14. 5. 2020.

Слеано пишување на сложените зборови

сложени зборови


Зборовите во современиот стандарден македонски јазик, според правописот се пишуваат секој посебно, разделени со белини.

  • Сложените зборови се составени од два или повеќе одделни збора при што добиваат ново значење.
  • Тие може да се пишуваат слеано, полуслеано или разделено во зависност од степенот на сраснување меѓу компонентите.
                                         Правописни правила




                                Вежби за слеано пишување на зборовите

1. Во извадокот има погрешно напишани зборови. Пронајди ги и поправи ги!
„... Јане беше главен во нашата играорна група. Тој беше оро  водец  и тоа 
прво  класен. Најдовме бес  платен простор во една пет  катница. Групата брои 
петнаесетина члена и упорно вежбаме веќе три години. Сега имаме три  часовни
вежби секое попладне зашто се подготвуваме за еден фолклорен фестивал кој ќе  одбележи дваесет  годишнина од своето постоење. Ќе имаме неколку  дневен престој...“
                                                                           Илија Јованчевски, ученик
2. Напиши три реченици во кои ќе употребиш сложени зборови кои се пишуваат слеано.


11. 5. 2020.

Биографија ー литературно-научен вид


  • Литературно-научни видови се оние што содржат испреплетени белези на научниот и уметничкиот стил. Иако имаат научни аргументи овие текстови содржат многу индивидуални и емоционално обоени делови. 
  • Во литературно-научни видови спаѓаат: есејот, статијата, расправата, студијата, полемиката, биографијата и автобиографијата.
  • Автобиографијата е литературно-научен вид творба во која авторот го раскажува својот живот, сопствените доживувања, а ги изнесува и условите во кои живее и работи. 
  • Научен вид е поради тоа што се темели на точни податоци, а уметнички е зашто авторот опишува сликовито, опширно и ги изнесува сопствените чувства.  

  • Биографија е литературно-научен вид кој обединува книжевно-историски и уметнички елементи. Се пишува врз основа на веродостојни документи за животот и работата на некоја истакната личност (писател, научник, спортист...).

  • Прочитај го следниов текст:






Примени го знаењето!
1. Истражувај за животот и делото на Константин Миладинов, а потоа изработи плакат или постер во програма по избор ( MS Publisher, Word, Paint и др.).
2. На следниот линк погледнете како тоа го направија вашите другари, осмоодделенци за автобиографија  ПОСТЕР


                                                          

Двојна природа на драмскиот текст

Драмата е еден од трите литературни рода.
  • Драмата се дели на драмски видови: трагедија, комедија, современа драма.
  • Во драмата ликовите и настаните се претставуваат преку дијалошка форма. 
  • Драмите може да бидат во проза, во стих или комбинирани во проза и стих.
  • Бидејќи драмата се изведува на сцена, таа е тесно поврзана со театарот.
Запомни!
Драмскиот текст има двојна природа. Тој се чита како литературна творба и тој е основа за театарска претстава.

  • Дијалог е разговор меѓу две или повеќе лица во драмата.
  • Монолог е разговор на ликот сам со себе.


  • Да го прочитаме извадокот од „Македонска крвава свадба“- Војдан Чернодрински



  • Да одговориме на следниве прашања:




ЗАПОМНИ!
  • Адаптација е прилагодување на уметничко или друго дело за потребите на филмското производство, а во конкретниов случај трагедијата „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински.

  • Успешна адаптација на литературно дело има ако при создавањето на филмот успеало да се сочува  богатството на мислите и идеите што се содржани во литературното дело.
  • Театарската, филмската и литературната уметност меѓу себе имаат сличности и разлики.
  • „Македонска крвава свадба“ од В. Чернодрински се изведува во театар, а Славко Јаневски го подготвил сценариото за филмот.

  • Гледај го филмот 





  • Погледни ја театарската адаптација на „Македонска крвава свадба“ од

        НУ Драмски театар, Скопје


               Сличности меѓу литературата, филмот и драмската уметност: