Приказивање постова са ознаком осмо. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком осмо. Прикажи све постове

12. 5. 2026.

„Бегалка“ - Васил Иљоски

Бегалка – VIII одделение – ПРОСВЕТНО ДЕЛО

Васил Иљоски

 

💬„Бегалка“ (или „Ленче Кумановче“) — драма во пет чина од македонскиот драмски писател Васил Иљоски. Дејството се случува во првата деценија на 20 век во Куманово и ги претставува патријархалните и конзервативни односи во семејствата во тој период.

За првпат пиесата била изведена во 1928 година на сцената на Скопскиот театар, на кумановски говор, а потоа набргу била симната од репертоарот и забранета. Повторно, премиерно е прикажана на 15 декември 1936 година, овојпат под наслов „Ленче Кумановче“. До крајот на театарската сезона истата година, претставата била прикажана 12 пати и ја гледале 6.136 гледачи. 

                  

Кратка содржина на драмата
         Убавата Ленче го сака младиот занаетчија Бошко. Бошко е сиромашен, но вреден и паметен. Тој и Ленче се заљубени и ја планираат својата иднина. 
Аџи-Трајко, богатиот татко на Ленче, ја ветува на Досе, син на богат трговец. Аџи-Трајко се спротивставува на љубовта меѓу Ленче и Бошко и покрај молбите на ќерката, на неговата сопруга и мајката на Бошко.
Одлуката останува: Ленче и Досе ќе се свршат.
          Бошко е очаен, доаѓа кај Ленче и ѝ предлага да избега за него. Бегалка е навистина сериозна одлука за конзервативната средина. Ленче се двоуми, но љубовта победува и таа бега за саканиот. Во тоа време било голем срам девојката да избега за момчето, па горделивиот татко пука на денот на свадбата кон сватовите. За среќа, никој не е повреден.
        По многу негодувања, прочуениот чорбаџија, за да ја спаси честа на семејството, на ден Прочка, кога во рацете ќе го земе своето внуче, ќе ѝ прости на ќерка му.
       Аџи-Трајко ја прифаќа љубовта на Ленче и Бошко.

ЛИКОВИ: 
Аџи-Трајко, богаташ и лихвар
Велика, негова жена
Ленче, нивна ќерка
Донка, нивна слугинка
Мирса, Трајкова сестра
Бошко, млад занаетчија
Евра, негова мајка
Стојко, богат трговец
Досе, негов син и други.

                                           

Васил Иљоски (Крушево, 20 декември 1902  - Скопје, 1 ноември 1995 ) — македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и истакнат педагошки работник. Иљоски бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија.

👉Истражувај за Васил Иљоски ЛИНК 

 

👉Прочитај ја целата драма ЛИНК!

👉Гледај ја драмата на следниов ЛИНК!


💬 „Бегалка“ (позната и како „Ленче Кумановче“) од Васил Иљоски е битово-социјална драма во која ликовите се поделени врз основа на нивниот социјален статус, моралните вредности и ставот кон патријархалните норми. 

Централни фигури се младата и пркосна Ленче и младиот занаетчија Бошко, кои се борат за својата љубов спротивставени на конзервативните сфаќања во Куманово од почетокот на 20. век.

Основни карактеристики на главните ликови: 
  •  Ленче: Главната хероина, ќерка на богатиот Аџи-Трајко е млада, убава, богата девојка, од угледно семејство која се вљубила восиромашно момче- Бошко. Таа е
    патријахално воспитана и за неа зборот нататкото е закон. Но, сепак, во име на
    љубовта, решително ќе се спротивстави и ќе ги жртвува родителите за сопствената
    среќа и иднина. Таа е млада, бунтовна, свесна за општествените неправди и храбро се спротивставува на традицијата и принудниот брак за пари. Таа ја симболизира слободната волја и искрената љубов.
    Ленче е централниот лик преку кој Васил Иљоски го прикажува кршењето на строгите патријархални стеги.
  • Храбра и одлучна: Таа одбива да биде предмет на пазарење меѓу богатите семејства.
  • Емотивно зрела: Нејзината љубов кон Бошко е искрена, длабока и поважна од социјалниот статус.
  • Бунтовничка: Со чинот на „бегањето“ (заминувањето кај Бошко без дозвола), таа свесно го крши традиционалниот код.
  • Достоинствена: Подготвена е да ја поднесе осудата на чаршијата за да си ја зачува сопствената среќа.

  • Бошко: Млад, сиромашен занаетчија. Тој е вреден, чесен и горд човек, кој и покрај својата сиромаштија, не сака да се понижува пред богатите. Ја претставува новата, напредна генерација во тоа време.Бошко е гласник на новото време и чесноста.
    Бошко го претставува работничкиот, занаетчиски слој кој се бори за своето место под сонцето преку сопствен труд.
    • Вреден и горд: Како кујунџија, тој живее од своите раце и одбива да се понижува пред богатите.
    • Праведен и морален: Неговите намери кон Ленче се чесни и тој сака да изгради семејство засновано на љубов, а не на интерес.
    • Социјален антипод: Тој е директна спротивност на Досе (богатиот и разгален додворувач на Ленче).
    • Храбар партнер: Иако е свесен за гневот на Аџи Трајко, тој цврсто стои зад Ленче и ја прифаќа во својот дом.
  • Аџи-Трајко: Таткото на Ленче. Претставник на богатата чаршија, кој гледа на луѓето низ призмата на парите и материјалниот статус. Тој е конзервативен и сака да ја омажи ќерката за богат човек само за да го зачува угледот на семејството. Аџи Трајко е чувар на патријархалниот поредок и парите.
    Аџи Трајко е главниот антагонист во драмата, претставник на конзервативната кумановска чаршија.
    • Материјалист: За него парите, имотот и општествениот углед се врвните вредности во животот.
    • Авторитарен татко: Смета дека децата се сопственост на родителите и дека тој има апсолутно право да ја одреди судбината на Ленче.
    • Горд и суров: Бегството на Ленче го доживува како личен срам пред чаршијата, поради што првично ја проколнува и се откажува од неа.
    • Роб на туѓото мислење: Неговите постапки не се водени од грижа за среќата на ќерката, туку од страв „што ќе кажат луѓето“.
     
  • Велика: Мајката на Ленче. Традиционална жена, послушна кон својот сопруг, која слепо ги следи патријархалните правила наметнати од општеството.
  • Досе: Син на богат трговец, избран од родителите на Ленче за нејзин сопруг. Тој е разгален, арогантен и сигурен дека со пари може сè да се купи, но на крајот останува посрамотен.                                     
  • 👇Направивме и постери за Васил Иљоски👇
     

    Деспина Арнаудоска

    Софија Калачоска


    20. 4. 2026.

    Григор Прличев - постер

     

    Михаил Шапкароски VIII а одд.

    Јана Ристеска VIII б одд.

    Петар Ристов VIII б одд.

    Стефан Трпески VIII а одд.

    Деспина Арнаудоска VIII а одд.


    Софија Калачоска VIII а одд.


    Елена Јоноска VIII б одд.


    Наталија Коческа VIII а одд.

    Ане Петковска VIII а одд.

    Леонардо Аџиоски VIII б одд.

    Евгенија Китрозоска VIII б одд.


    14. 2. 2024.

    Креативен пристап при обработка на лектира (2023/2024)

    💬 При обработката на лектирите се обидуваме да бидеме креативни и да додадеме нов мотив за читање на некое литературно дело. Честопати на  блогот објавуваме содржини од нашите часови по лектира. 

    👇Со оваа објава ќе ви покажеме некои од креативните изработки за Црни и жолти, Македонските хумористични приказни, Белото Циганче, Хајди  и Бојан.


    Христијан, Јован, Љупчо, Коста и Ламбуш

    Ирина


    Луција

    Ивона


    Креативна визуелизација (Црни и жолти)



    Стрип (Македонски хумористични приказни)
    Ирина Димитриеска

    Стрип
    Љупчо Јанкоски


    Белото Циганче-лик














    Бојан - изработено од вредните осмоодделенци




























    17. 12. 2021.

    „Калеш Анѓа“- Стале Попов

     


    Белешка за писателот
    Стале Попов (25 мај 1902 - 10 март 1965) - македонски раскажувач и романописец.

    Стале Попов

        💬Попов Стале е роден на 25 мај 1902 година во с. Мелница, Мариово. Основно образование завршил во с. Витолиште (Мариовско).

    куќата на Стале Попов во с. Мелница


        Започнал да учи гимназија во Прилеп, а завршил богословија во Битола и Теолошки факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не примил свештенички чин или служба.
    Пред Втората светска војна работел како земјоделец, дрвар, овчар, трговец, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар, тутунски работник и др.
    Во текот на НОБ го помагал партизанското движење за што од бугарските окупатори бил интерниран во Неврокопско (Бугарија). По ослободувањето на земјата Стале Попов станал претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, потоа работел како управник на Шумската дирекција, за на крај, до пензионирањето, да се посвети на педагошката дејност како професор по македонски јазик во Прилеп и Скопје.
    Починал во Скопје на 10 март 1965 год.

    Стале Попов започнал многу рано да пишува, но како писател се оформил непосредно по ослободувањето. Првите раскази „Мице Касапче“ и „Петре Андов“ ги објавил во списанието „Современост“.
    Автор е на делата: „Крпен живот“ (роман, 1953); „Опасна печалба“ (1954); „Толе Паша“ (роман, 1956); „Калеш Анѓа“ (роман, 1958); „Дилбер Стана“ (роман, 1958); „Мариовскиот панаѓур“ (1961); „Мариовски раскази“ и „Итар Пејо“ (раскази). Во ракопис остави богато литературно наследство од необјавена проза: „Шаќир војвода“ (роман), „Необично дете“ (роман), „Доктор Орешкоски“ (роман) и две збирки раскази.



        💬Приказната за Калеш Анѓа потекнува од отоманскиот период, а  Анѓа  е позната по нејзината храброст, чесност, борбеност во одбрана на верата. 

    куќата - музеј на Анѓа








        👉Инспириран од хероината Анѓа,  Стале Попов го напишал романот „Калеш Анѓа“ кој  и денес е популарен и се чита.

    👉 Народната песна „Ајде слушај, слушај калеш, бре, Анѓо“ ја имаат изведувано нашите најпопуларни пејачи.



    📚Кратка содржина
             Еден топол јулски ден, на прилепскиот Ат-пазар се собрани повеќе Мариовци, меѓу кои и дедо Богдан Сирмев од селото Старавина, со својот осумгодишен внук Анѓеле. На пазарот пристигаат четворица аги со двајца сејмени, кои со сомнеж ја набљудуваат групата селани. Еден од агите е прилепскиот кадија Арслан-беј, кој има намера да му се оддолжи на султанот така што ќе му однесе стотина христијански деца за да бидат јаничари. Кога селаните се подготвуваат да си заминат, нив ги обиколуваат многу сејмени, кои ги грабаат сите орисутни деца, вклучувајќи го и Анѓеле Сирмев. Кога се враќа во селото, дедо Богдан им ја соопштува тажната вест на родителите на Анѓел, Трајко и Велика, како и на Анѓа, сестрата-близначка на Анѓеле, и неговиот постар брат Јован. Кадијата им дава турски имиња на грабнатите деца, па така Анѓеле станува Арслан. Десет години подоцна, Анѓа има 18 години и се мажи за Стојан Ристев, додека Јован се жени за Сирма, ќерката на попот Јаков. Таа есен, кадијата Арслан-беј дознава дека Мариово било „слободно“, односно дека селаните не ја признавале турската власт, па со бројна војска се упатува кон Мариово. Во селото, попот му објаснува на кадијата дека селаните не плаќаат данок поради тоа што пред стотина години целата земја им била подарена од султанијата Мара, а кадијата бара до крајот на денот селаните да соберат 100,000 аспри како надомест за неплатените давачки во изминатите сто години. Селаните немаат толку пари, па започнува колеж и грабеж во селото при што меѓу грабнатите селани е и Анѓа. Минува една година, а Анѓа никако не сака да се потурчи, иако кадијата и неговата слугинка Ајша се обидуваат да ја наговорат на разни начини. Во меѓувреме, татко ѝ на Анѓа, Трајко дознава дека таа се наоѓа во конакот на кадијата во Прилеп  и, заедно со нејзиниот сопруг Стојан и со седуммина мариовски момчиња, влегува во конакот и ја спасуваат Анѓа. Кога пристигаат во Мариово, Анѓа и Стојан прават богата свадба. По нападот, Суљо-ага оди во Истанбул  и бара помош од султанот, кој наредува да се фатат водачите на бунтот. Така, Суљо-ага со двесте војници заминува да го покори Мариово, но тие паѓаат во стапицата поставена од селаните при што гинат повеќето турски војници, вклучувајќи го и Суљо-ага. По тој неуспех, по налог на кадијата, неговите пријатели, аџи Јане и аџи Рампо, преправени, одат во Мариово каде во разговорот со попот Јаков ги дознаваат слабите точки на мариовската одбрана. Така, со помош на скопскиот бег, кадијата го напаѓа селото од четири страни и бунтовниците се принудени да се повлечат во една пештера. Аџи Јане повторно се преправа во калуѓер  и дознава како се снабдуваат со вода бунтовниците и турските војници ја уништуваат чешмата. По голема битка, повеќе селани, меѓу кои и Трајко, Стојан, Јован и Сирма, се заробени и одведени кај кадијата во Прилеп. За награда, аџи Јане и аџи Рампо станале бегови и биле назначени за нови господари на Мариово. Попот Јаков и Трајко Сирмев биле живи запалени на прилепскиот Ат-пазар, а останатите заробеници се одведени во Истанбул, каде дознаваат дека султанот Сулејман починал пред неколку дена и дека него го наследил Селим втори. Кога слуша за Анѓа, везирот Мехмед-паша Соколовиќ го известува водачот на јаничарите, Арслан-бег, а тој ја препознава Анѓа. Тогаш, везирот одлучува Мариово да остане слободна земја, а прилепскиот кадија да се затвори. Тогаш, Арслан-бег ги враќа заробениците во Мариово, назначува нов кадија и ги затвора Јунус-бег и Рифат-бег (поранешните аџи Јане и аџи Рампо).
    - од Википедија 

    Ученички постер

    Ученички постер
     
    👉Погледнете го видеото за родното место на Калеш Анѓа Старавина 
     
    Кратко видео од куќата-музеј