16. 3. 2020.

Епитет - стилско изразно средство

Епитетот е стилско изразно средство (збор) што стои до некој збор (најчесто до именка) и открива некоја важна особина на предметите, односно појавите или чувствата искажани со именката.
Епитетот е украсен додаток. Придавките, најчесто, се употребуваат како епитети.
ЛИМОНОТ Е ЗДРАВ
ЗА СЕКОЈ СТАР И МЛАД!

Лимон
Ако можеш, намини 
на свежи витамини:
од сончеви падини,
лимонови градини.
И здравје и понада 
во чаша лимонада.

                          КАСНИ - ПОРАСНИ- Петре М. Андреевски


Анализа на примерот:
1. Кои именки се употребени во горните стихови?
2. Кои зборови (подвлечените) стојат до нив?
3. Од кој вид зборови се зборовите што стојат до именките?
4. Која именка е подвлечена и по која именка стои?
5. Зошто служат тие?
Одговор на прашањата:
Во стиховите се употребени именките: витамини, падини, градини, здравје, понада, чаша, лимонада.
До именката витамини стои свежи, до падини стои сончеви, до градини стои лимонови. 
Подвлечените зборови се придавки.
Подвлечена е именката лимонада и ја објаснува именката чаша. 
Сите подвлечени зборови ја појаснуваат именката.
Придавката свежи појаснува дека витамините се важни бидејќи стоената храна не е корисна и нема витамини.
Придавката сончеви потврдува дека сонцето е важно за здравјето бидејќи на сончевите падини расте здрава храна.
Придавката лимонови ја конкретизира здравата храна полна со витамини.
Освен придавките во појаснувачка функција  може да се јават и именките, како во последниот стих: „во чаша лимонада.“
   пример: „Сила човек е тој“
                 „Изникна јавор дрво“
Истакнатите зборови стојат до именката и откриваат некоја особина, некое својство на предметите означени со именките. Тие објаснуваат поблиску и посилно. Во овој случај тие се употребени како стилско изразно средство епитет.

Епитетот најчесто стои пред именката( свежи витамини, сончеви падини), но може да стои и зад именката:
                                 „Во секој орев јатки златни,
                                    ко сестрички честопатни“ 
                                                   Касни - порасни- Петре М. Андреевски
 Во поезијата  се јавува и удвоен епитет:
                               „Како на вратот ѓердани 
                                ниски камења студени“ 
                                                 Денови- Кочо Рацин

Вежби за епитет

Ти ли беше пролет

Ненадејно дојде во нашиот двор.
Врз црешата бели ѕвезди фрли,
под стреата -ластовички хор 
и два штрка на стариот брест, 
а не чувме ни чекор, ни ѕвон,
не те сети ни будниот пес.
-В. Димитровски
1. Во дадените стихови пронајди четири епитети!

______________, _______________, ________________, ______________

2. Каков е цветот? Напиши неколку епитети!

----------------------, ------------------------, ----------------------, --------------------------

Забелешка: На стр. 105 и 106 од учебникот за шесто одделение по македонски јазик, имате две песни во кои може да најдете повеќе примери за епитет. 

Нема коментара:

Постави коментар