23. 11. 2016.

Пишуваме фантастични раскази

                             
                                      

               Посета на друга планета
         Јас сум истражувачот Елдина. Треба да одам на планетата Хермија за едно истражување.   
       Дојде денот за патување. Влегов  во една голема и жолта ракета. За десетина часа бев таму.
   Глетката пред мене беше прекрасна. Слетав со ракетата на една ливада со виолетова боја. Навистина беше волшебно. Реките беа портокалови, а цвеќињата беа обоени во разни бои. Во близина на пистата на која слетав се наоѓаше малечко гратче. Еден вонземјанин по име Хик ме пречека и љубезно ме поздрави. Со неговиот вселенски автомобил ме однесе кај него дома. Тоа беше необично летало со пет тркала што испуштаа невообичаена светлина, а секое движење беше придружено со некој необичен, а пријатен звук.
    Во неговиот дом веќе стигнале неколку негови пријатели. На трпезата се наоѓаше нивното традиционално јадење-ѕвездата. Навистина, се чувствував прекрасно со новите пријатели.
     Градот беше интересен бидејќи и животните зборуваа. Нивната традиционална игра беше танцот со маски околу оган. Секоја минута помината на Хермија за мене беше возбудлива.
     Времето брзо помина и јас морав да се вратам дома. Хик, мојот нов пријател ми подари маска, а јас го поканив да дојде на Земјата. Истражувањето заврши успешно, а Земјата си доби уште еден верен сојузник.
                               -Елдина Османоска   VI 1 одделение 
                           
   
Елдина на друга планета :-)



                      Средба со суштество од друга планета 
     Беше сјајно утро. Забележав необична светлина. Брзо се облеков и излегов надвор. Пред мене имаше необична глетка.
    Вселенско летало, а пред него едно зелено суштество. Бев вкочанета, ама повеќе љубопитна. Му се приближив и го поздравив. Јас бев исплашена, мислев дека ќе ме нападне. Суштеството беше пријателски расположено и ми отпоздрави. Така започна нашето пријателство. Го поканив дома. Јас бев многу среќна. Моето ново пријателче се викаше Кик, од планетата Викомисија. Ми раскажуваше за неговата татковина многу интересни нешта. 
      Го однесов во музеј. Многу беше зачуден од  препарираните животни. Гледаше со интерес на сите страни.
       Учевме и географија за мојот тест. Глобусот му беше  вистинско чудо. Вртеше околу него постојано прашувајќи ме за тоа што го гледа. Го запознав со мојата најдобра пријателка, Елдина.
       Тројцата го разгледавме неговото вселенско летало. Беше огромно со многу копчиња и светла во внатрешноста. Од сите волшебни предмети, најмногу ми се допадна метлата. 
        Дојде ноќта. Кик требашеда си оди. За спомен му го подарив глобусот, а тој мене, метлата. Ми вети дека ќе дојде со миленичето, а и мене ќе ме земе на неговата планета.

                              -Есма Рамадани  VI 1 одделение

                           
 
Есма го запозна Кик



                                    Посета на друга планета


     Едно убаво, пролетно утро се разбудив и како и обично го отворив прозорецот од мојата соба. Во тој момент, почувствував како некоја сила ме влече нагоре. Со голема брзина и за кратко време се најдов на некоја непозната планета сосема различна од Земјата. 
    Се најдов на многу чудна планета на која имаше многу куќарки. Една врата се отвори и јас здогледав необично суштество кое излезе од една од куќарките. Двајцата исплашено се погледнавме.
 - Не плаши се! А, дали јас треба да се плашам од тебе?
 Тоа ненадејно ја отоври вратата и извика:
 - Не, никако! Дојди, влези во мојот дом.
Се ослободив и со внимателност влегов внатре. Се зачудив. Куќата беше од чоколада, а прозорците од смрзнат сок. Ние седнавме на столчињата и тој почна да ми раскажува за големат куќа на нивната кралица.
 -Лоша ли е? -го прашав.
 - Не, таа е најдобрата кралица-воодушевено ми одговори.
   Во тој момент, некој затропа на вратата. Тоа беше Џокси, најдобриот другар на Џипси. 
   Поминавме прекрасно време заедно. Цел ден игравме, јадевме, пиевме и се забавувавме. Ми подарија сувенир за спомен. јас им ветив дека ќе ги чекам на мојата планета и ќе им покажам многу нови нешта. Вечерта дојде добрата самовила, ме зеде и со помош на нејзината магија ме врати во мојот дом. 
   Оваа посета ќе ја паметам и ќе ги чекам моите нови другарчиања да ми дојдат на посета. 
                             -Анастасија Стефаноска VI одделение
                                                      
Анастасија

                                    Посета на друга планета
    Еден сончев ден во мојата градина дојде едно девојче по име Емили. Таа доаѓаше од планетата Чоколадијана. Беше многу необична во нејзиниот фустан од бонбони и жолта долга коса.
 - Дали сакаш да ја посетиш мојата планета?- ме праша девојчето.
Малку  се замислив, се исплашив, но љубопитноста победи и јас се согласив да одам со Емили.
 Со тркалезното вселенско летало ме однесе на Чоколадијана. Името одговараше на описот на планетата. Сѐ беше од чоколада. Куќите од темна чоколада, покривите од чоколадни бисквити, а прозорците од чоколадни лижавчиња. Пиеја чоколаден сок, а се шетаа облечени во чоколадни чевлички.
Девојчето ми донесе едне фустан од бонбони, а косата ми ја сплете со слатки. Навистина, изгледав необично. Ние шетавме по ливадите од сладолед, а скинавме и цвеќиња направени од лижавчиња.
 - Имаш ли другари?- ја прашав.
 -Да, секако!- ми одговори.
 Времето брзо леташе и јас морав да заминам. Необична светлина ме обви, ме подигна и за миг ме пренесе на мојата планета, во градината. 
 Шареното фустанче од бонбони ми остана како спомен од девојчето Емили.

                                       -Сунчица Бадалоска VI одделение
                                                 
Сунчица
                                 Посета на друга планета

      Јас имам шарена ракета. Со неа патувам низ Вселената и посетувам нови планети.
Еден убав ден од летото ја посетив планетата Овошје. Прекрасна авантура што ќе ја паметам.
    Тревата беше од банани, на реката имаше мост од јагоди,а наместо вода течеше чоколаден прелив. Куќите беа иградени од парчиња торта, а покривите од црвени лижавчиња. Додека љубопитно разгледував наоколу, пред мене се појави едно суштество со цврста розова коса, четири очи, пет раце и шест нозе. Ми се приближи.
 - Здраво, добредојде! дали си гладна?
 - Да, секако! Патот до овде ме измори и огладне.
Ме одведе на едно прекрасно место. Беше преубаво! Јадевме, се забавувавме, а научив и многу нови работи за жителите на планетата Овошје.
Ноќта брзо дојде и јас морав да се вратам назад. Им ја подарив мојата топка и им ветив дека следниот пат же им покажам како се игра фудбал. 
    Оваа посета  беше една од моите најинтересни авантури низ Вселената.

                                      - Евгенија Топузоска  VI одделение
                                                   
Евгенија

Нема коментара:

Постави коментар