11. 10. 2022.

Гласови во македонскиот јазик - самогласно Р

  

Р

 💬 Оваа содржина е подготвена за часот по македонски јазик во седмо одделение. 

 💬 Подготвивме презентација, вежби, игри во училница и кратка интерактивна игра на worldwall.

    👉Наставничката преку техниката Бура на идеи поставува прашања во вид на кратка игра: збор што почнува на гласот со кој почнува името на секој ученик; зборови што почнуваат на ‘р’, а се на пример, градови, имиња или животни/ техника Вртелешка.

👉    Ученици  одговараат на прашања од фонетика:

1.     Што е фонетика.

2.     Во македонскиот јазик има 31 глас и 31 буква/фонетско правило.

3.     Што е глас, а што буква/како се формираат гласови.

4.     Како се вика македонската азбука/зошто?

5.     Како се поделени гласовите/самогласки-согласки

6.     Што се создава со комбинирање на самогласки и согласки/слог.

7.     Слоготворно р ВС неслоготворно р;

8.     Вежби на презентацијата/учениците во тетратка и на табла;

9. Имаме и вежби на наставен лист.

👉 Решаваме кратка игра на следниот линк > Испревртени гласови

👉 Домашната задача се наоѓа на нашата табла, на следниот линк

Вежба од фонетика


 


9. 10. 2022.

Филмски изразни средства - Говор во филмот

💬Филм — форма на култура позната како седмата уметност, претставува вид на комуникација која користи движечки  слики и звук со цел да се раскажат приказни или да се помогне на луѓето да научат за нови идеи.

💬Наставничката и учениците со задоволство ги обработуваат овие содржини.

👉На овој час се потсетувавме на некои познати поими и факти и зборувавме за говорот како едно од најважните изразни средства на филмот со кои се дополнува  изразноста на сликата.

👇Разгледајте ја нашата презентација за филмското изразно средство - говор.

 

 👇 Кратко потсетување на некои факти     

                              

         

 👇 Составете ја сложувалката и откријте го најпознатиот филмски лик во немиот   филм.     

               

5. 10. 2022.

СВЕТСКИ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ - 5 ОКТОМВРИ

 Денес е Светски ден на учителот.

Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија. Таа  подразбира огромна посветеност  кон младата личност. Учителот е  оној кој пренесува знаења, вештини и дава мотивација.

Честит празник, учители!

👉 Драмската секција (Теона Велковска, Алексеј Ѓурчески и Драган Костојчиноски) на достоинствен начин го одбележа овој ден.  Во името на сите ученици, Теона Плушкоска од IX б ја прочита својата лична творба посветена на сите учители.

👇Прочитајте ја личната творба на Теона Плушкоска


 

👇Прочитајте го драмскиот текст „Кај лагата - нозете се куси“-Киро Донев (приспособено од наставничката).




👇Погледнете неколку фотографии од одбележувањето.