1. 3. 2017.

Лични творби; Генерација 2016/2017 г.


                      Визуелни и аудитивни елементи во песна

   При обработка на наставната единица за визуелни и аудитивни елементи во песните, учениците напишаа прекрасни творби.


Езерска слика

Над Охрид сонце грее,
птица  над езеро пее.
Цветна Галичица гордо стои,
птиците -песнопојки ги брои.

Сина убавина блеска силно,
лебедите се прегрнале милно,
Кајчето на рибарот плови,
езерските воздишки ги лови.

Евгенија, Седина, Анастасија и Сунчица - VI 2 одделение

Езерска слика

Убаво езеро сино
кајчиња по тебе пловат,
рибарите рипчиња ловат,
на немирни бранчиња бродат.

На небото има галеби бели,
со ветрот се борат-смели.
Лебедите пливаат лесно,
насекаде лево-десно.

Сонцето силно грее,
на езерото му се смее,
езерска песна се пее,
ѕвонлив глас се лее.

-VI 1одделение



Езерска слика

Езерце мое полно со љубов, 
рибите во тебе живеат среќно,
галебите над тебе гракаат моќно,
ветерот немирно по бранчиња шета, 
птицита-песнопојка гордо лета.

Езерце мое ти си ко рај,
се гледа тоа од секој крај.

Сонцето силно те грее, 
со богатство, љубов тебе ти се смее.
Слатката твоја вода
најубава е природна мода.
  
-Есма Рамадани

 Езерце мое

Езерце среќно мило
сите лебеди си ги свило.

Бранчиња со тивок тресок,
го гушкаат крајбрежниот песок.

Рибарот низ тебе плови,
шарените риби ги лови.

Езерце, ти си прекрасен цвет,
најубав во целиот свет.

-Елдина Османоска

Езерска слика

Сонцето силно гори,
езерцето ладно збори,
птиците гласно пеат
дечиња весело се смеат.

На ова волшебно место,
може да се најде сешто.

Езерце мое мило, 
ти си ми десно крило.
Не се купуваш со пари,
природата ни те дари.

-Елдина Османоска, Есма Рамадани

        

Езерска слика
Езерото сино светка,
рипчиња во разни бои,
лебедите бели во строј,
а дечиња радосни во голем број.

- Мунип Али Имероски

Моето езеро

Над Охридското Езеро
галеби летаат,
бели како снег,
најубави на свет.

Езерото со боја нежно сина,
покрај него се движам,
за ништо не се грижам.

-Анастасија Стефаноска

Езерска слика

Крај езеро поминав,
со восхит застанав,
преполна со воздишки,
од таа убавина, заминав.

Езерска далга во песна
ветрето со мелодија лесна.
Кајче низ езерото плови,
рибарот рипчиња лови.

Сонцето со зраци го грее,
со бранче-цветче се смее.

-Мерлина Мевмедоска

 На езеро
 Девојчето убаво се смее,
сонцето топло грее,
рибарот риби фаќа,
а навечер дома се враќа.

-Аделиса Имероска

Езеро
Езерото сино блеска
кајчиња мирно пловат
лебеди бели бродат
со галеби оро водат.

 -Адем Лутишоски

Езерска слика

Галеби прекрасни бели
волшебна е глетка
езерото жубори блика
лебеди смели-убава слика.

Убаво си ти езеро
кајчиња те красат
бранчиња се класат
од убавина сјаат.

-Бојан Будоски

Езеро

Низ езеро лебеди пловат
галеби полн рој,
а деца во голем број.

Езерото блеска како сјај,
убаво е во месец мај.
Јас те сакам езеро бистро,
сјајно, волшебно, чисто.

-Евгенија Топузоска

Езерска слика
Децата крај езеро стојат
ветре дува над далгите сини
галебите бели силно грачат,
а децата со лепче ги хранат.

-Ебру

                          



Езерска слика 

Ти, Охридско Езеро чисто и бистро,
го красиш мојот роден град.
Над тебе Галичица цветна стои
и птиците вешто ги брои.

Кога заоѓа сонцето златно,
ти светкаат бранчињата,
ти се восхитуваат сите
на  синевината.

Блика светлината твоја
над древниот град Охрид,
не знам како да те опишам,
а нешто да не заборавам.

Ти, езеро мое,
ти си мајски цвет,
најубаво, 
најсјајно, на целиот свет.

-Сунчица Бадалоска

Езерска убавина

Ти езеро сино и бистро,
го красиш мојот кат,
над тене исправен стои
древниот Охрид град.

Се белеат над тебе едра,
летаат галеби бели.
Над градот птици пеат,
 насекаде радост сеат.

-Седина Руфатоска

Езерска слика

Мое езеро сино,
убаво како небо,
сонцето силно те грее,
а ветерот гранки вее.

Бранчиња потскокнуваат
галеби прелетуваат
песна езерска се пее
на секој тоа му се смее.

- Анел Рахманоски

 Езеро

Езеро мое мило
го красиш Охрид древен
лебеди на тебе пловат
со клунови рипчиња ловат.

Езеро мое мило
без тебе градот не е град
од тебе свежина блика
и постојан лад.

-Виктор Шуминоски

Езерцето убаво клокоти
рибарот риби лови
сонцето силно грее
бродот по водата плови.

Езерце наше мило
Те сакаме, самовило!

-Селма Дервишоска

23. 11. 2016.

Пишуваме фантастични раскази

                             
                                      

               Посета на друга планета
         Јас сум истражувачот Елдина. Треба да одам на планетата Хермија за едно истражување.   
       Дојде денот за патување. Влегов  во една голема и жолта ракета. За десетина часа бев таму.
   Глетката пред мене беше прекрасна. Слетав со ракетата на една ливада со виолетова боја. Навистина беше волшебно. Реките беа портокалови, а цвеќињата беа обоени во разни бои. Во близина на пистата на која слетав се наоѓаше малечко гратче. Еден вонземјанин по име Хик ме пречека и љубезно ме поздрави. Со неговиот вселенски автомобил ме однесе кај него дома. Тоа беше необично летало со пет тркала што испуштаа невообичаена светлина, а секое движење беше придружено со некој необичен, а пријатен звук.
    Во неговиот дом веќе стигнале неколку негови пријатели. На трпезата се наоѓаше нивното традиционално јадење-ѕвездата. Навистина, се чувствував прекрасно со новите пријатели.
     Градот беше интересен бидејќи и животните зборуваа. Нивната традиционална игра беше танцот со маски околу оган. Секоја минута помината на Хермија за мене беше возбудлива.
     Времето брзо помина и јас морав да се вратам дома. Хик, мојот нов пријател ми подари маска, а јас го поканив да дојде на Земјата. Истражувањето заврши успешно, а Земјата си доби уште еден верен сојузник.
                               -Елдина Османоска   VI 1 одделение 
                           
   
Елдина на друга планета :-)



                      Средба со суштество од друга планета 
     Беше сјајно утро. Забележав необична светлина. Брзо се облеков и излегов надвор. Пред мене имаше необична глетка.
    Вселенско летало, а пред него едно зелено суштество. Бев вкочанета, ама повеќе љубопитна. Му се приближив и го поздравив. Јас бев исплашена, мислев дека ќе ме нападне. Суштеството беше пријателски расположено и ми отпоздрави. Така започна нашето пријателство. Го поканив дома. Јас бев многу среќна. Моето ново пријателче се викаше Кик, од планетата Викомисија. Ми раскажуваше за неговата татковина многу интересни нешта. 
      Го однесов во музеј. Многу беше зачуден од  препарираните животни. Гледаше со интерес на сите страни.
       Учевме и географија за мојот тест. Глобусот му беше  вистинско чудо. Вртеше околу него постојано прашувајќи ме за тоа што го гледа. Го запознав со мојата најдобра пријателка, Елдина.
       Тројцата го разгледавме неговото вселенско летало. Беше огромно со многу копчиња и светла во внатрешноста. Од сите волшебни предмети, најмногу ми се допадна метлата. 
        Дојде ноќта. Кик требашеда си оди. За спомен му го подарив глобусот, а тој мене, метлата. Ми вети дека ќе дојде со миленичето, а и мене ќе ме земе на неговата планета.

                              -Есма Рамадани  VI 1 одделение

                           
 
Есма го запозна Кик



                                    Посета на друга планета


     Едно убаво, пролетно утро се разбудив и како и обично го отворив прозорецот од мојата соба. Во тој момент, почувствував како некоја сила ме влече нагоре. Со голема брзина и за кратко време се најдов на некоја непозната планета сосема различна од Земјата. 
    Се најдов на многу чудна планета на која имаше многу куќарки. Една врата се отвори и јас здогледав необично суштество кое излезе од една од куќарките. Двајцата исплашено се погледнавме.
 - Не плаши се! А, дали јас треба да се плашам од тебе?
 Тоа ненадејно ја отоври вратата и извика:
 - Не, никако! Дојди, влези во мојот дом.
Се ослободив и со внимателност влегов внатре. Се зачудив. Куќата беше од чоколада, а прозорците од смрзнат сок. Ние седнавме на столчињата и тој почна да ми раскажува за големат куќа на нивната кралица.
 -Лоша ли е? -го прашав.
 - Не, таа е најдобрата кралица-воодушевено ми одговори.
   Во тој момент, некој затропа на вратата. Тоа беше Џокси, најдобриот другар на Џипси. 
   Поминавме прекрасно време заедно. Цел ден игравме, јадевме, пиевме и се забавувавме. Ми подарија сувенир за спомен. јас им ветив дека ќе ги чекам на мојата планета и ќе им покажам многу нови нешта. Вечерта дојде добрата самовила, ме зеде и со помош на нејзината магија ме врати во мојот дом. 
   Оваа посета ќе ја паметам и ќе ги чекам моите нови другарчиања да ми дојдат на посета. 
                             -Анастасија Стефаноска VI одделение
                                                      
Анастасија

                                    Посета на друга планета
    Еден сончев ден во мојата градина дојде едно девојче по име Емили. Таа доаѓаше од планетата Чоколадијана. Беше многу необична во нејзиниот фустан од бонбони и жолта долга коса.
 - Дали сакаш да ја посетиш мојата планета?- ме праша девојчето.
Малку  се замислив, се исплашив, но љубопитноста победи и јас се согласив да одам со Емили.
 Со тркалезното вселенско летало ме однесе на Чоколадијана. Името одговараше на описот на планетата. Сѐ беше од чоколада. Куќите од темна чоколада, покривите од чоколадни бисквити, а прозорците од чоколадни лижавчиња. Пиеја чоколаден сок, а се шетаа облечени во чоколадни чевлички.
Девојчето ми донесе едне фустан од бонбони, а косата ми ја сплете со слатки. Навистина, изгледав необично. Ние шетавме по ливадите од сладолед, а скинавме и цвеќиња направени од лижавчиња.
 - Имаш ли другари?- ја прашав.
 -Да, секако!- ми одговори.
 Времето брзо леташе и јас морав да заминам. Необична светлина ме обви, ме подигна и за миг ме пренесе на мојата планета, во градината. 
 Шареното фустанче од бонбони ми остана како спомен од девојчето Емили.

                                       -Сунчица Бадалоска VI одделение
                                                 
Сунчица
                                 Посета на друга планета

      Јас имам шарена ракета. Со неа патувам низ Вселената и посетувам нови планети.
Еден убав ден од летото ја посетив планетата Овошје. Прекрасна авантура што ќе ја паметам.
    Тревата беше од банани, на реката имаше мост од јагоди,а наместо вода течеше чоколаден прелив. Куќите беа иградени од парчиња торта, а покривите од црвени лижавчиња. Додека љубопитно разгледував наоколу, пред мене се појави едно суштество со цврста розова коса, четири очи, пет раце и шест нозе. Ми се приближи.
 - Здраво, добредојде! дали си гладна?
 - Да, секако! Патот до овде ме измори и огладне.
Ме одведе на едно прекрасно место. Беше преубаво! Јадевме, се забавувавме, а научив и многу нови работи за жителите на планетата Овошје.
Ноќта брзо дојде и јас морав да се вратам назад. Им ја подарив мојата топка и им ветив дека следниот пат же им покажам како се игра фудбал. 
    Оваа посета  беше една од моите најинтересни авантури низ Вселената.

                                      - Евгенија Топузоска  VI одделение
                                                   
Евгенија

6. 11. 2016.

Наши лични творби

         Во овој период вредно работевме, творевме, пишувајќи стихови.
Нашите стихови немаат некој врвен уметнички дострел, ами се пример како  може да се распоредат римите во стиховите, во една строфа со четири стиха.
Целта ни беше да научиме за паралелна, вкрстена и обгрлена рима.

Некои од нашите лични творби ги објавуваме овде, на Роземак.
1. Паралелна рима
Есенска слика

Есенска почна бајка
благородна наша мајка
мирисна, разнобојна мила
облечена во жолта свила.

- Љупчо   

Есенска слика
Сончевото лето пројде,
златната есен брзо си дојде.
Дожд знае да заврне силно, 
а Сончко понекогаш да огрее милно. 

- Мухамиде
                             

Есенска слика
Јато птици заминуваат и пеат,
а дрвјата златни листови сеат.
Крај езерото бистро седам,
есенски убавини гледам. 
- Наумче 

Есенска слика

Есента е најубав сон,
го знаеме нејзиниот ѕвон.
Есента е птица во лет,
се вгнездува во нашиот свет.
-Тамара  

2. Вкрстена рима

    Падна и последниот цвет
    реките немирно мрморат
    пчелите го чуваат својот мед,
    а славејчињата неразбирливо црцорат.
            -Давид 

   За убавото топло лето,
   птиците преселници жалат.
   Есента дојде, време е свето,
   лисја златни земјата ја галат.
          - Амела 

Јаболка, круши и разни есенски родови,
студени ветрови надвор силно вијат.
Од дрвјата паѓаат зрелите плодови ,
 а птиците си заминуваат и кријат. 
  -Ремзије

3. Обгрлена( гушната) рима  

Мојата мајка е многу мила
нејзиното срце е замок без крај.
Мајчините очи светат со небесен сјај,
а лицето и е нежно како  свила.
                  -Ремзије

Дојде есента драга и мила
пожолте нашиот крај
се` блеска со златен сјај.
Есента е вистинска самовила

   -Наталија
                                         

   Со другарот делиш многу тајни
   си веруваш и подаваш рака
   тука си секогаш во мака
   другар си за времиња бескрајни. 

      -Тамара