💬Гатанка — краток жанр на усното народно творештво. Тоа е двочлен израз составен од прашање и одговор.
Заби нема ама каса. (зима)
Бел пес пред куќа лежи. (снег)
Напред оди, назад не се враќа. (време)
Половина погача над куќа. (Месечина)
Сè во куќа изгоре, а куќата остана (луле)Гола е, а цел свет го облекува (игла)
- Коски нема, коски крши (јазик)
- Мало грненце, слатко варивце (костен)
- Кожата црна, срцето бело (костен)
- Иво се вози на девет нози, сам бог се чуди како се вози (пајак)
- Воздухот го создава, живее без тело, слуша без уши, зборува без уста (ехо)
- Со едно огниште цел свет се грее (сонце)
- Околу куќа оди, во неа влегува, а ништо не фаќа (сонце)
- Има четири нозе и плеќи, а не може да оди (стол)
- Црвен дедо заклучен седи (вино)
- Во едно буре две сорти вино (јајце)
- Бел чаршав цела земја покрил (снег)
- Баба зева, дедо виси (бунар и кофа)
- Прво ќе го дадеш, а потоа ќе го држиш (збор)
- Син вир дно нема (огледало)
- Ако ме употребиш ќе бидеш ти, ако ме изгребеш тогаш ќе бидеш никој (огледало)
- Тебе ти припаѓа, а други ти го користат (име)
- Црн арап на врата виси (клуч)
- Секогаш доаѓа, но никогаш не останува (утре)
- Долг Тодор без коски (чад)
- Немам ниту рамена, ниту грб, а носам голем товар (мост)
- Бесна кучка в гора лае (секира)
- Од куќа до куќа оди, а внатре не влегува (улица)
- Црно јаже по земја се влече (мравки)
- Тело и зборови има, а уста и глава нема (книга)
- Ум дава, а не зборува (книга)
- Сама ум нема, а на друг му дава (книга)
- Секој плаче за него, а никој не оди со него (мртовец)
- Тој што го купува не го употребува, а тој што го употребува не го гледа (мртовечки сандак)
- Цел живот е врзана, а кога ќе ја пуштат, ја носат на колење (лубеница)
- Шарена, шарена, со рака не се фаќа (змија)
- На една нога седи, а срцето и е во главата (зелка)
- Сама баба куќа носи (желка)
- Сив сокол под земја лета (плуг)
- Црно тури, а црвено извади (железо)
- Колку што ги правиш, толку зад себе ги оставаш (траги)
- Бела погача на ќерамиди виси (месечина)
- Таа беше тука уште кога постана светот, а цела се појави пред еден месец (месечина)
- Кожата му е црна, срцето му е бело (костен)
- Околу дрво оди, а во него не влегува (кора)
- Главата в гора, опашката в море (река)
- Никнува во гора, пат сама прави, штом море ќе сретне, во него се дави (река)
- Дење и ноќе патува без да застане (река)
- Врви пред сонцето, а не прави сенка (ветер)
- Црна мечка по планина бега (магла)
- Стар дедо на ќерамиди лежи, не се помрднува (оџак)
- Гола сум, а цел свет го облекувам (игла)
- Каде и е главата нема око, каде и е окото нема глава (игла)
- Две сестри сè гледаат, а самите себе не можат да се видат (очи)
- Еве ја, ене ја, ја нема (искра)
- Ако го храниш ќе живее, ако му дадеш вода ќе умре (оган)
- Една плоча го покрива целиот свет (небо)
- Старци со бели бради не можат да се стигнат (бранови)
- Цел ден те стега, а кога спиеш те ослободува (ремен)
- Студена змија на гуша виси (ѓердан)
- Низ него одиш, а не го гледаш (воздух)
- Крени ја – плаче, легни ја – молчи (гајда)
- Рикна вол во темен дол, чуја лисиците напрчија опашките (тапан)
- На свадба го канат, таму ќотек јаде, гласот му се слуша кој знае до каде (тапан)
- По планини и полиња оди, а никогаш не мрда (пат)
- Мера нема и број нема (пат)
- Градови и села има, куќи нема, планини има, дрва нема, реки и езера има, вода нема (мапа)
- Полна пештера со клинци (уста)
- Сив сокол свисна, земјата се стисна (мраз)
- Брат и сестра се бркат и не можат да се стасат (ден и ноќ)
- Живо свиено со игли набиено (еж)
- Целиот дрвен во главата црвен (кибрит)
- Двајца браќа близанци, очи имаат а не гледаат, јазик имаат а не зборуваат и двајцата заедно умираат (чевли)
- Повисоко од човек, а пониско од петел (капа)
- Како да ја фрлиш на нозе паѓа (мачка)
- Ти ја празниш, а таа е сè поголема (дупка)
- На сонце излегува, а на облачно се крие (сенка)
- Што е најбрзо на светов (ум)
- За еден е многу, за двајца доволно, а никако за тројца (тајна)





Нема коментара:
Постави коментар