниот престанок.  Ако видиме неколку статични слики кои брзо се менуваат, тогаш претходната слика се спојува со следната и добиваме илузија на континуирано движење-иако филмот се состои од статични слики.
Сликата во движење  е основното изразно средство на филмот. Успешно филмско дело се остварува со помош на повеќе изразни средства(не само со сликата): говор, глума, музика, звучни ефекти, шминка и др. 
     Шминката во секојдневниот живот се користи за да се скријат некои недостатоци на лицето, да се направи кожата да изгледа почисто, да се добие помладешки изглед. Филмската шминка  е нешто сосема поинакво – со неа се создава нова реалност.
       Шминката е средство кое се користи за портретирање на актерите давајќи им карактеристичен изглед и истакнувајќи ги одредените детали на лицето( веѓи, очи, уста).
         
Колку само реалистично изгледаат раните на актерите во филмот! Лузните, посекотините... навистина се застрашувачки. Можноста за менување на старосниот изглед на актерот е уште една од особините на филмската шминка( засилување на брчките, зголемување на подочниците, белење на косата...).
 Филмскиот шминкер е стручното лице задолжено за  специјалните ефекти кога станува збор за шминка во филмот.


Легендарната Елизабет Тејлор во улогата на Клеопатра
 
Нежната Одри Хепберн во Појадок кај Тифани
Џони Деп во улогата на Лудиот Шапкар во филмот Алиса во земјата на чудата


Хелена Бонам Картер како Црвената кралица во Алиса во земјата на чудата





























Моќта на шминката е повеќе од очигледна.

Макотрпна е работата за да се нашминка еден актер. На следниот линк, прочитајте за времетраењето на оваа работа при шминкањето на Леонардо Ди Каприо.
РАНИТЕ НА ДИ КАПРИО

      На часот по македонски јазик, восхитени од очигледните промени по шминкањето, решивме да се обидеме и ние да експериментираме и да се нашминкаме. Им благодарам на учениците, а посебно на Киметка и Аделина кои прифатија да бидат модели.
      На You Tube каналот пронајдовме многу видеа за шминкање, некои ги погледнавме, а и сами имаме талент и креативност за шминкање.

  Еве, неколку слики на половина нашминкано лице преземени од интернет. Разликата е очигледна, нели?




Нашиот труд вреди да се види. Се нашминкавме и ви ги презентираме резултатите.

ПОГЛЕДНЕТЕ!




Тамара и Аделина шминкаа
  






Киметка
Аделина




















Нема коментара:

Постави коментар