💬 Малку задоцнето, но не заборавено. По часот од Медиумска култура: Говор во филмот, учениците истражуваа за Милтон и Јанаки Манаки и за Браќата Лимиер. Некои ученици пишуваа во своите тетратки, а некои изработија презентации. Подолу може да видите дел од презентациите прикажани како видеа. Браво, ученици!
16. 11. 2022.
27. 10. 2022.
Кочо Рацин - поет на болката и љубовта
- „Болка боли – болка гори
- болка пече, душа мори.
- А болката кога свети –
- тешко, тешко, тешко клети!“
- - Елегии за тебе
- 💬 По повод 55. Детски Рацинови средби, подготвивме мултимедијален проект посветен на Кочо Рацин - поет на болката и љубовта.
- Нашата е-книга е изработена во Book Creator и содржи слики, текст, видеа, линкувани содржини, сложувалка, квиз, кодирана анимација. Се обидовме да бидеме концизни и јасни, а сепак креативни. Сè што не можевме да поставиме во книгата, ќе го напишеме овде, на нашиот Роземак.
-
- Слики од нашата работа👇

Нашата литературна дружина го носи името на Кочо Рацин
- 💬„Бели мугри“-Кочо Рацин
-
-
-

споменикот на Стог 
Марка со ликот на Кочо Рацин - За нашата е-книга може да кликнете и подолу👇
Пред вас е уште еден предизвик👇
Претходната учебна година изработувавме постер за ликот и делото на Кочо Рацин.
Потсетете се! 👉 ПОСТЕР ЗА КОЧО РАЦИН
👉Наградите си ги зедовме, а зад нас останува уште еден прекрасен спомен за чествувањето на големиот Рацин. Ние сме Рацинови следбеници! Слава му!
15. 10. 2022.
Анимирај го името - Кодираме во Scratch
💬Од 17 до 18 октомври, Роземаковци ќе се приклучат со свој настан на Europe Code Week.
💬Ученици од седмо до деветто одделение ќе кодираат во Scratch преку активноста Анимирај го името.
👇На следниот линк има корисни видеа кои ќе ни помогнат успешно да одговориме на новиот предизвик и во нашите портфолија да ставиме уште еден сертификат за кодирање.
👉Кликнете на Анимирај го името
💬Современото образование бара нови пристапи кон наставата, а ние на часовите по Македонски јазик изучуваме содржини од различни подрачја и ќе се обидеме да примениме кодирање. Преку анимација, совладуваме содржини од фонетика/гласови, согласки, самогласки, поделба...
👉Погледнете еден пример - нашиот проект РОЗА
👇Кодот за нашиот настан
cw22-qMv3V
💬Поминаа двата дена од нашата активност Анимирај го името!
👉Ја претставивме Europe Code Week , ја откривме нашата активност на мапата и започнавме со работа. Навистина беше интересно! Кодирањето ни оди од рака. Денес кодираа Лина, Бојан, Јана, Гопе, Тео и Мартин, а утре им оставивме терен на другите. Некои ученици изразија желба да кодираат од дома, па ги чекаме нивните анимирани имиња.
👇Фотографиите што следат ќе ви ја претстават, на момент, атмосферата од денешниот ден.
Бранкица Кукоска
Фросина Кожеска
Завршените проекти се на дадените линкови
ВЕВЧАНИ-ТЕО И МАРТИН
ТЕОФАН СТАВРЕСКИ
МАРТИН ЧОЧОРОСКИ (КЛИКНЕТЕ НА SPACE)
💬 Ги собравме плодовите на нашиот труд. Сертификатите се во наши раце. Им благодарам на сите ученици од седмо и осмо одделение, а посебно на учениците кои со лични проекти учествуваа на овој настан.
👇Погледнете! Нека трепка! 👇


























































