Страници

Јазик

Фонетика
  • Дел од науката за јазикот што ги проучува гласовите.
  • Глас е најмал и неделив дел од говорот.
  • Во македонскиот јазик има 31 глас.
  • Гласовите ги бележиме со  писмени знаци-букви.
  • Во македонскиот јазик има 31 буква.

Поделба на гласовите
Гласовите во македонскиот јазик според струењето на воздушната струја се поделени на
самогласки и согласки.
Самогласки се: а, е, и, о, у
Согласки се: б, в, г, д, ѓ, ж, з, ѕ, ј, к, л, љ, м, н, њ, п, р, с, т, ќ, ф, х, ц, ч, џ, ш.
Со комбинирање на самогласки и согласки се образуваат слогови. Носители на слогот се самогласките.
Пр. куќа/ку-ќа; вода/во-да; роденден/ро-ден-ден.
Гласот р може да биде носител на слог-самогласно р.
1. меѓу две согласки во зборот: прст, трча, грне;
2. во почетокот на збор:`рѓа, `рбет, `ржи;
3. пред слог што завршува на самогласка: за`рти, за`ржи.
Според звучноста согласките се делат на звучни, безвучни и сонанти.
Сонанти се:р, л, љ, м, н, њ, ј
Звучни се:    б, в, г, д, ѓ, ж, з, ѕ, џ
Безвучни се:п, ф, к, т, ќ, ш, с, ц, ч, х
Секој звучен глас си има свој безвучен пар освен гласот х.
Гласовни промени
При промена на формата на зборот имаме гласовни промени. Еден глас се заменува со друг.
За гласовните промени се грижи нашиот Правопис.
Едначење на согласките по звучност
Звучните и безвучните согласки се едначат по  звучност кога ќе се најдат една до друга, во непосреден допир. Едначењето се врши според втората согласка.
Пр.
  заб + че>забче>б>п=запче
Објаснување: 'б' е звучна,а 'ч' е безвучна согласка. Во непосреден допир, 'б' се едначи во својот безвучен пар 'п', под влијание на безвучиот глас 'ч'.
Други примери: врапче, рипче, сопче, ритче, жешко, блиско.
сват+ба>сватба>т>д=свадба
Објаснување: 'т' е безвучна, а 'б' е звучна согласка. Во непосреден допир, 'т' преминува во својот пар 'д', под влијание на звучниот глас 'б'.
Други примери: средба, гозба.
Исклучоци од едначењето по звучност:
втор, вчера, глувче, градски, ридски, судски, очевидци, крадци, бегство, петгодишен и др.
Обезвучување на звучните согласки на крајот од зборот
Звучните согласки на крајот од зборот се изговараат како безвучни.
Примери:
се пишува: даб, заб, снег, брег, крв, праз, еж, млад;
се изговара:дап, зап, снек, брек, крф, прас, еш, млат.
Забелешка: Да се пишуваат правилно зборовите кои завршуваат на  -ст, -шт, -жд, -зд.
           лист, пришт, дожд, грозд.
                          Вежби од фонетика
1.Дополни ја низата!
а,б,в,_,_,ѓ,_,ж,з,_,_,_,к,л,љ,м,_,_,о,_,р,_,_,ќ,_,ф,_,_,ч,_,_.

2. Во следните зборови заокружи ги самогласките.
 роза, сонце, облак, дете, уста, игла.

3. Прочитај ја песната и одговори на поставените барања!
                     Бреза крај потокот
          Бранчиња со жубор кроток 
          ведра песна везат,
          крај растрчан поток
          немее саката бреза.

          Пишти ветрот бесен,
          студена магла ползи, 
          брезата од студ се тресе
          и рони златни солзи.

          Низ болката нема
          дожд од лисје рони,
          потокот ги зема,
          в неврат ги носи.

          Брезата е тажна
          гранките ја болат,
          што сред есен влажна
          останала гола.
                  Софе  Штерјоски

а) Напиши зборови од еден слог!
_________________________________________________________________________________ 
б) Напиши зборови од два слога!
_________________________________________________________________________________ 
в) Напиши зборови од три и повеќе слога!
_________________________________________________________________________________ 

г) Во кој збор има самогласно р? Препиши го!
_________________________________________________________________________________ 
4Во кои од следните зборови р е самогласно? 

дрво, риба, прстен, храброст, прст, `ржи, радост, издржлив, реткост.

5. Која гласовна промена ја забележуваш во следниве зборови:
рипче, слатко, колипка, свадба

6. Поправи ги грешките!
-Денес  беф в грат.
-Мечката јаде мет.
-Нис  дворот протрча еш. 
-Отидоф в грат и купиф:орис,леп и прас.
-Заврна силен дош.


Одговорете ги прашањата! 👇

 
  Прочитајте и:



Вежби за именки

Глаголи 

Класификација на глаголите 

Прости глаголски форми 

Прости глаголски форми-заповеден начин 

Прости глаголски форми;Нелични глаголски форми 

Сложени глаголски форми 

Сложени глаголски форми;Предминато време 

Сложени глаголски форми;Идно време 

Сложени глаголски форми;Минато-идно време 

Сложени глаголски форми;Идно прекажано време 

Сложени глаголски форми;Можен начин; има/нема конструкција 

Придавки 

Броеви 

Заменки 

Извици