Приказивање постова са ознаком Прости глаголски форми.сегашно време. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком Прости глаголски форми.сегашно време. Прикажи све постове

12. 12. 2024.

Прости глаголски форми

 

Сегашно време, минато определено несвршено време, минато определено свршено време (временски), заповеден начин(начинска), глаголска л-форма, глаголска придавка, глаголска именка и глаголски прилог (нелични).
Сегашно време
Сегашно време се образува кога се додаваат наставки на основниот вокал на глаголот.
Наставки за сегашно време се:

еднина      множина
1л. -м         1л. -ме
2л. -ш         2л. -те
3л.  /           3л. -ат


а-група
чита
еднина             множина
1л. читам          1л. читаме
2л. читаш          2л. читате
3л. чита             3л. читаат


и-група
оди
еднина           множина
1л.одам         1л.одиме
2л.одиш        2л.одите
3л.оди           3л.одат


е-група
плете
 еднина          множина
1л. плетам       1л.  плетеме
2л. плетеш       2л. плетете
3л. плете          3л. плетат


Значење: Сегашното време означува дејство што се случува во моментот на зборувањето-сега (играм, гледам). Се образува од несвршени глаголи. Може да се образува и од свршени глаголи, но тие се употребуваат со некои сврзници и честички и не означуваат вистинска сегашност. (ако, да, дури да/не, додека да/не, ќе): Ако најдам школка...
Со сегашното време може да се означува и минатост, идност, општовременост,
повторливост, готовност, истовременост со друго дејство.

Минато определено несвршено време
Минатото определено несвршено време искажува дејство кое се вршело во минатото во присуство на лицето кое зборува  и е во траење. Се образува од несвршени глаголи. Минатото определено несвршено време се образува кога наставките се додаваат на основниот вокал.
Наставки се:
еднина           множина
1л. -в               1л. -вме
2л. -ше            2л. -вте
3л. -ше            3л. -а

а-група
чита
еднина            множина
1л. читав        1л.  читавме
2л. читаше      2л. читавте
3л. читаше      3л. читаа

и-група
оди
еднина             множина
1л. одев            1л. одевме
2л. одеше          2л. одевте
3л. одеше          3л. одеа
Забелешка: Основниот вокал и преминал во е.
е-група
плете
еднина            множина
1л. плетев             1л. плетевме
2л. плетеше           2л. плетевте
3л. плетеше           3л. плетеа   

Наставката -ја се јавува во трето лице множина  кај глаголите од е и и-група на кои општиот глаголски дел им завршува на самогласка (мие - миеја, пее - пееја).

Минато определено свршено време
Минатото определено  свршено време искажува дејство кое се вршело во минатото во присуство на лицето кое зборува  и дејството е заокружено. Се образува од свршени глаголи. Минатото определено свршено време се образува кога наставките се додаваат на основниот вокал.
Наставки се:
еднина       множина
1л. -в           1л. -вме
2л.  /             2л. -вте
3л.  /             3л. -а/-ја

а-група
прочита
еднина                множина
1л. прочитав          1л. прочитавме
2л. прочита            2л. прочитавте
3л. прочита            3л. прочитаа

и-група
оздрави
еднина                     множина
1л. оздравев            1л. оздравевме
2л. оздраве              2л. оздравевте
3л. оздраве              3л. оздравеа

е-група
дојде
еднина                     множина
1л. дојдов                1л. дојдовме
2л. дојде                  2л. дојдовте
3л. дојде                  3л. дојдоа

Забелешка: Дадени се примери по избор, а не од сите групи и сите раздели.