Приказивање постова са ознаком конкурс. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком конкурс. Прикажи све постове

6. 3. 2026.

Меѓународен литературен фестивал

 На Меѓународниот литературен фестивал за деца и млади „Млади творци“ организиран од Милица Паулус,  ученици  од ООУ „Живко Чинго“, Велгошти беа наградени за нивниот поетски талент.

Се радуваме на успехот!

Дипломи за освоените награди добија следниве ученици. 

 






 

12. 2. 2026.

Патронат 2026 година - награден конкурс

Леонид Јоноски IX a

 

ООУ „Живко Чинго“, Велгошти, Охрид по повод патрониот празник објавува

НАГРАДЕН КОНКУРС

Слободна тема

На наградниот конкурс може да учествуваат  учениците од  1. до 9. одделение од ООУ „Живко Чинго“, Велгошти и тоа во три категории.

1.    категорија

Учениците од 3. до 5 одделение учествуваат на литературен конкурс.

Темата е слободна.

Творбите треба да бидат во поезија, напишани рачно или на компјутер.

Творбите треба да се достават до одделенските наставници, најдоцна до 10. март.

2.    категорија

Учениците од 6. до 9. одделение учествуваат на литературен конкурс.

Темата е слободна.

 Творбите треба да бидат во поезија, напишани рачно или на компјутер.

Литературните творби треба да се достават до наставничките по Македонски јазик, најдоцна до 10. март.

3.    категорија

Учениците од 1. до 9. одделение учествуваат на ликовен конкурс.

Темата е слободна.

Ликовните творби треба да се достават до одделенските наставници и предметниот наставник по Ликовно образование, најдоцна до 10. март.

 

 

Велгошти                                                                                            Директор

12.2.2026 година                                                                Љубица Ангелоска Кркачоска

 

4. 6. 2025.

Млади талентирани творци - Јана Билбилоска

 💬 Јана Билбилоска е ученичка во VIII а одделение, во ООУ „Живко Чинго“, Велгошти.

Јана е талентирана, креативна, вредна и исполнителна ученичка. Таа има чисто срце и отворен ум со кои го освојува светот. Со нејзините литаратурни творби учествува на голем број литературни конкурси и добива награди. На училишниот литаратурен конкурс го освои првото место пишувајќи за ликот и делото на нашиот патрон, Живко Чинго.

💬 На 2. Детски Прличеви беседи го освои првото место за најдобра поетска творба (категорија основно образование). На 4.6.2025 г. со возвишеност ги читаше стиховите посветени на нашиот еминентен преродбеник, Григор Прличев. На настанот во организација на ОО на манифестацијата во соработка со Општина Охрид,  во спомен-куќата на Григор Прличев, присуствуваа наградените ученици, нивните ментори и родители и се насладуваа од ѕвонливите зборови посветени на великанот. 

👇Погледнете неколку фотографии и прочитајте ја првонаградената песна.

Јана 
 
 
  
 















Охрид и Македонија за Прличев

 се и љубов и судба и гордост и тага и лулка и гроб

 

О, Прличев, тивок великану,

ти што зборуваше кога молчеше светот.

Од родниот Охрид направи вечност,

од маката – песна, од зборот – завет.

 

Ти, кој со перо го бранеше родот,

не со меч, туку со срцето полно.

Го запиша гласот на еден народ,

како оган што гори – но благо и силно.

 

Григоре, дали слушаш сега

како езерото ги носи стиховите твои?

Сè уште зборуваат, сè уште пеат,

тука си  – жив меѓу нас, постоиш.

 

Охрид те чуваше како дете свое,

ти беше лулка – и почеток, и свет.

А кога светот ти ја затвори вратата,

Охрид ти стана гроб – но не и крајниот лет.

 

Македонија ја носеше во болка и во слава,

вечна твоја љубов, исконска судбина.

Со гордост ја љубеше, и кога раната крвави,

ја гушкаше како што само поет знае тивко – без вина.

 

Сега ти зборувам, Григоре наш,

од тивките денови, од времето ново.

Ти си нашиот глас, ти си нашиот плач,

ти си вечен – во секое срце, во секое слово.

 

-        Јана Билбилоска   VIII a одд.

ООУ „Живко Чинго“, Велгошти

💬За успехот на Јана пишуваше и првиот печатен дневен весник, Нова Македонија, во  статијата со наслов Првонаградена на вторите „Детски Прличеви беседи“.

Благодариме КОЛИБРИ!👈