![]() |
| Драма |
Поделба на литературата по родови ЛИНК
Еден од трите литературни рода е драма.
Како литературен род, драмата понатаму се дели на драмски видови Драмата е претставувачка уметност. Претставувањето на ликовите и настаните е преку дијалошка форма. Драмите можат да бидат во проза, во стих и комбинирани во проза и стих.
|
|---|
Ликовите се носители на ДЕЈСТВОТО.
Дијалог – разговор помеѓу два или повеќе лика.
Монолог – ликот зборува сам со себе, не очекува одговор.
|
Елемент на драмата |
Објаснување |
|
Наслов, автор |
Името на драмското дело и името на авторот. |
|
Лица во драмата (ликови) / афиша |
Список на сите ликови кои учествуваат во драмското дејство. |
|
Пролог |
Воведниот дел во кој се кажува времето и местото каде што се одвива дејството. |
|
Чин |
Дел или целина од драмското дело (акт) што претставува тематска и драматуршка целина. Пример: драма во четири чина. |
|
Слика |
Дел од чинот; краток временски дел во кој се заокружува едно дејство на ликовите и се менува местото или ситуацијата. |
|
Појава |
Заокружена целина, дел од сликата, која завршува со влегување на нови ликови во драмското дејство. |
|
Дидаскалии (ремарки, забелешки) |
Упатства што авторот ги дава во загради за читателите, актерите и режисерот. Содржат податоци за времето, сцената, местото, костумите, движењето и сл. |
|
Епилог
|
Завршен дел на драмата во кој се кажува што се случува на крајот од дејството. |
