10. 2. 2026.

Именски зборови - вежба

 


        Во еден тивок град, сместен покрај прекрасно езеро, живееше вреден ученик по име Марко. Тој беше во седмо одделение и имаше тројца блиски другари со кои секојдневно се дружеше. Неговата мајка секогаш му помагаше со учењето, а неговиот татко го охрабруваше да чита повеќе книги.

        Секое утро, Марко одеше во големото училиште со својата тешка училишна торба. На првиот час, некои ученици внимателно го слушаа наставникот, бидејќи тој објаснуваше важни правила. Во училницата имаше десетина клупи, пет постери и еден стар часовник што тивко отчукуваше.

        По училишните часови, Марко и тројцата другари често поминуваа време во блискиот парк. Таму, овие деца, седеа на дрвената клупа и разговараа за нивните соништа и планови. Секој од нив веруваше дека со труд и знаење може да постигне многу во идниот живот.

 

Задача: Пронајди ги именските зборови во текстот и определи ги нивните граматички категории. 

Нема коментара:

Постави коментар