21. 10. 2015.

„Утрото над нас“- Кочо Рацин



                                      Кочо Рацин(1908-1943)

 Ја напишал стихозбирката „Бели мугри“.
 Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни) напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми.
                 
УТРОТО НАД НАС

  ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

           Активности на наставникот         Активности на учениците
Вовед:
-Поставува прашања(кратки-брзи) за рима и видови рима(паралелна и вкрстена).
Техника: Бура на идеи
Кочо Рацин-живот и дело, значење
На таблата како шема може да се забележат најважните работи.
-ги поттикнува да одговорат за ликот и делото на К.Рацин(социјални песни);-домашна работа на претходни часови
Учениците се подготвиле за    денешниот час,
одговараат на поставените прашања.
Кратко даваат свои информации за К. Рацин, за животот и делото
*Кога е роден и каде?
*Животен пат.
*Литературо дело
*Бели мугри-песните од збирката

Наставникот ја посочува песната,,Утрото над нас“ и дава дигресија за нејзиното настанување;

__________________________________

-бара од учениците да ја прочитаат во себе, а потоа искажуваат впечатоци;

-ги дели во групи(принцип на броење 1,2, 3...)
-На уч.компј. отворен е Роземак блогот со инструкциите за работа;
-ги надгледува групите и советува;
______________________________________
Во овој дел од часот се прави усна анализа на песната(групите презентираат): поетски слики,
мотив,строфи и стихови,
се пронаоѓаат стилските фигури и видот на римата(според местото на акцентот и местото во стиховите).

Дава објаснување за анализата на песната
Внимателно  го  следат објаснувањето на наставникот .

Часот тече динамично со брзо одговарање на
поставените прашања.
______________________________________
Учениците самостојно ја читаат и доживуваат
песната, слушајќи ги насоките од наставникот.
_____________________________________
Подготвуваат анализа на песната по насоки на наставникот-поделени во групи;
Илустрираат мал симбол-слика по песната.
______________________________________
Усно презентираат/избираат член

Да ги стават на лист и во своите портфолија.
Се дискутира по презентациите.
Учениците избираат група која најдобро сработила, а и самите групи на листот ги искажуваат своите впечатоци за работата.
Наставникот внимателно следи,помага, а потоа си запишува во листот за следење
Даваат свои коментари за часот,за начинот
на повторување.
Сублимира и дава домашна :да се подготват за лична творба на тема:Убава татковино Прашуваат околу домашната
ЦЕЛ: Да се примени знаење за рима при творење лирска творба


Предлог за планот:

1.Зошто Кочо Рацин го нарекуваат ,,поет на обесправените“,поет на „тутуноберачите“,поет на„копачите“?
2.Определи го мотивот во песната.(За чие утро пее поетот и кои се тие„над нас“ ?).
3.Што опишува поетот во првата слика?(првата и втората строфа)
4. Кои се тие „робја“ и зошто селата и градовите се„гробја“(третата строфа)
5.Чија е таа „мака пуста“?(четврта строфа)
6. Чија „снага крвави и нема радост никогаш“?
7.Каква „бура“ се подготвува ?(Кој ја предизвикува бурата?)
8. Видот на строфите, стиховите, римите и видот на песната.
9.Стилски фигури во песната



                   Утрото над нас 
Од далечнините модри се веат
на сонцето златните далги,
од далечнините модри се леат
на утринта росните влаги.
Под долги, меки ширини рамни
магла се танка крева
и по селата мали - заспали
шумоли скришно врева.
Шумоли - в срце тага налева
за црноземните робjа,
шумоли скришно за мртви поља
за села и градови - гробjа.
Ех, тија долги ширини рамни!
Ех, тaja мака пуста!
Мртви и темни сурови гламњи
скршена гранка маслинка!
По тиja пот се човечка дими
и снага крвава цвили,
по тијa радост никого нема
а сонце радосно има!
Но тиja росни утрини пресни
копнат во гради и тлеат.
Копнат и како бура пеат
и како огин палат.

11. 10. 2015.

Тема: Белези на авторската и народната поезија; Варијанти на старословенскиот јазик; Македонска варијанта; Македонски народни говори

Да се провериме!

I Белези на авторска и народна поезија
1.Дополни го одговорот!
Поезијата според создавачот е поделена на ___________и _____________ .      2/
2.Заокружи ја буквата пред точниот одговор!
Каква е следната  песна според создавачот?
                               Болен Дојчин
                     ...Двори мете лична Анѓелина,
                        двори мете,ситни солзи рони,
                        ја догледа брат и Болен Дојчин:
                        -Зошто,сестро,мила Анѓелино,
                        двори метеш,ситни солзи рониш?
а)народна песна                               б)уметничка песна                                           1/
3.Одговори на празната линија!
Кои се белезите на песната ,,Болен Дојчин“(според создавачот)?
 _____________________________ ,___________________________
 _____________________________, ___________________________                    4/
4.Со стрелки поврзи ги белезите со соодветната песна!

анонимен автор                                              
непроменлива содржина                                    народна песна
се создава писмено
колективна творба
променлива содржина
се создава усно                                                   уметничка песна
индивидуална творба
авторот е познат                                                                                                         8/
                                                                                                                    Вкупно:15/
II Варијанти на старословенскиот јазик; Македонска варијанта
1.Дополни!
Најстар литературен јазик на Словените е_______________________.               1/
2.Како се вика првата словенска азбука?Колку букви имала ?
___________________________________________________________                2/
3.На празнaтa линија напиши кој ја создал кирилицата?

          
____________________________________                                                               1/
 Одговори!Колку букви имала?
___________________________________________________________                 1/

3.Наброј  ги особеностите на македонската варијанта!
________________________, _______________________________,
_________________________________________________________ .                   3/

4.Во кои гласови преминал големиот  ер?
__________________________________________________________ .                 2/   
                                                                                                                      Вкупно:10/

III Македонски народни говори
1.Дополни!
Говорот со кој се служат луѓето од едно подрачје
се нарекува_______________________________.                                                1/
2.Кои се двете македонски наречја?
_____________________________,___________________________ .                2/
3.Поврзи со стрелка!Дијалект со наречје!

велешки                                   кумановски

 западно наречје
                                         источно наречје                                    струмички                           охридски                                                                   4/

4.Трансформирај гo текстот од дијалект на литературен јазик!

а)                            Гускарот и ламјата
     Си биле тројца брајча и си тргнале по к’смет,по работа.Одет ,одет,наождет на едно место една ламја к’ј што си го работет лојзето.Брајчата појдвет к’де неја и е опитвет али  е требет измечари,а таа им велит:
-Ми требет,ами како,ми требет,ево лојзево да се работат требит.
                                                                      -Народна приказна
____________________________________________________________
____________________________________________________________
____________________________________________________________
____________________________________________________________
____________________________________________________________
____________________________________________________________
                                                                                                                                    15/
б)За кое наречје станува збор во извадокот?
______________________________________________                                           1/
в)За кој дијалект станува збор во извадокот?
______________________________________________                                           1/
5.Заокружи кои дијалекти ја даваат основата на литературниот македонски јазик?
а)велешки, прилепски, битолски      б)скопски,тетовски                                        1/
                                                                                                                      Вкупно:25/
Скала на поени:
0-15-недоволен (1) ;16-25-доволен(2); 26-35-добар (3)
36-45-многу добар(4) ; 46-50-одличен (5)

                                                                                              Оценка:

29. 9. 2015.

Крале Марко во народното творештво

           
            Крале Марко е најголемиот јунак во народното творештво на Јужните Словени: за него, постојат голем број легенди и преданија, а тој е и најопеаниот јунак во народната епска поезија. Притоа, во народните песни, Крале Марко е опишан како јунак  со необични особини и со огромна, неверојатна сила, која ја стекнал уште од раѓањето. 

Марко купува сабја
Личба личат три млади телали;
личба личат низ виша Стамбола;
продаваат една остра сабја.
Скапа цена за сабја сакаат, 
ми сакаат девет стотин дукати
за телали уште деведесет.
Ми дочула Ѓурѓа самовила
и си зела сурега елена
си го зела за коња брзега
узенгии до две лути змии
жолта смока за камџија.
Негде-годе елен удираше,
три саати пред ветар бегаше,
тук да втаса во града Прилепа.
Да му каже Марку Кралевиќе.
Станал Марко на нозе јуначки
и си земал своја брза коња
и си земал жолтите дукати
си ја зеде Ѓурѓа самовила.
Дури ми се зора обзорила
ми дојдоа во града Стамбола,
ми купија таа остра сабја
што се дипли дванаесет дипли,
што се носи во бела пазува,
што ми сече дрво и камења.
И за ручек назад се вратиле,
вратиле се во града Прилепа.
Уште толку крчма ми испиле
пријатели, верни побратими.


Силата на Крале Марко
Шедба шетат Марко Прилепчанец,
шедба шетат замја по краина.
Ми пријавнал коња шаренаго;
дебелаго коња, кршигоро!

Ми наложил самура калпака,
на калпака до три огледала,
а под ними перја паунови;

Ми засукал мрка мустакина
-еден мустак до три руна црни;
ми намуртил очи соколови
и над ними вежди пијавици,
како црни крилја ластовички.
Ми опашал сабја дипленица,
што се диплит дванаесет пати,
што се носит коњу во гривата,
и ми сечит дрвја и камење.
А на седло богме ми приврзал,
што приврзал тешко боздугана,
што е тешка шестотини ока;
в рака држи оно бојно копје,
ко јасика тенко извишено;
се наметнал с гуња кабаница
ми црнеет како темен облак!
Си разиграл коња пеливана; 
се затресла кутра црна земја.