12. 3. 2020.

Расказ наспроти роман

                                                               

Литературата  се дели на три рода: лирика, епика, драма

 Главна особина на епиката е раскажувањето (нарација).
 Зборот нарација е од латинско потекло и значи раскажување. Наратор е раскажувач.
Раскажувачот може да раскажува во прво и трето лице.
Раскажувачот во прво лице раскажува за  настаните како нему да му се случиле.
Раскажувачот во трето лице, сезнаечкиот раскажувач, има увид во настаните кои им се случуваат на ликовите.
Авторот на творбата не смее да се изедначи со раскажувачот. Тој ја создава творбата, но и раскажувачот во неа. Раскажувач може да биде: човек, животно, предмет, растение и сл.
 Расказот е епско дело. Тој  е куса раскажувачка творба чија фабула се темели на еден или два настана, во чие дејство учествуваат еден до два лика (најмногу три). Расказот опфаќа кус временски период, а опишува некој значаен момент од животот на ликовите. Значајна карактеристика на расказот е дејството на настанот да се развива брзо.
Според содржината се изделуваат следниве видови раскази: историски, општествен, семеен, психолошки, авантуристички, криминалистички, љубовен, реалистичен, научно-фантастичен.

Извадок од расказот „Изложба“- Блаже Конески
„Колку што повеќе го затвораат кругот, чекорите како сами да им се запираат. Можеби е подобро да си излезат веднаш и да останат со надежта дека двата цртежа се поставени на она парче од ѕидот што не знам зошто не го погледаа. Но, кругот се затвора и мајката само поцврсто го стегнува своето девојче.“

Романот е голема епска  творба која опфаќа широк временски период од судбината на своите јунаци. Романот опфаќа голем број појави и односи во него и најчесто доаѓа до испреплетување на животните патеки на ликовите. Романот содржи главна тема - предмет или проблем за кој се зборува, како и споредни теми кои се обично поврзани со главната тема. Во романот се изделуваат главни ликови околу кои е сконцентрирано дејството. Споредните ликови  и настани  се во служба на главните настани и ликови.
Според содржината се изделуваат следниве видови романи: историски, општествен, семеен, психолошки, авантуристички, криминалистички, љубовен, научно-фантастичен.

 Извадок од романот „Споменка“- Горјан Петревски:
„Застанав над реката. Китката што ја држев полека се ослободи од прстите и падна во реката. Водата ги понесе трендафилите во спротивна насока од патот по кој замина Споменка. Со тоа згасна и последната верба дека ќе стигнат до девојчето што толку многу го сакав. Пак почувствував влажност во очите. Пак солзите потекоа...
       Пред мене ветрето го дувкаше парчето случајна новинска хартија. Токму на таа пожолтена хартија, по некаква игра на случајот, прочитав: ПРВАТА ЉУБОВ Е СЛИЧНА НА ПРВИОТ СНЕГ: РЕТКО НЕКОГАШ ОСТАНУВА.“

Нема коментара:

Постави коментар