17. 10. 2011.

Македонските учебникари


                               Македонските учебникари
Идејата за создавање македонски литературен јазик си има свој континуитет.Доказ за тоа е и појавата на македонската учебникарска дејност од 19 век.Иницијативата за пишување македонски учебници на македонски
(народен) јазик била оневозможувана од страна на грчката и бугарската страна кои го наметнувале своето влијание во Македонија.
Учебникарството претставува значаен фактор во развојот на македонската културна и национална посебност.
Учебникари
Партениј Зографски(Галичник,1818-Цариград,1876)
Еден од најистакнатите учебникари,фолклорист,филолог,прв македонски митрополит.
Роден како Павле Тризлоски,син на Доста и Василко.
Првото образование го добил во манастирот Св.Јован Бигорски,а потоа во Охрид бил ученик на Димитар Миладинов.Се образувал во многу градови
(Солун,Атина,Одеса,Киев,Москва,Цариград),а се замонашил во манастирот
Зографски(на Света Гора,1842г.)под името Партениј.
Неговиот животен пат е врзан за Бог и за сопствениот народ.
Партениј Зографски се залагал за создавање македонски литературен јазик врз основа на западномакедонските говори.
Познат е неговиот став:
,,Учи напред книга на свој јазик,после ако имаш време,учи и на други јазици.
Тој што учиткнига толко на туѓ јазик,а не на својот,тој е еднаков со оној што ја отфрлјат мајка си и на место неја земат друга“.
Автор е на многубројни дела врз кои се созддени темелите на граматиката на македонскиот јазик.
Ѓорѓи Пулевски(1817,Галичник- 1893,Софија)
Ѓорѓи Пулевски бил учебникар,писател,лексикограф,воен водач.
Тој е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.
Тој е роден во селото Галичник и од печалбар-ѕидар го продолжува својот живот низ разните ослободителни војни и востанија во целата втора половина на 19 век.Тој се бори за слобода на својот народ(истакнат комита) ,но и на другите балкански народи.
Учествува во Српско-турската војна,Руско-турската војна(добива орден од Русите).Учесник во познатото Кресненско востание каде се бори за слобода на
Македонскиот народ.
Ѓорѓија Пулевски  е учебникар,лексикограф,граматичар,етнограф,фолклорист,
историчар.
Дела:
1.Речник од четири јазика,Белград,1873год.
Тријазичникот
 2.Речник од три јазика(тријазичник),Белград,1875год.
3.Патриотско-политичка поема,,Самовила македонска,1879год.
4.Македонска песнарка(стихозбирка),1879 год.
Еве некои стихови напишани на чист македонски јазик:
,,Пособрал Стојан понабрал до
седумдесет дружина.Сви седумдесет
Јунаци,со седум бељи бајраци.Во стреде
Македонија“
5.Слогница речовска,1880 год.,прва публикувана граматика на македонскиот јазик.
Во неа внесол јазични црти од централното наречје со елементи од словенската писмена традиција,со интересна лексика,изразито македонизирана.
6.Славјанско-маќедонска општа историја,1892,Софија
7.Јазичница,Софија,прирачник за изучување на македонскиот јазик.
Во 1888год. во Софија ја формирал Словеномакедонската дружина,како дел од неговото дејствување среде македонската емиграција.

Нема коментара:

Постави коментар