23. 12. 2023.

Државен натпревар по македонски јазик, 16.12.2023 година

 💬 На Државниот натпревар по македонски јазик што се одржа на Филолошкиот факултет во Скопје, ученичката Јана Парталоска, VIII одд. го освои третото место со 89 поени.

👉 Таа се натпреваруваше во силна конкуренција, со ученици од цела Македонија на материјал од седмо одделение.

👏Честитки, Јана и нека те следат само успеси!




18. 11. 2023.

56. Детски Рацинови средби

 💬 На 56. Детски Рацинови средби, нашата ученичка Евгенија Пешиноска доби пофалница за песната   Да му го земеш јазикот на народот - тоа значи да му ја земеш душата – Кочо Рацин

👇Прочитајте ја песната!

          Топол мајчински збор

           како во мермерен камен издлабен

           ми ја грее душата.

           Од дамнина песна испеана од еден род.

           Mногу зборови и многу мајки

           е јазикот на мојот народ.

 

           Кога не би постоел и би станал туѓ

           јазикот на народот и родот мој,

           би исчезнала сета топлина

           околу моето  македонско срце

           штом го чујам мајчиниот збор.

     

            Тогаш како би ги довикувале нашите деца?

            На кој јазик би плачеле и би се радувале?

            На кој јазик нашите мајки

            би ги тешеле своите чеда и би тагувале?

 

            Ако збор немаш,

            душата станува студен камен.

            Ако јазик немаш,

            празнина во срцето зјае без пламен.

 

            Од памтивек сме плачеле на нашиот јазик.

            Од печалба нашите татковци

            сме ги пречекувале со топол збор,

            а солзите течеле по македонски

            зашто тоа е нашиот искон.

 

            Зборот наш ќе си го чуваме в срце

            и секогаш пролет ќе биде во нашата душа,

            штом мајчиниот јазик надалеку се слуша

            полесно  ќе минат вековите тешки,

            ко Рацинов ѓердан над нашите плешки.

 

           Тој ќе остане силен и стамен

            длабоко во душата врежан

            ќе искри постојано како најсилен пламен.

            Македонски – збор, ѕвонливо кажан !

 

Ученичка: Евгенија Пешиноска IX одд.

ООУ„Страшо Пинџур“, Вевчани





 

6. 3. 2023.

Во пресрет на 8 Март

💬 Секоја година го одбележуваме Денот на жената со пригодни честитки и убави стихови посветени на мајката, на жената.

👉Седмоодделенците беа многу креативни денеска, изработија честитки од остатоците на нивните боици. 

                                         
























 👉 Осмоодделенците пишуваа нежни стихови посветени на мајката

      

Тамара Ставреска

Песна за мајката
Мамо,
ти имаш око
темно и сјајно,
тоа око носи
љубов трајно

Твоите солзи
како езера чисти,
бисерни и сјајни
како мориња бистри

Твојата душа
полна со тага
моето срце
тебе те сака.

Нè штитиш нè браниш, 
на лице со насмевка мила,
ти нè поттикнуваш
да ги рашириме нашите крила.
- Тамара Ставреска