15. 7. 2013.

Од народната ризница - А

1. Ако е човек кус во алиштето, можеш да му го придадиш; ама ако е од умот - не можеш.
2. Ако е човек слаб на лице, ама нека е здрав на срце.
3. Ако ми бркнеш во очите, ќе ти бркнам и јас.
4. Ако не се истура, не може да се наполни.
5. Ако се боеше дедо од врапците, не ќе посееше просо.
6. Ако се сториш овца, секој ќе те стриже.
7. Ако ти е пријателот мед или шеќер, не јади го сиот.
8. Ако ти ја клаат алката во носот, ќе ми те водат како мечка.
9. Алваџија за бозаџија.
10. Арната реч царска порта отвора.
11. Арно е сè да знајш, ама не треба да се прајш!
12. Арно јади, ама арно и работи.
13. Арен ли си, за себе си; лош ли си, пак за себе си.
14. Арното секој го фали.
15. Ах за челад, оф за челад.
16. Арниот јунак дома не умира.

           

Нема коментара:

Постави коментар