12. 5. 2026.

„Бегалка“ - Васил Иљоски

Бегалка – VIII одделение – ПРОСВЕТНО ДЕЛО

Васил Иљоски

 

💬„Бегалка“ (или „Ленче Кумановче“) — драма во пет чина од македонскиот драмски писател Васил Иљоски. Дејството се случува во првата деценија на 20 век во Куманово и ги претставува патријархалните и конзервативни односи во семејствата во тој период.

За првпат пиесата била изведена во 1928 година на сцената на Скопскиот театар, на кумановски говор, а потоа набргу била симната од репертоарот и забранета. Повторно, премиерно е прикажана на 15 декември 1936 година, овојпат под наслов „Ленче Кумановче“. До крајот на театарската сезона истата година, претставата била прикажана 12 пати и ја гледале 6.136 гледачи. 

                  

Кратка содржина на драмата
         Убавата Ленче го сака младиот занаетчија Бошко. Бошко е сиромашен, но вреден и паметен. Тој и Ленче се заљубени и ја планираат својата иднина. 
Аџи-Трајко, богатиот татко на Ленче, ја ветува на Досе, син на богат трговец. Аџи-Трајко се спротивставува на љубовта меѓу Ленче и Бошко и покрај молбите на ќерката, на неговата сопруга и мајката на Бошко.
Одлуката останува: Ленче и Досе ќе се свршат.
          Бошко е очаен, доаѓа кај Ленче и ѝ предлага да избега за него. Бегалка е навистина сериозна одлука за конзервативната средина. Ленче се двоуми, но љубовта победува и таа бега за саканиот. Во тоа време било голем срам девојката да избега за момчето, па горделивиот татко пука на денот на свадбата кон сватовите. За среќа, никој не е повреден.
        По многу негодувања, прочуениот чорбаџија, за да ја спаси честа на семејството, на ден Прочка, кога во рацете ќе го земе своето внуче, ќе ѝ прости на ќерка му.
       Аџи-Трајко ја прифаќа љубовта на Ленче и Бошко.

ЛИКОВИ: 
Аџи-Трајко, богаташ и лихвар
Велика, негова жена
Ленче, нивна ќерка
Донка, нивна слугинка
Мирса, Трајкова сестра
Бошко, млад занаетчија
Евра, негова мајка
Стојко, богат трговец
Досе, негов син и други.

                                           

Васил Иљоски (Крушево, 20 декември 1902  - Скопје, 1 ноември 1995 ) — македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и истакнат педагошки работник. Иљоски бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија.

👉Истражувај за Васил Иљоски ЛИНК 

 

👉Прочитај ја целата драма ЛИНК!

👉Гледај ја драмата на следниов ЛИНК!


💬 „Бегалка“ (позната и како „Ленче Кумановче“) од Васил Иљоски е битово-социјална драма во која ликовите се поделени врз основа на нивниот социјален статус, моралните вредности и ставот кон патријархалните норми. 

Централни фигури се младата и пркосна Ленче и младиот занаетчија Бошко, кои се борат за својата љубов спротивставени на конзервативните сфаќања во Куманово од почетокот на 20. век.

Основни карактеристики на главните ликови: 
  •  Ленче: Главната хероина, ќерка на богатиот Аџи-Трајко е млада, убава, богата девојка, од угледно семејство која се вљубила восиромашно момче- Бошко. Таа е
    патријахално воспитана и за неа зборот нататкото е закон. Но, сепак, во име на
    љубовта, решително ќе се спротивстави и ќе ги жртвува родителите за сопствената
    среќа и иднина. Таа е млада, бунтовна, свесна за општествените неправди и храбро се спротивставува на традицијата и принудниот брак за пари. Таа ја симболизира слободната волја и искрената љубов.
    Ленче е централниот лик преку кој Васил Иљоски го прикажува кршењето на строгите патријархални стеги.
  • Храбра и одлучна: Таа одбива да биде предмет на пазарење меѓу богатите семејства.
  • Емотивно зрела: Нејзината љубов кон Бошко е искрена, длабока и поважна од социјалниот статус.
  • Бунтовничка: Со чинот на „бегањето“ (заминувањето кај Бошко без дозвола), таа свесно го крши традиционалниот код.
  • Достоинствена: Подготвена е да ја поднесе осудата на чаршијата за да си ја зачува сопствената среќа.

  • Бошко: Млад, сиромашен занаетчија. Тој е вреден, чесен и горд човек, кој и покрај својата сиромаштија, не сака да се понижува пред богатите. Ја претставува новата, напредна генерација во тоа време.Бошко е гласник на новото време и чесноста.
    Бошко го претставува работничкиот, занаетчиски слој кој се бори за своето место под сонцето преку сопствен труд.
    • Вреден и горд: Како кујунџија, тој живее од своите раце и одбива да се понижува пред богатите.
    • Праведен и морален: Неговите намери кон Ленче се чесни и тој сака да изгради семејство засновано на љубов, а не на интерес.
    • Социјален антипод: Тој е директна спротивност на Досе (богатиот и разгален додворувач на Ленче).
    • Храбар партнер: Иако е свесен за гневот на Аџи Трајко, тој цврсто стои зад Ленче и ја прифаќа во својот дом.
  • Аџи-Трајко: Таткото на Ленче. Претставник на богатата чаршија, кој гледа на луѓето низ призмата на парите и материјалниот статус. Тој е конзервативен и сака да ја омажи ќерката за богат човек само за да го зачува угледот на семејството. Аџи Трајко е чувар на патријархалниот поредок и парите.
    Аџи Трајко е главниот антагонист во драмата, претставник на конзервативната кумановска чаршија.
    • Материјалист: За него парите, имотот и општествениот углед се врвните вредности во животот.
    • Авторитарен татко: Смета дека децата се сопственост на родителите и дека тој има апсолутно право да ја одреди судбината на Ленче.
    • Горд и суров: Бегството на Ленче го доживува како личен срам пред чаршијата, поради што првично ја проколнува и се откажува од неа.
    • Роб на туѓото мислење: Неговите постапки не се водени од грижа за среќата на ќерката, туку од страв „што ќе кажат луѓето“.
     
  • Велика: Мајката на Ленче. Традиционална жена, послушна кон својот сопруг, која слепо ги следи патријархалните правила наметнати од општеството.
  • Досе: Син на богат трговец, избран од родителите на Ленче за нејзин сопруг. Тој е разгален, арогантен и сигурен дека со пари може сè да се купи, но на крајот останува посрамотен.                                     
  • 👇Направивме и постери за Васил Иљоски👇
     

    Деспина Арнаудоска

    Софија Калачоска


    Нема коментара:

    Постави коментар