27. 9. 2020.

Среќна и успешна учебна година! 💻

 Драги ученици, родители, пријатели на Роземак!

                Се наоѓаме пред нова  учебна година исполнета со безброј предизвици . На почетокот, училишното првосептемвриско ѕвонче ќе го замениме со испраќање линкови за првиот училиштен час на  Националната платформа за учење од далечина Национална платформа

              Тоа што предизвикува, што поттикнува на желба и стремеж да се направи нешто, ќе нè води секојдневно низ новиот начин на учење. Јас сум сигурна дека сите љубители на Роземак, лесно ќе пловат низ овој предизвик, наречен „учење од далечина“. 

              За мене, како професорка, местото на учениците и наставниците е во училница, во меѓусебна интеракција со жив збор, поглед, насмевка, лутина, тага, среќа... Кога ученикот  ќе открие, дознае, ќе креира, ме прави исполнета, задоволна и среќна.

                                                     


Но, сигурна сум дека заедно, наставниците и учениците, ќе успеат да го пребродат и овој момент на работа предизвикан од пандемијата со Ковид 19. Да го сфатиме онлајн учењето како одличен извор за понатамошна надградба, стекнување нови знаења што ќе ни користат во создавање на нашата иднина.

Драги родители! Бидете трпеливи, помогнете ни во овој процес да поминеме посмирено, продуктивно и успешно бидејќи децата ни се пред сè. Нивното здравје, среќа и успех нека бидат наша водилка во текот на оваа учебна година. 


Ви посакувам многу здравје и успех!

                                                                  Наставничка Роза Китрозоска



Нема коментара:

Постави коментар