29. 3. 2020.

Интервју

Според Дигиталниот речник на македонскиот јазик, зборот интервју се објаснува вака:

Ние ќе го разгледаме првото значење на зборот 'интервју'.
Интервјуто се води со некоја позната личност и целта е да се даде одговор на повеќе прашања.
Преку одговорот на прашањата се информира јавноста, читателите или слушателите, па на таков начин се формира определено мислење.
Три главни особини на интервјуто се: избор на темите, личностите и прашањата.
Јазикот треба да биде јасен, разбирлив како за помладата, така и за постарата читателска публика. 

Задача 1.  
Прочитај го интервјуто на стр. 125 и 126 од учебникот!
Размисли!

  • Со каква цел авторот го направил интервјуто?
  • На каков начин се поставени прашањата!

Задача 2. 
Напиши интервју со позната личност! (интервјуто е замислено)

Во прилог прочитајте го замисленото  интервју со фудбалерот Кристијано Роналдо на ученикот Виктор Ѓорески, VI одд.,  ОУ„Браќа Миладиновци“ во Струга, а негова наставничка по македонски јазик е Климентина Столевска.
Може овој пример да го искористите при пишувањето на вашето интервју.


Интервју со Кристијано Роналдо
1. Прашање:
Направивте фантастичен трансфер од Реал Мадрид во Јувентус. Како Ве пречекаа?
Одговор:
Во Јувентус бев прекрасно пречекан од сите. Тимот, управителот, навивачите беа извонредни. Јас и семејството сме многу среќни.
2. Прашање:
Пет пати ја освојувавте „Златната топка“. Што значат наградите за Вас?
Одговор:
Наградите не ми се најважни. Се борам да му помогнам на тимот на секој натпревар.
3. Прашање:
Кои се најважни моменти од Вашата кариера?
Одговор:
Освојувањето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид, доаѓањето во Јувентус и др.
4. Прашање:
Кој е Вашиот нов предизвик во кариерата?
Одговор:
Освојување на Лигата на шампиони со Јувентус би било навистина одлично.
5. Прашање:
Колкава е поддршката на Вашето семејство во кариерата?
Одговор:
Моето семејство е најголемата моја поддршка. Без нив не би успеал да бидема еден од најдобрите.
6. Прашање:
Ви благодарам на разговорот! Може ли неколку збора упатени кпн публиката?
Одговор:
Ветувам дека ќе дадам сè од себе, Јувентус да ја освои Лигата на шампионите.


25. 3. 2020.

Проста и сложена реченица



        Завртете го тркалото и пронајдете ги простите реченици!




Прости се следниве реченици:

1. Дедо пие кафе.
2. Ние ќе одиме на излет.
3. Свирам весела песна на гитарата.
4. Мама зборува со баба.
5. Одејќи кон дома, го сретнав Томе.
6. Купувајте од нашите продавници!
7. Солза оди на училиште.
8. Сонував страшен сон.
9. Филип гледа смешен филм.
10. Ти и јас ќе одиме на прошетка.

Забелешка: Проста реченица е онаа која има само еден прирок.

Сложени се следниве реченици.
1. Ако учиш, ќе научиш.
2. Роберт учи, а Боби игра на телефонот.
3. Кога заврна дожд, влегов внатре.
4. Хорот пее, а оркестарот свири. 

Забелешка: Сложената реченица има најмалку два прирока, а може и повеќе. 

ЗАДАЧА:
По дадениве слики состави сложени реченици. За секоја слика по две реченици.
Учителка и ученици
            
Балони
дете и овошје

👇Повелете уште една кратка  игра за сложена и проста реченица. Поврзи ги паровите!

Една моја авантура -лични прозни творби

На следниот линк ќе ги добиете инструкциите за работa  ЕДНА МОЈА АВАНТУРА


                                              
Кликнете на сликата и ќе  прочитате некои од личните творби на креативните ученици од деветто одделение