11. 5. 2020.

Независносложени реченици добиени со нижење на дел-речениците




Врската меѓу дел-речениците кај овие реченици е полабава: една содржина се надоврзува на друга, едно дејство се надоврзува на друго.

1.Исклучни независносложени реченци
Сврзувачки средства: само, само што, освен што, единствено, единстевно што
Примери:

  • Сите деца дојдоа на забвата, само Мартина не дојде.
  • Соседите живееја сложно, само што Михаил не се движеше меѓу нив.
  • Би сакала да ви кажам нешто, само не знам како. 
  • Подготвив сè за приредбата, единствено  го заборавив говорот дома.
Правопис: меѓу дел-речениците во составот на исклучните независносложени реченици се пишува запирка.

2. Заклучни независносложени реченици
Сврзувачки средства: модални зборови со кои се изведува заклучок (значи, веројатно, сигурно и сл).
Примери:

  • Ја слушам нејзината песна, значи среќна е.
  • Го решив тестот, сигурно ќе добијам добра оценка.
  • Коста потскокна, веројатно го исплаши  силниот звук од соседството.
Правопис: пред модалните зборови се пишува запирка.  
                                               
                                                      ВЕЖБИ
1. Прошири ги речениците со заклучна реченица.
  • Вредно работеше секојдневно______________________.
  • Бојан и Михаил отидоа на Голина _________________________.
  • Ја купи најновата книга ______________________________.
2. Состави по една исклучна независносложена реченица со сврзниците: само, освен што, единствено.

3. 

Во врска со оваа слика состави од секој вид независносложени реченици по една и запиши ја на соодветната празна линија:
  • составна _______________________________________ 
  • спротивна______________________________________ 
  • разделна_______________________________________ 
  • исклучна_______________________________________ 
  • заклучна_______________________________________

Нема коментара:

Постави коментар